Ветувањата од Бог

Мисија на Христоделфијанците за Библијата

ОСНОВНИ ВИСТИНИ ОД БИБЛИЈАТА

Ветувањата од Бог

Кога ќе го прочитате овој флаер ќе ги знаете одговорите на овие прашања:

1. Какви ветувања има дадено Бог во Библијата?

2. Кои ветувања Бог веќе ги исполнил?

3. Како знаеме дека Бог ќе ги одржи сите Свои ветувања?

4. Кои ветувања Бог допрва треба да ги исполни?

5. Дали Бог ветил нешто за вас?


Сите ние сме доживеале неисполнети ветува ња. Можеби биле дадени од политичари пред избори. Неколку од нив биле исполне- ти. Можеби работодавачи, или пријатели, не ги одржале нивните ветувања кон вас.Најбол но од се, некои од нашите роднини не имаат разочарано.

За среќа, Бог не се однесува така. Тој "изо- билува во добрина и вистина" (Излез 34:6). Тој ќе ги исполни сите Негови ветувања. Затоа што Тој знае се и го контролира универзумот, Неговите ветувања не можат да потфрлат.

1. КОИ ВЕТУВАЊА БОГ ГИ ДАЛ ВО БИБЛИЈАТА?

Бог дал многу ветувања. Еве само неколку од нив:

На Мојсеј Бог му рекол: "Но јас сум жив и со Господовата слава е полна целата земја" (Броеви 14:21). Ова докажува дека луѓето никогаш нема да ја уништат земјата.

На Аврам кој постанал таткото на Еврејска та раса, Бог му рекол: "Ќе направам голем народ од тебе; ќе те благословам, ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов. Јас ќе ги благословам оние кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколкнувам оние кои ќе те проколнуваат. И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата (Битие 12:2,3).

Кога Бог го одвел Аврам до земјата Ханајска (модерен Израел), Тој ветил: "Сета земја што можеш да ја видиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство довека.Ќе го направам твоето потомство како прав на земјата."(Би- тие 13:15,16). Бог ги повторил овие ветувања на синот од Аврам, Исак, и на неговиот внук Јаков (Битие 26:4; 28:13,14).

Многу народи, како некогаш моќните Вави- лонци, не постојат повеќе. Но Бог му дал по- себно ветување на Еврејскиот народ: "Заш- то јас сум со тебе-вели Господ-за да те избавам.Ќе ги сотрам народите меѓу кои што те протерав, а тебе нема да те уништам сосем" (Еремија 30:11).
Евреите биле растурени низ цел свет, сепак сеуште постојат како народ. Еднаш некој прашал, "Која е тајната за неуниш-тливоста на Евреите:" Тајната е дека Евреите се ибраниот народ од Бог, и Негови сведоци на земјата. Бог има големи планови за нив.А нив ќе ги видиме подоцна.

Цар Давид бил голем цар на Израел, човек според срцето на Бог (1 Самоил 13:14). Зара- ди ова, Бог му дал на Давид прекрасно вету- вање: "Ќе издигнам твој потомок по тебе...и ќе го зацврстам неговото царство...и ќе го за- цврстам престолот на неговото царство за секогаш. Јас ќе бидам негов татко, а тој ќе биде мој син. Твојата куќа и твоето царство ќе траат довека пред Мене, твојот престол ќе стои цврсто засекогаш"(2 Самоил 7:12-16).

Апостолот Петар ни кажува дека овие ве- тувања ќе бидат испонети во Исус Христос. Тој е Синот од Бог и Спасителот на светот. Тој е големиот "син од Давид". Петар рекол дека Бог ќе "го крене Христос за да седне на неговиот престол" (Делата 2:29-32).

Исус бил кренат од мртвите токму како што Бог ветил во Псалм 16:10. Еден ден ќе се врати за да биде цар врз престолот од Да- вид во Ерусалим (Делата 1:11; Откровение 11:15; Матеј 5:35). Бог ветил: "Сите цареви ќе клекнат пред него; сите нации ќе му служат" (Псалм 72:11).

Бог и ги потврдил овие ветувања во врска со Исус на Марија, неговата мајка, преку еден ангел: "Господ Бог ќе му го даде престо лот на неговиот татко Давид... и на неговото царство ќе му нема крај" (Лука 1:32,33).

Бог дал многу повеќе ветувања во Библија- та. Сепак, ние видовме доволно за да покажеме дека Бог е сериозен кога се во пра шање Неговите идни планови за земјава, и за Авраам, Исак, Јаков, Давид, Исус и Евреите.

2. КОИ ВЕТУВАЊА БОГ ВЕЌЕ ГИ ИСПОЛНИЛ?

Ветувањата од Бог на Аврам, Исак и Јаков, дека Израел ќе постане голем народ, е одр- жано. Бог исто така го исполнил Неговото ве- тување за Евреите дека тие нема никогаш да изумрат, и покрај ужасните прогонства. Исус Христос беше кренат од мртвите, точно како што ветил Бог.

Сепак, Бог допрва треба да исполни многу важни ветувања.

3. КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА БОГ ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ СВОИ ВЕТУВАЊА?

Го знаеме тоа од две многу добри причини:

а) Секое ветување кое Бог некогаш го дал, кое се однесува на минатото, е исполнето. Тоа ни влева доверба дека Тој ќе ги одржи ветувањата кои се однесуваат на иднина- ната.

б) Моќта од Бог е врховна. Ништо не може да ги поремети Неговите идни планови.

4. КОИ ВЕТУВАЊА БОГ ДОПРВА ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ?

Авраам сеуште не ја наследил земјата на Израел во посед за секогаш. Ниту пак сите нации на земјата се благословени во Авраам. Во Евреите 11:13 се вели дека Авраам, Исак и Јаков "умреле во вера, без да ги примат ветувањата.

Дали е тогаш предоцна? Не. Бог ќе ги крене од мртвите, токму како што Тој го крена Исус. Бог тогаш ќе ги одржи Своите ветувања за нив. Исус лично рекол дека Авраам, Исак и Јаков ќе бидат во царството од Бог (Лука 13:28).

Исус сеуште не постанал цар, кој седи на престолот од Давид. Но тој ќе седне, кога ќе се врати на земјата (Делата 3:19-21).
Евреите сеуште постојат како народ. Тие се вратија во Израел, земјата која Бог му ја ветил на Аврам. Ова е првата фаза во развојот на планот од Бог за нив, затоа што "Тој кој што го растури Израел, тој ќе го собере, и ќе го чува како шо овчар го чува своето стадо (Еремија 31:10).

После време на искушенија, Евреите ќе ги добијат благословите кои Бог ги ветил: "Тие ќе бидат мој народ, а Јас ќе бидам нивни Бог" Во тој ден, "Еден цар (Исус) ќе биде цар над нив сите" (Езекиел 37:22,23).

5. ДАЛИ БОГ ВЕТИЛ НЕШТО ЗА ВАС?

Да, Тој ветил - ако сте спремни да направите две важни нешта:

а) Да поверувате во добрата вест за Царс- твото од Бог, и се крстите (Марко 16:16); и

б) Да го сакате Исус Христос и ги запазувате неговите заповеди (Јован 14:21).
Ако ги направите овие нешта, што е тоа што Бог ви го ветил вам? Споделување на сите благослови за кои штотуку прочитавте. Затоа што "Ни Евреин ни Грк ... роб ни слобо- ден ... машко ни женско; затоа што вие сите сте едно во Исус Христос" (Галатјаните 3:28).

Замислете си го тоа. Бог ветил дека вие може да бидете кренати од мртвите. Можете да имате вечен живот. Вие можете да живеете за секогаш со Исус во Неговото царство. Поголемо веување од ова никогаш нема да ви биде дадено.

За вистинските верници, сегашниов живот е вистинска радост. Овие прескапи ветувања даваат мир во мислите сега. Оваа надеж е "сидро на душата, и сигруно и цврсто" (Евре- ите 6:19).

Бог ве кани и вас да земете удел во најго- лемото ветување какво што не било досега дадено. За да ги примите благословите, мора "да се плашите од Бог, и да ги запазувате неговите заповеди, затоа што тоа е сев-купната должност на човекот" (Проповедник 12:13).

Сторете го тоа, и според милоста од Бог вие ќе живеете за секогаш. Тоа е ветување.