Небото и пеколот

шТО УЧИ БИБЛИЈАТА?


Библијата е логична книга. Нема ниШто противречно во неа: се се сложува на начин кој ја прави нејзината порака динамична и лесна за разбирање. Нејзините учења имаат смисла и таквата едноставна логика претставува таков предизвик Што ниту еден добронамерник не би го негирал нејзиниот учинок.

Оваа броШура е пиШувана да покаже дека -наспроти јасното и логично учење на Писмото -народните идеи за небото и пеколот се бесмислени. Какви се тие идеи? Со векови вообичаено се верувало од најпризнатите Христијани дека небото е живеалиШте на праведниците каде Што доживуваат вечна среЌа и радост, а пеколот дека е вечно престојувалиШте на злите кои се подложени на бескрајно мачење во негасив оган.

Во поново време многумина ја напуШтија идејата за пеколот -а со неа и било каква желба да се провери дали тоа всуШност, е стварниот одраз на библиското учење. Одвратноста за вечното страдање (засигурно исправен нагон) направи луЃето, побрзо, да чествуваат бледа надеж за едно опШто спасение -дека сите Ќе доживеат вечна среЌа без оглед на делата кои се направени за време на смртниот живот. Сепак тоа сега ги остави луЃето со чувство на нелагодност, бидејЌи насетуваат неправда во претпоставувањето дека би имало награда како за добрите така и за лоШите.

Христоделфијаните не ја делат ниту денеШната идеја ,,рај за сите", ниту потрадиционалните идеи за ,,благослови во рајот" и ,,казни во пеколот". Тие сами ја прочитале Библијата (се надеваме дека и читателите на оваа броШура тоа ке го сторат) и заклучиле дека, макар Што 'небото" и 'пеколот" се спомнувани многу пати, тие не се вечните места за престој каде Што се надеваат (или стравуваат) дека Ќе одат луЃето после смртта.

СтраШна греШка е направена во толкувањето на Библијата. Но греШката не се однесува првенствено за небото или пеколот; греШката всуШност произлезе од друга една теорија, дека сите луЃе се раЃаат со една таканаречена ,,бесмртна дуШа". Ова на разни начини се опиШува како ,,суШтественост која никогаШ не умира", ,,божествена искра" и и се препиШуваат сите особини на она Што се нарекува ,,суШтествен човек" -личност, свест, разум и поимање, дуШевност и сите морални вредности за кои е способен човекот. За телото се вели дека е смртно и расипливо, се претвора во прав и пепел после смртта, а дуШата е бесмртна и нераспадлива и продолжува да живее во вечна радост или мака.

И, се разбира, еднаШ Штом некој прифатил такво гледиШте за човечката природа, тогаШ верувањето за некое друго место или места за престојување каде Што дуШата останува после смртта станува логична потреба. Но, ако ова гледиШте за човечката природа е неточно, тогаШ и народните сфаЌања за небото и пеколот можат да бидат прилично неисправни.

Затоа предлагаме накратко да го испитаме библиското учење за дуШата и човечката природа и тогаШ, врз таа основа, да го утврдиме прифатливото и логично учење на Библијата кое се однесува за крајната судбина на праведните и злите.

ДуШата
Треба да се каже уШте на почеток дека фразата ,,бесмртна дуШа" или ,,дуШа која не умира" или во основа некои слични изрази не можат да се најдат во Библијата. За Сам Бог се вели: ,,Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луЃето не Го видел, ниту може да Го види." (1Тимотеј 6:16). Човекот нема никаква вродена бесмртност иако зборот ,,дуШа" често се среЌава во неа, Библијата не учи на идејата за неШто независно од телото дека продолжува да живее после смртта. Библискиот приказ за постанокот на човекот ја опиШува ,,дуШата" доста јасно:

,,А го создаде Господ Бог човекот од прав земен му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива дуШа" (1Мојсеева 2:7).

Самиот човек, телото створено од правта, оживеано со здивот животен, е опиШан со ,,жива дуШа". Изворниот еврејски збор нефеШ едноставно значи ,,суШтество Што диШе" и не се користи само за човек туку и за животни. На пример:

,,живи суШтества" (,,дуШи") (1Мој. 1:20);
,,секое живо суШтество" (,,дуШи") (1Мој. 2:19);
,,сите животни" (,,дуШа") (1Мој. 1:28).

Вистина е дека нефеШ е прифатено за различни намени подоцна во Писмото. Во Авторизираната верзија, оригиналниот збор е преведуван дуШа 530 пати, живот или жива 190 пати, лица 34 пати, ѕверови 28 пати и.т.н.. ИзмеЃу останатите употреби се себе, срце, ум, апетит, тело и.т.н. Но неговата употреба секогаШ е поврзана со активноста на живо суШтество кое диШе и никогаШ не имплицира ниШто за траењето на живот. Во стварност, далеку од тоа да препиШува бесмртност на дуШата Библијата јасно кажува дека таа може да умре и дека по сама природа е должна да умре:

,,не ги поШтеди од смрт ни дуШите нивни" (Псалм 77:50)
,,Кој од луЃето Ќе живее, а смрт да не види, и да ја спаси дуШата од пеколот?" (Псалм 88: 48)
,,која дуШа греШи, таа Ќе умре" (Језекиил 18:4)

Не би можеле да имаме појасни искази дека дуШата може да умре.

Состојбата смрт
ПраШањето меЃутоа, останува: што содржи смртта? Во првите поглавја на 1Мојсеева, читаме не само за постанокот на човекот туку и за неговиот ,,пад" за влегувањето на гревот и смртта во свет. Господ Бог му заповеда на човекот:

,,Од секое дрво во градината можеШ да јадеШ, освен од дрвото за познавање на доброто и злото; од него не јади; заШто во оној ден кога Ќе вкусиШ од него, Ќе умреШ" (1Мој. 2:16,17).

НепослуШноста кон Божјата заповед Ќе доведе до смрт. што содржи смртта е јасно по Божјата осуда на Адам за неговиот грев:

,,Со пот од лицето свое Ќе јадеШ леб, се дури не се вратиШ во земјата, од која си земен; заШто си земја, и во земја Ќе се вратиШ" (1Мој. 3:19).

Во суШтина, требаШе да има преиначување на чинот на постанок. Кога Бог го обликува човекот од правта и му дувна во безживотното тело дух животен, и тој постана живо суШтество. Така, со смртта, Бог го повлекува тој животодавен извор од кој Тој самиот е потекло (види Јов 34:14,15; Псалм 35:9) а телото се распаЃа и исчезнува во правта (Проповедник 12:7).

,,Од прав во прав"
Се чини само по себе очигледно за да се напомене, но пред своето постанување од творечката Божја сила, Адам не постоел. Ако смртта е обратна од творечкиот чин тогаШ резултатот мора да биде престанок на постоење и распаЃање на живото суШтество, било да е човек или животно, бидејЌи Што се однесува до нивната природна градба меЃу нив нема разлика:

,,заШто се Што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е диШењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот... Се оди на едно место: се произлегува од земја, и се Ќе се врати во земјата" (Проповедник 3:19,20).

Псалмистот пиШува:

,,кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку сум ниШтожен. Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ниШто пред Тебе. И навистина, се е суета... ДопуШти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веЌе" (Псалм 38:4,5,13).

Значи нема свесно постоење во смртта: нема човечки дел кој продолжува да живее, ниту на небото ниту во пекол. Нема продолжено суШтествување -ни за праведните. Царот Езекија, Божји верен слуга, напиШа:

,,ЗаШто не пеколот Тебе Те Слави, не смртта Тебе те восфалува... Живите, само живите Ќе Те прослават, како јас сега" (Исаија 38:18,19).

И мудрецот ја сумира состојбата:

,,Живите знаат, дека Ќе умрат, а мртвите ниШто не знаат... и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веЌе исчезнале... Се Што може да врШи раката твоја, според силите свои, врШи; заШто во гробот, каде Што Ќе појдеШ, нема ни работа, ни размислување, ни знаење ни мудрост" (Проповедник 9:5,6,10).

Пред едно вака јасно учење за смртта, толку лесно за разбирање, каква потреба има за понатамоШно објаснување? Не може да има никакво продолжено постоење после смртта ниту на небо ниту во пекол. Библијата ни кажува едноставно и логично и неизбежно не води до таков заклучок.

Тоа секако не значи дека нема никаква награда за праведните ниту, се разбира, казна наменета за злите. Но какви и да се тие, заради складноста која ја има во Библијата, таквата награда или казна мора да биде доследна со фактите кои досега ги утврдивме. Размислувањето за тоа Што вели Писмото за небото не води во подобро разбирање за тоа Што Библијата учи околу овие важни праШања за животот и смртта.

Небото -Божјо престојувалиШте
Небото е Божјо живеалиШте. Се разбира, изјавувајЌи неШто вакво не би смееле да ја ограничуваме Божјата возвиШеност и сила, за која Писмото учи дека е сеприсутна со Духот Негов. Псалмистот, размислувајЌи за таа Божја сеприсутност, пиШува:

,,Каде да отидам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? Ако излезам на небото -Ти си таму; Ќе слезам ли во пеколот, Ти си и тука. Ако ги земам крилјата рано в зори и се преселам на крајот од морето, -и таму Ќе ме води Твојата рака, Твојата десница Ќе ме држи. Па си реков: можеби темнина Ќе ме покрие, но и ноЌта е како светлина околу мене; но и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноЌта за Тебе е светла како ден" (Псалм 138:7-12).

Кога Соломон го изгради својот храм -живеалиШте во кое би престојувал Бог -и тој ја увиде оваа вистина:

,,Небото и небото на небесата не Те собираат, а уШте помалку овој храм, Што сум го изградил" (3Цар. 8:27).

Макар Што Божјиот дух го исполнува сиот простор, оваа вистина се совпаЃа со фактот дека Писмото говори за ,,престојувалиШте". Во истата прилика Соломон молеШе од Бога за Израел:

,,кога тие Ќе се молат на ова место... чуј од небото, од местото на Твоето живеалиШте, и смилувај се" (3Цар. 8:30,39.43).


,,Оче наШ, Кој си на небесата"
Мудрецот напиШал:

,,Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу" (Проповедник 5:1) .

и Исус ги учеШе своите ученици да се молат:

,,Оче наШ, Кој си на небесата" (Матеј 6:9).

Овој концепт за Божјото небесно живеалиШте е сумирано во наредниве пасуси:

,,Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луЃето не Го видел, ниту може да Го види." (1Тимотеј 6:16);

,,Небото е Господово небо, а земјата Он им ја даде на синовите човечки." (Псалм 114:24).

Човекот нема пристап на небото пред лицето Божјо; туку Господ Исус, Божјиот единороден Син, по своето воскресение ,,се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога" (Марко 16:19).

И ова исто така е логичниот заклучок до кој не доведува Писмото:

,,Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото" (Јован 3:13).

Земјата ја наследува човекот
Небото не е за човекот: неговото живеалиШте, сега и во било кое идно постоење, е земјата:

,,А кротките Ќе ја наследат земјата и Ќе се насладуваат во изобилен мир... заШто оние, кои Господа Го благословуваат, Ќе ја наследат земјата... Праведниците Ќе ја наследат земјата и Ќе живеат на неа вечно" (Псалм 36:11,22,39).

Господ Исус говореШе за овој Псалм кога рече, ,,Блажени се кротките, заШто тие Ќе ја наследат земјата" (Матеј 5:5). Тој ги научи своите ученици да се молат, 'да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата" (6:10). И Јован имаШе визија за спасените (оние избавени од грев и смрт), кои пејат:

'Ти беШе заклан и со Својата крв не откупи за Бога... и не направи пред наШиот Бог цареви и свеШтеници; и Ќе царуваме на земјата" (Откровение 5:9,10).

Така, земјата, е човековото живеалиШте и исто така неговото ветено вечно место за живеење. За миг Ќе го оставиме праШањето како тоа наследство на земјата е дадено, бидејЌи најнапред мораме да разчистиме некои опШти недоразбирања за 'пеколот".

Гробот е пекол
Има три главни збора во Библијата кои се употребени 'пекол". Во Стариот завет тоа е еврејскиот збор Шеол; во грчкиот од Новиот завет има два збора, хадес и џехена. Зборот Шеол беШе опШто употребуван да го означи сместувањето на мртвиот во земјата. Подобро се употребува 'гроб" или 'јама". Во Авторизираната верзија Шеол е преведуван 'гроб" или 'пекол" секој во 31 прилика, и 'јама" на три места. шеол значи, е гроб, опШтото место на мртвите каде човечките тела се подложни на распаЃање. Гробот е место каде мртвите 'ниШто не знаат... и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората веЌе исчезнале... нема... размислување, ни знаење, ни мудрост" во гробот (Проповедник 9:5,6,10).

'Тие се како овци затворени во пеколот (Шеол), смртта им е пастир... силата нивна Ќе се истроШи во гробот (Шеол)" (Псалм 48:14).

Нема исклучоци: смртта и гробот нудат на луЃето една еднаквост која никогаШ ја немаат во животот, бидејЌи:

'Таму беззакониците престануваат да задаваат страв, таму почиваат изнемоШтените. Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слуШаат викотниците на надзирателот. Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој" (Јов 3:17-19).

Во Новиот завет зборот хадес е еднаков на еврејскиот Шеол. Во Септагинтот -грчки превод на Стариот завет, составен околу 250 години пред раЃањето на Исус -овој збор е користен скоро без исклучок да го претставува Шеол. Во Петровиот говор за Педесетница тој цитира од Псалмот 16 да докаже дека воскресението на Исус и грчкиот текст на Делата го користат зборот хадес:

'Ти нема да ја оставиШ дуШата моја во ад, ниту, пак, Ќе позволиШ Твојот праведник да види распаЃање" (Дела 2:27).

'Пеколен оган"
Третиот збор преведен 'пекол" е џехена, израз кој е стално поврзан со оган и со еден исклучок единствено се наоЃа во Евангелијата. Односните пасуси во записот на Матеј од Евангелието се: 5:22,29,30; 10:28; 18:9; 23:15,33. Вреди да се забележи дека има тек половина дузина различни референци за 'пеколен оган" во Библијата. Се разбира, да имаШе и само еден, сепак Ќе требаШе внимателно да се одреди неговото значење.

За целта на наШата истрага Ќе земеме само еден пасус: објаснувањето дадено во овој пример еднакво се однесува и на сите други. Ги одбравме зборовите од Марко 9 (паралелно со Матеј 18:8,9) бидејЌи ова е несомнено најистакнатиот и разбирлив пример од Господовото учење за Џехена:

'И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеШ во животот, отколку да имаШ две раце и да отидеШ во пеколот, во неизгасливиот оган, каде Што нивниот црв не гине, и огнот не изгаснува" (стихови 43,44 види исто 45-49).

Од поврШното читање некој би почувствувал одредена одбојност за вечни огнови и црви кои не гинат. За среЌа ниедна од овие идеи не навлегува во вистинското разбирање на овој пасус.

Зборот Џехена доаЃа од еврејскиот Џе-Еном, кое всуШност беШе географска локација. Значи: еномска Долина, понекогаШ нарекувана Тофет. БеШе долина на крајот од (тогаШниот) град Ерусалим и од најрано време беШе озлогласено место -поврзано со идолатрија и мразено од Евреите заради страШните пракси околу лажното обожавање: види, за пр. Јеремија 7:31-33. Во деновите на Јосија долината беШе исчистена а нејзините зли пракси забранети (4Цар.23:10). МеЃутоа нејзината неславност, продолжи и таа стана место каде Евреите го гореа градскиот отпад; подоцна го користеа за фрлање леШеви од животни и незакопани криминалци по погубување. За таа цел и да се избегне смрадот од трулежот, огновите постојано се одржуваа таму и станаа синоними за смрт и осуда.

Референцата за негасиви огнови сега се гледа појасно: тие се користат да се изрази природата на божествената казна. Божјите казни се сигурни и немилосни. И тоа всуШност е она Што се мисли со. 'нивниот црв не гине" -ниШто не може да ја спречи изречената пресуда Божја врз оние кои Му свртиле грб.

Тартарус
Пред да ја оставиме темата 'пекол", сходно е кратко да се каже за еден пример на зборот тартарус во Новиот завет:

'Бог, кога не ги поШтеди ангелите Што згреШија, туку ги турна во пеколот (тартарус)" (2Петар 2:4).

Во грчката митологија зборот се однесува за подземна пеШтера, за подземен свет во кои се фрлаа злите. Употребата на зборот во никој случај не може да го помати веЌе изнесеното јасно учење на Писмото. Неговата употреба произлегува од дадените околности поврзани со настанот за кој говори Петар. Постои мала несигурност за точната референца 'ангелите кои згреШиле" некои мислат дека се однесуваат за Кореј, Датан и Авирон, кои кога проговориле против Мојсееј и се побунили против Бога, доживеале единствена казна кога 'земјата се распука... земјата ја отвори устата своја и ги голтна... и тие слегоа живи во адот... и земјата ги покри и нив ги снема" (4Мој. 16:31-33).

Овој настан секако би дал едно прикладно објаснување за употребата на зборот тартарус од Петар во овој еден пример.

Судбината на злите
Досега Што се однесува за злите, веЌе утврдивме дека не е можно оти тие би постоеле после смртта, трпејЌи вечно мачење и беда. Наредниве пасуси се дел од многу:

'греШниците Ќе загинат... Ќе ги снема" (Псалм 36:20).
'Ќе отиде дури во родот на своите татковци, нема никогаШ да види светлина. Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните" (Псалм 48:19,20).
'беззакониците Ќе бидат истребени од земјата, и вероломните -искоренети од неа" (Изреки 2:22).
'Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, заШто Ти ги посети и истреби, го униШти секој спомен за нив" (Исаија 26:14).
'со вечна погибел Ќе бидат казнети" (2Солун. 1:9).

Конечната казна на злите е према тоа униШтување, трајна смрт, отстранување од земјата на живите засекогаШ. Ова одговара и се слага со наШето разбирање на библиското учење за животот и смртта, 'Оти, платата, Што ја дава гревот, е смрт" (Рим. 6:23).

Наградата за праведните
Но Што со наградата за праведните? Ние видовме дека нивното вечно наследство е земјата -земјата осоврШена и исчистена од сето зло. МеЃутоа, ние исто така научивме дека сите луЃе по природа се подложни на смрт и дека во смртта тие немаат свесно постоење. Ако учењето на Писмото треба да е доследно, тогаШ има само еден можен начин за праведните да ја добијат својата награда: треба да се оживеат со воскреснување од мртвите. Последниот старозаветен пасус цитиран во врска со судбината на злите (Исаија 26:14) говори за нивната смрт како вечна: тие 'нема да станат." Во истото поглавје, сепак, пророкот ја споредува нивната судбината со наградата на праведните:

'Твоите мртовци Ќе оживеат, мртвите тела Ќе воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; заШто Твојата роса е роса на растенијата, и земјата Ќе ги исфрли мртовците" (стих 19).
Како тоа би се постигнало? Спасението кое го нуди Бог го побаруваШе Исусовото воскреснување од мртвите; и тоа овозможи за сите верни луЃе да бидат воскреснати како и тој. Така Исус можеШе да каже 'Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, Ќе живее" (Јован 11:25);
и во друга прилика, 'заШто иде часот кога сите, кои Што се во гробовите, Ќе го чујат гласот на Синот Божји, и Ќе излезат: кои правеле добро -Ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, Ќе воскреснат за осудување" (Јован 5:28,29).

Во своето прво писмо до Коринтјаните, апостол Павле наШироко го обработува воскресението, покажувајЌи дека е самата срцевина на христијанската надеж. Неговиот предизвик до некои кои се сомневаа во тоа учење беШе:

'И кога за Христа се проповеда дека воскреснал од мртвите, како тогаШ некои помеЃу вас велат дека немало воскресение на мртвите? А Штом нема воскресение на мртвите, тогаШ и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, тогаШ празна е наШата проповед, празна е и ваШата вера... вие сте уШте во ваШите гревови; тогаШ и оние, Што умреле за Христа, загинале" (15:12-18).

Воскресение
Ако нема воскресение, нема надеж. Но победничкиот заклучок на апостолот е:

'Но, ете, Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените. БидејЌи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите стана преку човек. И како Што по Адама сите умираат, така и во Христа сите Ќе оживеат; но секој по својот ред: прв е Христос; потоа при Неговото доаЃање, Ќе воскреснат сите Што се Христови" (стихови 20-23).
Како можел апостолот да биде поодреден? Само преку воскресение Ќе се постигне живот после смртта, и Господ Исус Христос е само првиот од големото мноШтво, првиот плод на големата жетва на мртви верници кои повторно Ќе живеат кога Исус Ќе се врати на земјата.

Тука го имаме клучот на целата ситуација. Додека светот продолжува каков Што е сега, доминиран од зли луЃе гонети од своите стремежи за моЌ, теШко е за нас да замислиме дека кротките било кога Ќе ја наследат земјата, но средиШте на Божјата цел е второто доаЃање на Исус да го преврати царството човечко; да ги униШти сите кои Му се спротиставуваат и да го уреди царството Божјо, едно божествено опШтество основано врз начела на исправност и праведност каде Тој Ќе владее засекогаШ (види Матеј 6:10; Откровение 11:15; 2Солунјани 1:7-10; Даниил 2:44; Михеј 4:1-5).

Учењето на Писмото не е комплицирано и теШко за разбирање, туку е рационално и логично.

Казна
Писмото говори за две групи на луЃе кои се разбудуваат од смрт во последниот ден: оние кои добиваат вечен живот, и другите исправени во срам и пред казна (Даниил 12:2). Во суШтина човеШтвото може да се подели на три групи. Прво се оние кои нема да се разбудат од смрт, кои ги живееле своите животи во незнаење за Бога и Неговата цел и кои последователно не Му се одговорни: 'Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните" (Псалм 48:20). Доследно на ова, Даниил напиШа дека не сите туку 'многумина од оние Што спијат во земниот прав Ќе се разбудат".

За втората група -оние кои низ своето знаење и разбирање за Бога Му станале одговорни а сепак не биле верни во своето живеење -има неизбежен суд во големото судење кога Бог, преку Исус, Ќе му суди на 'секого според делата негови" (Откровение 22:12). И најпосле тука е и третата група: за верните тоа Ќе биде исполнување на сите нивни надежи -воскресение во вечен живот, поминат во славно нераспадливо тело, и Ќе владеат како цареви и свеШтеници на земјата, со Господ Исус Христос.

Некои приговори земени во обзир
ПогреШно би било да не се признае дека постојат некои пасуси во Писмото за кои многу луЃе искрено веруваат дека го утврдуваат обичното учење за бесмртноста на дуШата и народната идеа за небото како место за праведните. Еве ги основните примери од пасуси кои се чини учат за гледиШте противно на она Што досега го изнесовме:

'Царството небесно"
Ова фраза е употребена само во записот на Матеј од Евангелието. Од некои се претпоставува дека Штом се однесува за небото, стварната локација на царството е на небото. Оттука, 'блажени се бедните по дух, заШто нивно е царството небесно" (Матеј 5:3) и, 'ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно" (18:3) се сфатени да докажуваат дека праведните го уживаат своето наследство на небото. Ако сме сериозни во читање на Библијата, секако, не треба лесно да брзаме во заклучоци и треба повнимателно да ја испитаме фразата 'царство небесно" како Што е употребена во Матеј и утврдиме Што точно значи. Одбираме само два пасуси кои, предлагаме, јасно прикажуваат дека царството небесно во суШтина не се наоЃа на небо, туку -сходно опШтото учење на Библијата -тука на земјата.

Матеј 13 содржи одреден број параболи кои Исус користел да ја отслика својата порака. ПовеЌето започнуваат со зборовите 'царството небесно е како" сепак некои работи кои ги кажа Исус се сосема теШки за ускладување со помислата дека дуШата се пренесува на небото при смрт. На пр., во параболата со каколот, 'нивата е овој свет... жетвата е сврШетокот на светот... И така, како Што се собира плевата и се гори во оган, така Ќе биде и при сврШетокот на овој свет; Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и Ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство... ТогаШ праведниците Ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец" (стихови 24-30,36-43). Може ли навистина да има некакви 'соблазни" во небесно царство?

После средбата со младиот богатаШ, кој не можеШе да се одлучи да распродаде се Што има и да го следи, Исус рече: 'богат мачно (т.е. теШко) Ќе влезе во царството небесно... полесно и е на камилата да мине низ иглени уШи, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо" (Матеј 19:23-24). 'Царството небесно" и 'царството Божјо" се паралелни изрази.

ЗоШто тогаШ Матеј го употребува изразот 'царството небесно"? Некои стихови од Книгата на Даниил во Стариот завет го отсликуваат неговото значење: 'И во деновите на тие царства небесниот Бог Ќе подигне царство кое нема да се разруШи никогаШ" (2:44). Во друго поглавје, Даниил пиШува: 'има небесна власт" (4:23). Дури и големиот Навуходоносор, царот на Вавилон, беШе присилен да признае дека: 'Он дејствува според Својата волја како во небесната војска, така исто и меЃу живите на земјата" и беШе наведен да 'превознесув(а) слава и Го велич(и) царот небесен" (4:32,34). Царството небесно, према тоа, е описно за властта небесна и изразот со право може да се употреби за било која област каде се признава Божјиот суверенитот. Така, Исус не научи на молитва: 'да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата" (Матеј 6:10).

Параболата за богатаШот и Лазар (Лука 16)
Сега разгледуваме една парабола. Не е факт, но Исус користи една вообичаено верувана заблуда -дека праведните биле носени во 'скутот на Авраам" на смирување, додека злите страдале во пеколот. Една од поентите која ја прави е дека Божјите норми се разликуваат од човечките и можат да бидат сосема спротивни од човековите проценки. Другата е дека, верата која Му удоволува на Бога е онаа која е спремна да верува во она Што е пиШувано во Писмото. Ако Божјото Слово не може да ги убеди, тогаШ ниШто не може: 'штом Мојсееја и Пророците не ги слуШаат, тогаШ и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат" (стих 31).

Забележи како деталноста на параболата е сосема неспојива со народните верувања за бесмртни дуШи во небото и пеколот. БогатаШот и Лазар беа во состојба да се гледаат и да разговараат од своите односни места. Тие не беа нематеријални духови, туку поседуваа тела со прсти, јазици и.т.н. (стих 24).

Значи, параболата беШе, една теШка опомена за богатите и моЌни Евреи, кои веруваа дека само затоа Што се Евреи им е обезбеден Божјиот благослов.

Лоповот на крстот (Лука 23:39-43)
Тука имаме еден од најисклучителните примери за вера во Библијата. Човекот, кој умира на крст, со Господ Исус Христос кога сите други го напуШтаат, покажува верување во Евангелието за царството Божјо, прифаЌајЌи го воскресението на Исус и очекувајЌи го сопственото воскресение во денот на Христовото доаЃање во слава. Уверувањето кое му го даде Исус беШе: 'Вистина ти велам денес Ќе бидеШ со Мене во рајот!" (стих 43). Забележи дека не употребивме знак за интерпункција во ова ветување. Тоа е многу важно, затоа Што во изворниот грчки текст немало интерпункција каква Што ние разбираме. Запирките и.т.н. во наШиот превод се сместувани према смислата на јазикот, и ставањето две точки пред зборот 'денес" е дискутабилно. Со иста таква важност би можело да се стават и после зборот 'денес", со тоа менувајЌи го значењето и смислата на зборовите: 'Вистина ти велам денес: Ќе бидеШ со Мене во рајот!". Инаку речено, 'Ти велам сега дека твоето барање Ќе биде дозволено".

Во секој случај, да се читаат зборовите во уверение дека двајцата тој исти ден ке бидат заедно во небото е недоследно со останатото библиско учење. ВеЌе покажавме во Псалмот 16 (цитиран во Дела 2), каде јасно ни се кажува дека дуШата на Исус не беШе на небо туку во пеколот, од каде би воскреснат третиот ден: 'заШто Ти нема да ја оставиШ дуШата моја во ад, ниту, пак, Ќе позволиШ Твојот праведник да види распаЃање".

Има уШте од Писмото од каде можеме вака да испитуваме. МеЃутоа, примерите кои ги зедовме во обзир, би требало да ни помогнат да сфатиме дека навидум противречните пасуси имаат соодветни објаснувања доследни со библиското учење во целост.
Заклучок
Каква е тогаШ наШата реакција на овие вистини од Библијата? Тие не се со намера да бидат сфатени само како факти; туку треба да го погодат целиот наШ поглед кон животот. ЗнаејЌи ја вистинската природа на смртта, треба да сфатиме дека животот е наШата сегаШна прилика. Како Што напиШа Езекија:

'ЗаШто не пеколот Тебе Те слави, не смртта Тебе те восфалува, не слезените во гроб се надеваат на Твојата вистина. Живите, само живите Ќе Те прослават, како јас сега" (Исаија 38:18,19).

Темата е таа за живот и смрт. Од наШата одлука зависи наШата вечна иднина: заборавот во трајната смрт или славното будење во живот вечен при враЌањето на Исус! Колку е, значи, неопходно да ја прифатиме надежта на Евангелието додека има време, додека не сме умреле 'без надеж и безбожници во светот" (Ефесјани 2:12).

Дудлеѕ Фифиелд