што после смртта?

Смртта е стварна

Нема избегнување од стварноста на умирањето. Кога Ќе дојде ненадејно, неочекувано како исход на некоја несреЌа или инфаркт, сме потресени. Слично кога некој с# уШте 'млад за умирање" умре од рак или откажување на бубрези. Тие настани се толку чести Што сите ги доживуваме. Совладани сме од чувството на сопствената беспомоШност, не можеме да го вратиме слученото. Сите човечки расположивости се немоЌни да го вратат во живот мртвиот. Нажалениот роднина не се утеШува лесно.

Како реагираат луЃето на фактот смрт? Младите ниту го размислуваат искрено праШањето. Кога некогаШ и Ќе им се случи неШто - настрадан пријател во сообраЌајна несреЌа - тоа е за нив 'Штета". И несреЌата е набрзо заборавена. Средновечните не сакаат да размислуваат за смртта. Им се чини с# уШте далечна да претставува некаква опасност: 'Ќе му ја мислат кога Ќе дојде". Повозрасните се свесни дека тоа е една стварност која нема да можат да ја одбегнат. Нивните пријатели и роднини заминуваат од сцената. ВлоШениот вид и слух, зачестените физички болести ги потсетуваат дека човечкиот оквир конечно заминува.


Опстанок?

Многу луЃе се теШат со замислата за опстанок. Таен внатреШен живот наречен 'дуШа" за која се мисли дека излегува од телото и дека оди 'на небо", каде личноста продолжува да живее -рајски. Ова гледиШте не е толку сигурно или распространето како некогаШ; сега е повеЌе побожна надеж отколку цврсто убедување. И е многу бледо, како Што покажува и молитвата изговарана секој Божик во познатото славопеење на кралската академија во Кембриџ. Водителот моли за собирот да се присоедини со оние 'кои се радуваат со нас, но на друго крајбрежие и во пославно светло" -се мисли на оние кои умреле. Кога би праШале, Кое е тоа 'пославно светло"? Каде е 'друго(то) крајбрежие"? не би добиле некој одреден одговор. Надежта е бледа.

ГледиШтето кое се држеШе, како нужна противтежа, дека 'дуШите" на злите одат во 'пеколот" за да трпат страдање, сега е воглавно напуШтено, освен за католичката црква која го држи верувањето за пеколот, чистилиШтето, лимбото и рајот. Треба да се каже дека има одреден недостиг на логика во народниот став тука. ЗаШто ако праведните 'дуШи" одат на небо, каде одат злите 'дуШи"?

С# повеке луЃе денес се искрено песимистични. Тие го прифаЌаат фактот дека смртта е крајот на животот. 'Набрзо Ќе скинам конци" како Што би рекол некој познаник. ГледиШтето има несреЌни последици, заШто лицето кое го држи е цврсто убеден оти неговиот живот е с# Што има; и до него е да прави Што сака; па би можел да 'јаде, пие и се весели", заШто утре би умрел. Ваквото гледиШте за животот има сериозен учинок врз начинот на живеење, кое може да стане себично и себеугодувачко, со несреЌни последици за опШтеството денес.



Пораки од мртвите?

Неизбежниот факт е дека од најраната историја на милиони луЃе живееле, умирале, и биле положувани во гроб. Ако во суШтина тие преживеале во некој нов облик, не би ли очекувал да слуШнеШ некој збор на утеха за ожалостените, некаква вест за нивната состојба, или некакво предупредување за живите? Но ние ниШто не дознаваме од нив. Ниту еден збор. Зарем тоа не е чудно? И всуШност, каде се сите тие милиони луЃе?

Има луЃе наречени спиритуалисти, кои веруваат во опстанувањето и тврдат дека добиваат пораки од мртвите. Но поблиското испитување Ќе покаже колку неубедливи се тие тврдења. Пред многу години сегаШниов писател присуствуваШе на сеанси и наголемо читаШе од литературата. Наводните пораки од мртвите беа толку обични и опШти за кои и не требаШе никакво 'духовно" објаснување. Описите за животот после смртта беа полни со градини, потоци, овоШки и миризливи цвеЌиња, уживани во рајско леШкарање. Прилично јасно дека тоа е само замислена слика на човечки желби. Ц.Е.М. Јоад, сериозен истражувач во психичката област, коментирајЌи врз слабите наводни духовни комуникации гласно изјави; 'Ако наШите дуШи опстануваат, очито дека тоа не го може и наШиот мозок!"

Потоа тука е и 'е па за жал". ЛуЃе кои некогаШ живеат вредни животи, така речено, љубезни, паметни, и помагаат; некои образовани и стручни во своето поле. Треба ли сето тоа да се узгуби за секогаШ? Нема ли начин за животот и особините кои се од стварна вредност да се сочуваат? Природно тоа го покренува праШањето, што е стварна вредност? И Ќе дојдеме до неа покасно.


СуШтественото праШање

Како Ќе се справиме со праШањето Што се случува после смртта? Каде би оделе за сосема сигурен и искрен одговор?

Дали да веруваме на сопствените чувства и 'претчувства"? Како да знаеме дали сме во право? Како да очекуваме и другите да го прифатат наШето видување и наШиот авторитет? Како било кој човек би ни го кажал одговорот? И како воопШто тие би знаеле? Ги прифаЌаме ли видувањата од верските водачи, било од поединци или совети на Синодот? Од каде тие знаат? И Што да мислиме кога истакнати верски водачи се делат меЃу себе за важни теми? Еден истакнат бискуп изјави дека Христос не воскреснал буквално од мртвите; други изјавуваат дека Воскресението е едно од основите на христијанската вера. Кому да веруваме - и зоШто?

Овие праШања, кога искрено поставени, н# водат во неизбежниот заклучок: мислењето на еден човек е, само за себе, безвредно колку и секое друго. Инаку речено, човечкото размислување не може да ни даде одговор.

Тука се појавува еден многу важен заклучок; бидејЌи ниеден човек не може овластено да каже Што се случува после смртта, тогаШ јасно, ни треба надвореШен и надчовечен авторитет - т.е. натприроден авторитет. Одговорот

Таков авторитет има меЃу нас. Тоа е Библијата која од прво до последно изјавува дека е порака до човечката раса од Бога - Творецот на небото и земјата, и човеШтвото.

Библиските писатели никаде не тврдат дека говорат од себе, туку од 'словото Господово". 'Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја", како Што му кажа Бог на пророкот Јеремија (1:9). Исус ги прифати списите на 'законот и пророците" (наШиот Стар завет) за Божјо Слово. Тој сам изјави за зборовите кои ги говори дека се Божји зборови. Апостолите го кажаа истото: Павле изјави 'Целото Писмо е од Бога вдахновено" термин кој значи 'здивот" (или Духот) Божји е во напиШаното, и дека кажаното во Писмото е вистина. Најраните Христови верници, од оние кои лично ги познаваа апостолите, ги прифатија Стариот и Новиот завет за вистинско и сигурно Божјо Слово. Со векови Библијата била основата за христијанската вера.

Помисли само, Што прави Библијата. Таа бележи како човечката раса доШла во постоење и јасно објаснува зоШто во светот има зло, страдање и смрт. Потврдно ни кажува Што се случува по смртта. И исто така го покажува новиот живот кој може да го имаме, ако внимаваме на нејзината порака.

Нема друга книга на светот која го прави тоа. ВсуШност никаде нема друга книга со толку знаци напиШана од Бога а не од човек. Пред повеЌе од сто години Хенрѕ Рогерс напиШа извонредна книга насловена Натприродното потекло на Библијата извлечено од неа. Тој изјави: 'Библијата не е таква книга каква Што би напиШал човекот кога би можел, ниту би ја напиШал с# и да можел," Причината е Што таа е Божја порака до нас. И затоа го заслужува сето наШе внимание


Библијата и ние

Од голема важност е да разбереме Што има да каже за нас Библијата, за наШето потекло и природа. Таа е единствениот доверлив приказ секаде за тоа како сме доШле во постоење.

Книгата Битие говори за наШето потекло. Таа јасно ни кажува дека човекот е создадено битие; т.е. зависеШе од Создателот за својот живот. Тој не беШе одговорен за своето потекло. Тоа се случи вака:

'го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива дуШа" (Битие 2:7).

Забележи го ниското потекло на човекот: од земјата. Битие исто така ни говори (во 6:17 и 7:21) дека и животните го имаат 'духот животен" како човекот. Но изразот 'жива дуШа" го побарува наШето внимание и н# учи за првиот и суШтествен услов за разбирање на Библијата: треба да ги сфатиме библиските термини во нејзина смисла, а не во наШа. На многу луЃе 'дуШата" им предлага некаква дуШа во човекот која 'опстанува по смртта на телото". Но тоа воопШто не е како Што е употребена во Битие, каде Што зборот преведен 'дуШа" е користен и за животните. Во Битие 1:21,24 е преведен 'суШтества".

Заклучокот е јасен: Битие ни кажува дека по природа и потекло човекот е создаден живо суШтество. Се разбира, дека има поразвиена ментална способност од животните, но во основа природата им е иста.


ДоаЃањето на смртта

ПраШањето како заврШува човечкиот живот е третирано на почетокот од Битие. На Адам му беШе кажано од Бога доколку ја прекрШи добиената заповед, Ќе умре. Тој ја прекрШи, и ова беШе изречената пресуда:

'Со пот од лицето свое Ќе јадеШ леб, с# дури не се вратиШ во земјата, од која си земен; заШто си земја, и во земја Ќе се вратиШ!" (Битие 3:19).

Приказот е поразително едноставен: смртта не е порта во нов живот - таа е пресуда за непокор. Човекот се враЌа во земја. Така, во записот за потопот од Битие, кога 'земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда... бидејЌи секоја плот беШе се отклонила од својот пат на земјата" (6:11-12), надојдоа водите од судот, и луЃето изгинаа исто со животните:

'ТогаШ го изгуби животот секоја плот, Што се движеШе по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите... и сите луЃе; с# Што... имаШе здив во ноздрите свои, изумре" (Битие 7:21-22).



Човекот и животните

Библијата често ја споредува човечката природа со онаа на животните. Псалмистот говори, за двете:

'им го одземаШ ли (Боже) духот нивни - умираат и во земјата своја се враЌаат" (Псалм 103:29).

Писателот на Проповедник е прилично одлучен: тој посакува луЃето да видат

'оти тие сами по себе се животни, заШто с# Што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е диШењето кај сите... С# оди на едно место: с# произлегува од земја, и с# Ќе се врати во земјата" (Проп. 3:18-20).

ЛуЃето и животните по природа ја имаат истата судбина се враЌаат во земјата. Некои можеби Ќе приговорат дека следниот стих дава инаква смисла, но сите денеШни преводи го поставиле вака:

'Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?" (Проповедник 3:21).

Т.е.. кој може да каже дали има некоја разлика? Случајно, зборот тука преведен 'дух" е истиот употребен за 'диШење" во стих 19; Што покажува дека 'духот" тука е животот Што исходува од диШењето. Тој заврШува кога престанува диШењето.

Така, 'дуШата" може да умре. Псалмистот говорејЌи за судот Божји допаднат врз поносните Египтјани со десетте непогоди, вели: 'не ги поШтеди од смрт ни дуШите нивни"; и веднаШ додава: 'и животите нивни ги предаде на помор" (Псалм 77:50 (изв. текст)), покажувајЌи дека дуШата и животот се едно те исто.

Двапати Бог изјавува преку Језекиил: 'која дуШа греШи, таа Ќе умре" (Језекиил 18:4,20). Самсон, во своето последно повикување до Бога, моли 'Умри, дуШо моја, со Филистејците" (Судии 16:30).

Значи, дуШата е лицето, живото битие. Кога тоа исчезнува, дуШата, или животот, исчезнува со него.


Човекот по образот Божји

Значи ли тоа дека луЃето не се ниШто подобри од животните? Не сосема, заШто Битие 1:26 ни вели дека човекот беШе направен 'според образот" Божји. Со други зборови, физичката природа на човекот е таква како онаа на животните; но човекот има надмоЌен ум, способен да разбира и се одзива на Бога. Псалмистот го има овој вреден коментар:

'Човек кој неразумно живее, сличен е на животните" (Псалм 48:20 (не разбира изв,текст)).

Значи, разумот ја прави разликата помеЃу човекот и животните. Кога Ќе праШаме, 'Разбирањето Што?". ТогаШ Новиот завет ни помогнува, како Што Ќе видиме.

Во поглед на досега разгледаните библиски докази, не изненадува сознанието дека мртвите почиваат, сосема несвесни во гробот. Не надевајте се на кнезови или луЃе вели Псалмистот, заШто

'Излегува духот негов, и тој се враЌа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли" (Псалм 145:4).

Давид се моли дека Бог Ќе го избави, заШто

'мртвите не Те спомнуваат Тебе; во (гробот) кој Ќе Те слави Тебе?" (Псалм 6:5).

Псалм 113 го вели истото:

'Не мртвите Ќе Те слават, Господи, ниту оние, Што слегуваат во ад" (стих 25).

Писателот на Проповедник е многу изразит:

'Живите знаат, дека Ќе умрат, а мртвите ниШто не знаат... и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веЌе исчезнале... С#, Што може да врШи раката твоја, според силите свои, врШи; заШто во гробот, каде Што Ќе појдеШ, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост" (Проповедник 9:5-10).

Местото на мртвите постојано е опиШувано во овие изразити пасуси како 'во земјата своја" (правта од која човекот би земен), 'гробот" и 'адот".



Сонот на смртта

Даниил има една извонредна изјава по ова праШање. Нарочито е значајна заради употребата дадена за истата идеа во Новиот завет. Неговото пророШтво го има ова посочување за настаните во 'последните дни", кога Бог уШте еднаШ Ќе ја покаже Својата моЌ на земјата, во тоа 'време теШко, какво Што немало":

'И многумина од оние Што спијат во земниот прав Ќе се разбудат -едни за живот вечен, а други за укор и срам" (Даниил 12:1-2).

Дека оваа изјава делумно се однесува на верните слуги Божји е јасно од уверението дека Ќе добијат 'живот вечен". Но погледни каде се додека ја добијат таа награда: тие спијат 'во земниот прав", едно сведоШтво целосно доследно со сето она Што досега видовме.

Тука некои читатели би можеле да речат; 'До сега цитиравте од Стариот завет. Сепак Новиот завет е нова објава за Исус и Евангелието? Не кажува ли тој неШто сосема друго?"


Исус, апостолите и Стариот завет

Да се одговори на ова праШање важно е да се знае ставот на Исус и апостолите по него, према писанијата сега познати како Стариот завет. Фактите се јасни несомнени; сите тие го прифаЌаа 'законот, псалмите и пророците", за вдахновеното Слово Божјо. Тие постојано цитираа од него во поддрШка на нивната проповед; тие никогаШ не противречат ниту фрлаат сомнеж врз некој старозаветен пасус, туку повеЌе го извлекуваат вистинското значење од она Што таму стои. Оттука би очекувале новозаветните писанија да се сложуваат во своето учење со старите, и така се докажуваат. Ево неколку примери.

ИмаШе една несреЌа во Галилеја. Римските војници убија еден број Евреи при верска буна. Некои Евреи дојдоа кај Исус да му кажат за тоа. Неговиот одговор е многу показателен. Тој ги праШа: Мислите ли дека тие Галилејци беа најгреШни од сите Галилејци, та така пострадаа? Не, ви велам:

'ако не се покаете, сите така Ќе изгинете" (Лука 13:1-3)

Така, 'изгинувањето" во Библијата значи исто Што знаеме и ние дека значи: престанок на постоење без предлог за опстанок. Тука нема никакво избегнување од учењето на Исус: сето човеШтво Ќе изгине, ако не се покае. Тоа е исто како во Псалм 48: човекот е како животните кои изгинуваат, освен ако разбира. Тука го имаме првото навестување на одговорот од наШето праШање, 'Разбирањето Што?" Очигледно дека има некаква врска со покајување.

Исус исто така се сложи со Даниил, кој изјави дека 'многумина од оние Што спијат во земниот прав Ќе се разбудат..." (12:2). Вака Евангелието на Јован го бележи неговиот исказ:

'иде часот кога сите, кои Што се во гробовите, Ќе го чујат гласот на Синот Божји, и Ќе излезат: кои правеле добро - Ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, Ќе воскреснат за осудување" (Јован 5:28-29).

('сите" од Исус се истите 'многумина" од Даниил; тоа се сите оние кои за време на својот живот го чуле 'гласот на Синот Божји" стих 25).

Погледни каде се мртвите: 'во гробовите" ('спијат во земниот прав", Даниил); тие 'Ќе излезат" со воскресението ('Ќе се разбудат", Даниил); излегуваат или во живот или за осудување. Складот помеЃу Исус и Даниил е целосен; Господ го прифаЌа учењето на Стариот завет по ова важно праШање за местото, состојбата, и судбината на мртвите.

Апостолите го држат истото учење. Јован, во најпознатиот новозаветен стих, изјавува:

'Бог толку го возљуби светот, Што Го даде Својот Единороден Син, та секој Што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен" (Јован 3:16).

Зборовите кои ги истакнавме се често занемарувани, но нема избегнување на пресудата дека оние кои не 'веруваат на" Исуса (како Што објаснува Писмото) Ќе изгинат, т.е. Ќе престанат да постојат.

Апостол Павле ја има истата порака. ПиШувајЌи до верниците во Ефес, тој им кажува дека пред да дојдат да го запознаат Христа и да веруваат во него, тие беа 'без Христа... без надеж и безбожници во светот" (Ефесјани 2:12). Колку тоа потресува. Јасно ни кажува ако не сме поврзани со Бога преку Христа, на начин на кој побарува, ние сме 'без надеж". Колку скапоцено ли е тоа 'разбирање" кое може да н# спаси од таква судбина!

Апостол Јаков им кажува на своите читатели да не бидат многу сигурни за тоа Што Ќе прават во догледно време. НикогаШ не се знае Што Ќе се случи утре, вели; и додава:

'Што е ваШиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува" (Јаков 4:14).

Описот на Даниил за мртвите дека 'спијат" во гробовите е повторно даден од апостол Павле. Верниците во Солун ја оплакуваа смртта на некој кој верувал во Христа:

'БраЌа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, Што немаат надеж... бидејЌи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, Ќе слегне од небото, и најнапред Ќе воскреснат мртвите..." (1Солунјани 4:13,16).

Забележи Што кажува овој пасус: преданите верници кои умреле 'спијат*"; оние кои не веруваат 'немаат надеж"; Христос лично (забележ 'сам") Ќе се спуШти од небото; и верните мртви Ќе воскреснат -се разбира, од гробовите. Тоа се основните учења кои ги има низ целиот Нов завет. Тие се темелните вистини на Евангелието.


Воскресението на мртвите

СекогаШ било теШко за оние кои веруваат во опстанувањето после смртта во вид на некаква бесмртна дуШа или дух, да објаснат зоШто Новиот завет толку го истакнува воскресението на мртвите.

Дека го прави тоа е несомнено. Исус го поставува за вистинито, кога им вели на Евреите не само да ги повикаат соседите на гозба, надевајЌи се на возвратна покана, туку да ги поканат оние на кои тоа им е потребно, 'а Ќе ти биде отплатено при воскресението на праведните" (Лука 14:14). Верните мртви има да се воскреснат од нивните гробови; т.е. кога Ќе треба да ја примат својата награда.

Апостол Павле посветува цело поглавје во кажувањето дека мртвите Ќе воскреснат. Тој посебно посочува во расправата, ако Христос не воскреснал од мртвите, тогаШ и никој друг нема. Во кој случај, 'тогаШ и оние, Што умреле* за Христа, загинале" (1Коринтјани 15:18 (Што спијат во*)). Забележи го значењето тука: ако во овој случај дури и верниците Христови 'загинале", колку тек оние кои не верувале).

Но несомнено е, вели Павле: Христос ете воскресна од мртвите (види ја долгата листа од дадени сведоци во стиховите 3-8 од истото поглавје); и така стана 'првина за умрените*" (стих 21 (од заспаните*)) Двапати во три стихови Павле ги опиШа мртвите како да 'спијат". Толку тоа одговара со од Даниил.

Во остатокот од ова поглавје Павле изјавува дека за верните мртви Ќе има, по нивното воскресение, смена на природата: 'телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо". СегаШната наШа природа е смртна и распадлива; но кога Ќе се воскреснат мртвите, тие Ќе бидат 'изменати": заШто 'распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното -да се облече во бесмртно", На тој начин 'Победата (Ќе) ја проголта смртта" (стихови 50-54).

Така доаЃаме до јасната библиска вистина дека наградата на праведните не се состои од некакво 'духовно постоење" некаде; туку Ќе биде доделување на едно нераспадливо тело, какво Што нема да се троШи и изумира како ова кое го имаме сега, и нема да биде веЌе подложно на смрт. Причината е исклучителна: Бог има работа за верните во иднина. Оние кои Ќе бидат воскреснати од гробот Ќе се движат по светот како стварни, допирливи луЃе, со обврска да ги просветлуваат народите во Божјите вистини кои тие или ги занемариле или ги искривувале толку долго. Тоа Ќе биде целта на Христовото владеење врз народите кога Ќе се врати, како Што кажува и Библијата.


'Но...?"

Но има некои пасуси во Новиот завет кои ја подржуваат идејата за опстанувањето после смртта?

Има многу малку пасуси некогаШ цитирани на тој начин. Но кога Ќе се испитаат внимателно, Ќе се види дека се во согласност со учењето на Библијата во целина. Тука Ќе обработиме некои од попознатите.


Пеколот: Во Стариот завет зборот преведуван 'пекол" не значи ниШто повеЌе од затскриено или покриено место. Преведуван е 'пекол" 31 пати, и преведуван е 'гроб" 31 пати (важи за АВ), во пасуси како овие:

(Јаков оплакувајЌи ја загубата на синот Јосиф): 'Со тага во адот Ќе појдам по синот мој" (Битие 37:35).

'во пеколот кој Ќе Те слави Тебе?" (Псалм 6:5).
'во гробот, каде Што Ќе појдеШ, нема ни работа, ... ни знаење, ни мурдост" (Проповедник 9:10).

Така, пророШтвото за Христос: 'оти Ти нема да ми ја оставиШ дуШата моја во пеколот", значи едноставно дека Бог нема да го остави неговиот живот, или него, во гробот, како Што покажува остатокот од стихот: 'ниту, пак, светецот Твој да види распаЃање" (Псалм 15:10).

Во Новиот завет овој пасус е цитиран од Апостол Петар (Дела 2:31). Тој го употребува грчкиот назив обично преведуван 'пекол", покажувајЌи дека го разбирал на истиот начин како и Псалмот.


Гехена: МеЃутоа, има, во Новиот завет друг и многу интересен збор преведуван 'пекол" претставен кај нас како 'гехена". Тоа беШе името на местото надвор од градот Ерусалим. Наредново објаснување од грчко-англискиот лексикон на Стариот завет од Гримм-Тхаѕер е од помоШ:

'Гехена:... долината на плачот... е името на долината на југоисток од Ерусалим, така наречена заради плачот на децата, кои биваа фрлани во огнените раце на Молох, божество во облик на бик. Евреите толку се грозеа од тоа место по укинувањето од царот Јосија (4Царства 23:10) на тие ужасни жртвувања Што фрлаа во него не само секаков отпад, туку и мртвите тела на животните и на незакопаните криминалци кои беа погубувани. БидејЌи за согорување на мртвите тела беШе потребен постојан оган, за воздухот да не се загадува од гниењето, дојде до тоа местото да се нарекува 'огнот на гехената"."
Гехена е употребена 12 пати во Новиот завет и 11 од нив од самиот Исус. Ево еден пример:

'ако окото твое те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеШ во царството Божјо, отколку да имаШ две очи и да бидеШ фрлен во геената огнена, каде Што нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува" (погледни го целиот пасус, Марко 9:43-44).

Значењето на кажанато од Исус е: Ако има неШто да правиШ со раката, некаде да одиШ со нозете, неШто да гледаШ со очите, кое те спречува од влегување во Царството Божјо, тогаШ престани со тоа; во противно Ќе заврШите погубно со злите во смрт. Црвот и огнот се симболични елементи за униШтување. Тие не се вечни, но ја врШат својата работа додека не го согорат неШтото. Така гехената постанува вид на суд за злите во последниот ден.

За сите други употреби на зборот гехена Ќе се дојде до тоа дека ја содржат истата идеа.


ДуШата: Старозаветните пасуси веЌе обработени покажаа дека 'дуШата" значи 'лицето" и 'животот" негов. Може да греШи и може да умре.

Зборот така преведен во Новиот завет е употребен околу 100 пати. Употребен е како дуШа 58 пати, живот 40 пати, и свест 3. Едно од кажувањата на Исус е показателно. КажувајЌи им на неговите ученици дека секој Што сака да биде негов вистински слуга треба да се 'одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене" продолжува: 'заШто, кој сака да ја спаси дуШата своја, Ќе ја загуби; а кој Ќе ја загуби својата дуШа заради Мене, Ќе ја најде: оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на дуШата своја $ напакости? Или каков откуп Ќе даде човек за својата дуШа?" (Матеј 16:25-26).

Некој читател тука не би помислил дека се работи за истиот збор кој е на други места преведуван 'живот".

Друг еден често цитиран пасус е: 'Не бојте се од оние Што го убиваат телото, а дуШата не можат да ја убијат..' Тоа звучи впечатливо но другиот дел од стихот кажува: "...туку бојте се повеЌе од Оној, Кој може и дуШата и телото да ги погуби во пеколот" (гехена - Матеј 10:28).

Значи, дуШата може да биде погубена. Значењето на она Што говори Исус не е теШко за следење: Ако некој верен слуга е ставен на смрт, нему Ќе му се врати дуШата (или животот) пак -кога мртвите Ќе воскреснат, како Што видовме. Но неверниот слуга Ќе биде за сосема униШтен, во судот симболизиран со гехената. Неговата 'дуШа" или живот, Ќе загинат со него.


Богатиот и Лазар: Ако читателот не е запознат со овој пасус (Лука 16:19-31), се препорачува тука, внимателно да го прочита.

Умре еден питач, Лазар, и 'ангелите го однесоа во крилото Авраамово". Умре и богатиот, но кога тој е 'во пеколот... (и) беШе во маки", тој го гледа 'оддалеку" Лазар во крилото на Авраам. Тој моли од Авраам да го прати на Лазар 'да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот...". Но предлогот е одбиен -поранеШниот богат треба да ја страда својата казна. Освен тоа, вели Авраам, 'меЃу вас и нас постои голема провалија", така да преминувањето не е можно. Богатиот тогаШ бара од Авраам да го испрати Лазар да ги предупреди неговите пет браЌа, за да не им се случи неговата судбина. И овој предлог е одбиен, со зборови кои Ќе ги разгледаме.

Тука има некои појави во приказот кои го прават невозможен за да се сфати буквално. Крилото на Авраам како место за праведните после смртта; разговорот помеЃу Авраам во рајот и богатиот 'во пеколот"; замислата дека некој би можел од едното место до другото да донесе вода некому 'да го разлади јазикот". Заклучокот дека тоа не е буквален приказ за состојбата на мртвите, туку еден вид парабола, или сликовит приказ, станува јасно кога Ќе се увиди дека сите овие детали беа дел од традицијата на тогаШните Фарисеи, како Што покажува Јосифиј, еврејски историчар од првиот век, во Беседа за адот. Така Исус воведуваШе некои од сопствените замисли на противниците да ги збуни.

Но во последните неколку стихови излегува вистинската поента на Исус. Кога богатиот бара од Авраам да го прати Лазара да ги предупреди неговите браЌа, Авраам одговара: 'Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слуШаат!" И кога богатиот вели 'Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаШ Ќе се покајат", Авраам одговори: 'штом Мојсеја и Пророците не ги слуШаат, тогаШ и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат"

За кратко време кажаното тука неверојатно се исполни. Исус го воскресна Лазара -вистинскиот Лазар -братот на Марта и Марија, од мртвите. Чудото беШе сензација меЃу народот, но далеку од тоа да му 'поверуваат", еврејските водачи беа само поодлучни да го убијат. Набрзо по тоа самиот Исус воскресна од мртвите. И во пркос значителниот доказ од очевидци, еврејските власти беа одлучени да го негираат неговото воскреснување и да го одбијат неговото трвдење дека е Син Божји. Тие во суШтина не го имаа прифатено учењето на сопственото Писмо, 'Мојсеј и Пророците", и не ги прифаЌаа тврдењата на Исус дека е очекуваниот Месија.

Тоа беШе целата поента за параболата со Богатиот и Лазар. СоврШено ја изрази точката Што Исус сакаШе да ја направи. И нема ниШто Што би н# научило за состојбата на мртвите. За тоа треба да погледниме во доказите од Библијата во целост.


Крадецот на крстот: Приказот е во Лука 23:39-43. Исус е на крстот. Еден од двајцата крадци, распнати со него, признава дека е 'праведно осуден" но дека Исус 'ниШто лоШо не направил". И обраЌајЌи му се на Исус, вели,

'Сети се на мене, Господи, кога Ќе дојдеШ во царството Свое"

Ова е едно зачудувачко барање. Погледни Што значи:

1. дека за крадецот Исус е 'Господ";
2. дека крадецот очекуваШе оти Исус Ќе го преживее распнувањето;
3. дека во догледно време, Исус 'Ќе дојде во царството Свое";
4. дека тогаШ Исус Ќе е во состојба да се 'сети на него" и да го врати во живот.

Сите овие претпоставки целосно се согласуваат со учењето на Новиот завет. Сега погледни го одговорот на Исус:

ВИСТИНАТИВЕЛАМДЕНЕСќЕБИДЕшСОМЕНЕВОРАЈОТ

Точно вака се појавуваат буквите во најстарите грчки ракописи: сите се големи; зборовите не се одделени; и нема интерпункција. И како би го разбрал одговорот на Исус? Дали е,

'Вистина ти велам: денес Ќе бидеШ со Мене во рајот!"?

Или е,

'Вистина ти велам денес: Ќе бидеШ со Мене во рајот!"?

Тоа прави голема разлика во разбирањето на ветувањето од Исус. Како да се одлучиме. Граматички, двете значења се можни. Семерон (денес) може да биде или со првиот глагол, или со вториот. Но има и други работи за земање во обзир.

1) Исус употребуваШе познат еврејски облик на изјавување кој го има во Стариот завет. Ево три примери од едно поглавје (5Мој. 4:26,39,40):

'Денес, еве, ви сведочам со небото и земјата... И така, знај сега (денес) и вразуми се... и пази ги наредбите Негови и заповедите Негови, кои денес ти ги давам..."

Да се изјави неШто 'сега" или 'денес", беШе облик на свечана изјава со потполно уверение за вистинитост. Слични изрази се појавуваат 42 пати само во книгата Повторени закони. Значи Исус користеШе познат еврејски облик на изразување да ја истакне сериозноста на своите зборови, 'ти велам денес...". Крадецот можеШе да биде уверен дека она Што вети Исус Ќе се случи.

2) И секако, каде беШе Исус 'тој ден"? Не во слава, на небото. Тој беШе во гробот. Како Што прорече и самиот на писарите и Фарисеите: 'Синот Човечки Ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноЌи" (Матеј 12:40). 'Срце" е еврејски идиом за 'самата"; сакаШе да каже дека Ќе е во гробот.
3) што треба да подразбираме под 'рајот"? Повторно треба да внимаваме да дознаеме од самата Библија, а не од човечките обичаи. Зборот изворно е персиски и во Стариот завет преведуван е Шума, овоШтарници и градини. Исаија изјавува дека во времето кога Господ Ќе го 'утеШи Сион", Тој Ќе ги направи 'пустињите негови како рај* и степите негови -како градина Господова" ((Едем*)Исаија 51:3).

Грчките преведувачи на Стариот завет (околу 200 години пред Христа) го употребија тука зборот парадисос за еврејскиот збор 'градина", зборот кој го употреби Исус да му одговори на крадецот. А референцата во пророШтото на Исаија е за унапредувањето и плодноста на 'Ветената Земја", земјата настаната од Израелот во годините пред Христа. Така, 'рај" во Библијата го прикажува новото Царство на мир и радост Што Христос Ќе го уреди кога Ќе се врати на земјата, кога 'Ќе дојде во царството Свое" во Што веруваШе и крадецот. Така разбрано, пасусот не должи ниШто на грчките легенди, туку е сосема доследно на учењето од Библијата во целост.

Малкуте други пасуси кои некогаШ се изнесуваат во подрШка на идејата за опстанувањето на дуШата после смртта исто така Ќе се изнајдат, со внимателно испитување, дека се сосема доследни со остатокот од Писмото.


ЗоШто толку распространето?

ПраШањето може да се постави, Ако опстанувањето на дуШата или духот после смртта не е учено во Библијата, како се распространило толку во верувањето на религиозните свет?

Одговорот е едноставен. Таква една слична замисла за опстанување беШе заедничка на сите пагански религии во древнина, кај сите народи. ПретставуваШе опШто посакување на човечката свест. И беШе белег одредник на раното христијанство Што го отфрли ова лажно учење. Првите христијани ја разбираа смртната природа на човекот. Тие го бараа новиот живот, ветен во Евангелието, не при смртта туку во враЌањето на Христос кога верните мртви Ќе воскреснат од гробовите. МеЃутоа, со време настануваа 'масовни преобраЌања" на претходно пагански народи во римскиот свет. Неизбежно многу преобратеници ги доведоа со себе и своите пагански поимувања. И уШте, водачите на христијанската Црква се обидуваа да го усогласат своето учење со филозофските замисли, дадени во грчките извори. Бесмртноста на дуШата им беШе заедничка на нив.

Но каде и да имало сериозен обид да се открие Што тоа Библијата навистина кажува, имало исто така и враЌање во верувањето на раните христијани. Такво едно враЌање имаШе за време на европската Обнова во ЏВИ и ЏВИИ век. Вистината отворено се изнесе во поново време од истакнати теолози. Погледни ги овие цитати:

Во 1897, Б.Ф. Њестцотт, професор по Богословија на Кембриџ, коментирајЌи за 2Тимотеј 1:10, напиШа:

'СредиШниот факт на наШата вера... не е бесмртноста на дуШата, туку воскресението на телото. НаШиот Спасител донесе живот и нераспадливост (не бесмртност) на видело... ИмајЌи ја таа вистина во предвид, можеме да ја видиме силината на зборовите од Павле: 'Господ Исус Христос, Кој Ќе го преобрати наШето понизено тело" (Филипјани 3:21)" - Лекции од Ревидираниот превод на Новиот завет, 192 стр.

Во 1924, Бискупот Горе (од Лондон) напиШа:

'Мислам... дека, во учењето за природата на човекот, претпоставката дека дуШата човечка во основа е нераспадлива и сходно тоа бесмртна... е изведена од грчката филозофија а не од Писмото." - Светиот Дух и Црквата, 288 стр. фуснота.

Ужасната од Ширењето на нерелигија за време на војната, англиската Црква одреди Комисија предводена од бискупот на Рочестер. Во која учестуваа членови од бројни верски заедници. ИзвеШтајот, Кон преобратот на Англија, објавен во 1945, го содржи овој параграф:

'Замислата за вродената неуниШтивост на човечката дуШа (или свест) го должи своето потекло на грчките, а не на библиски извори. Централна појава во Новиот завет е вечниот живот, не за било кој и секој, туку за Христовите верници Штом воскреснат од мртвите" - 23 стр.

(Истакнатите места во цитативе се од писателов).

Тоа се навистина извонредни изјави. С# Што сме наоЃале во Писмото се потврдува тука. ЛуЃето автоматски не ја преживуваат смртта. По природа тие исчезнуваат во гробот. Оние кои сакаат да се здобијат со вечен живот тоа Ќе го постигнат со воскреснување од гробот при Христовото враЌање.


СуШтествената порака

Од наШиот краток преглед на библиското учење за оваа важна тема едно неШто станува јасно: пораката која ја содржи е суШтествена за сите нас, заШто ако ја занемариме, Ќе изгинеме. Затоа нејзината порака се вика 'Евангелие", т.е. 'благовестие". За нејзината важност Павле покажува со потсетување на неговите читатели во Коринт за

'Евангелието, Кое ви го проповедав... Преку Него и се спасувате, ако Го држите како Што ви проповедав..." (1Коринтјани 15:1-2).

До Римјаните напиШа:

'јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејЌи тоа е сила Божја за спасението на секој Што верува..." (Римјани 1:16).

Колку ли тек на оваа раса во изумирање и е потребно тоа 'благовестие"! Колку ли е прекрасно Што таа животна порака с# уШте ја има меЃу нас, заШто тука е, во страниците на Библијата, во самите зборови на Исус и неговите апостоли. Нека стане наШа цел да го запознаеме тоа 'слово на живот" додека с# уШте имаме можност, заШто во праШање е наШата иднина.

Од оригиналот на Фред Пеарце ‘Афтер Деатх – Њхат?’