Светиот Дух

БИБЛИСКОТО РАЗБИРАЊЕ ЗА БОЖЈАТА СИЛА

Кој или Што е Божјиот Дух? Каков удел има Светиот Дух во Божјото дело? Тоа се сериозни и важни праШања. Ние треба да го управуваме наШето испитување со почит бидејЌи пребаруваме по Божјите работи. Сите наШи истражувања би биле бескорисни ако Бог не н# поттикнал да откриеме онолку колку Што можеме со Библијата како средство, која е Неговото званично Слово.

На почеток да разјасниме каква и да е тајна или забуна Што може да стои зад зборот 'Дух" во изразот 'Свети Дух" во македонскиот превод (второ издание) на Библијата.

Неколку изрази се наоЃаат во Библијата кои го опиШуваат Светиот Дух и тие ги вклучуваат:
'Духот Божји" (Битие 1:2; Матеј 3:16).
'Дух(от) Господов" (Исаија 11:2; Дела 8:39).
'Твојот благ Дух" (Неемија 9:20).
'Духот на Господа Бога" (Исаија 61:1).
'Неговиот Свет Дух" (Исаија 63:10-11).
'Духот на ваШиот Отец" (Матеј 10:20).
'Духот" (Јован 1:32).
'Светиот Дух Божји" (Ефесјани 4:30).
'сила(та) Господова" (Лука 5:17).

Изразот Богот Свети Дух не може да се најде во Библијата. МеЃутоа, има едно јасно и многу силно поврзување помеЃу Бога и Светиот Дух. (Тука нема да расправаме за учењето околу Божеството. Една многу корисна обработка на таа тема се наоЃа во Исус: Синот Бог или Синот Божји?). ВсуШност, за Духот се вели дека е "Божји", "Господов", "од Господа Бога", и "од Отецот", во горната листа на изрази. Ако од тука тргнеме низ Писмото Ќе видиме дека напредувањето не е теШко.

Види ги следниве описи на создавање:

"Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата... Духот Божји лебдеШе над водата" (Битие 1:1,2).

'го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива дуШа" (Битие 2:7).

'Духот Божји ме создал, и здивот на Вседржителот ми дал живот" (Јов 33:4).

'Он ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата" (Јеремија 10:12; 51:15).


Божјата сила во Создавањето

Тоа се тек неколку од многуте докази во Библијата за Божјото дело во создавањето. Самиот Тој со Својата мудрост го зачна чудесниот план, и беШе изврШен со Неговата СемоЌна сила, Неговиот Дух. Бог е Дух (Јован 4:24), и Што и да прави, прави со Својот Дух.

Како созданието се одржува во постоење? Дали е тоа голем часовник, навиен од СемоЌниот и оставен постепено да се движи надолу? Или Господ Бог е с# уШте вмеШан и се грижи за она Што го направил? Библијата во сите свои делови ни вели дека созданието е поддржувано од Бога и дека е Тој секаде присутен низ с# и во с# Што создал. Без Него ниШто не може да постои или продолжи со бивање:

'Бог, Кој го создаде светот... на сите им дава живот, диШење и с#... преку Него живееме, и се движиме, и постоиме" (Дела 17:24-28).

'Ако Он го свртеШе срцето Свое кон Себе и го земеШе при Себе нејзиниот дух и нејзиното диШење, - за миг Ќе загинеШе секоја плот и човекот Ќе се вратеШе во правот" (Јов 34:14-15).

'Кој го создал седмоѕвездието и Орион и ја претвора смртната сенка во јасно утро, а денот го прави темен како ноЌ, ги извикува морските води и ги разлива по земјата? Господ е името Негово" (Амос 5:8).

Бог го исполнува Своето создание. Сета негова активност е поради Неговиот мудар и вседржлив Дух, божествената енергија која ја остварува Неговата добротворна цел. Духот не е 'посебна" или 'друга" личност. Тој е сопствената Божја зрачна сила, која постојано извира од Него, со Што ја постигнува Својата 'сеприсутност". Духот е личен во тоа Што е од Самиот Бог: не е личен во смисла да е некаква друга личност во Божеството.



Писатели вдахновени од Божјиот Дух

Писмото н# учи дека Бог има спасителна намера со човекот и со земјата на која живее. Нема да изненади сознанието дека објавата на таа волја е издејствувана од Самиот Бог преку Неговиот Дух:

'имаме неШто уШте поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите Што на него му обрнувате внимание... никогаШ според човечката волја не е изречено пророШтво, туку светите Божји луЃе зборувале просветувани од Светиот Дух" (2Петар 1:19-21).

Пораката е јасна. Бог јасно ја открил Својата волја преку Светиот Дух врз избрани луЃе наречени пророци. На тој начин Писмото дојде во постоење. Оние кои пиШуваа беа надахнувани од Божјиот Дух и она Што го поставија на пиШаната страница беШе вдахновено од Бога. Затоа, макар Што сите пророци се одамна веЌе умрени, ние имаме потполно уверливо и целосно вдахновено Божје Слово во наШите раце. Бог с# уШте ни говори од тука исто така сигурно како Што говорел низ устата на пророците:

'Светите Посланија... можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено... за да биде Божјиот човек соврШен и годен за секое добро дело" (2Тимотеј 3:15-17).

Божјото Слово дадено на овој начин ни ја покажува Божјата волја и сите славни одлики поврзани со Неговото свето име. Отпор кон пораката и заповедта на Словото Божјо е отпор према Самиот Бог. ВсуШност, тоа е отпор кон Божјиот Дух во секоја смисла на зборот, вклучувајЌи го и поШирокото значење кое го вметнуваме кога говориме, на пр., за 'дух" на согласност. Така Библијата го опиШува отпорот на израелците кон Божјото Слово преку пророците:

'Ти одлагаШе многу години и им напомнуваШе со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слуШаа" (Неемија 9:30).

'Во секоја нивна жалост Он не ги оставаШе и ангелот на Неговото лице ги спасуваШе... ги зеде и ги носеШе през сите древни дни. Но, тие се возбунтуваа и Го огорчија Неговиот Свет Дух" (Исаија 63:9-10).

'Тврдоглави... Вие секогаШ Му се противевте на Светиот Дух - како татковците ваШи, така и вие" (Дела 7:51).

Јасно, тоа не беШе тек чистата моЌ Божја на која бунтовниците се опираа. Тие се опираа на спасителната љубов Божја и праведност, било во Неговите пророци или покасно во Христа. Тие одбија да се покорат на службата Божја. Тоа човечкиот зол дух го оспоруваШе Светиот Божји Дух.


Чуда и необичности

ИмаШе времиња, се разбира, кога моЌната природа на Божјиот Дух беШе објавувана. Од време на време Бог отворено интервенираШе и правеШе чуда меЃу луЃето. Овој аспект на Духот било во добрина или во острина е јасен:

'НаШите татковци во Египет не ги разбраа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте милости Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море. Но Он ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја" (Псалм 105:7-8).

'Он имаШе сила Господова да лекува. И, ете, некои донесоа на постела еден човек, Што беШе фатен... па му рече на фатениот: 'Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!" И тој веднаШ стана" (Лука 5:17-25).

'со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух" (Римјани 15:19).

Чудата на Господа Исуса Христа во стивнувањето на бурата во Галилеја, во правењето зачудувачки улови на риба, хранењето на многу илјади луЃе истовремено, и во разните лекувања, силно потсетуваа на разните дела Божји од Стариот завет. Активноста на Божјиот Дух, како никогаШ порано на земјата, како да беШе восредоточена во личноста на Господа Исуса.

Тоа исто така важеШе и за зборовите кои ги говореШе. Неговите зборови и чуда беа прекрасно здружени. Како Господ Бог да го доближил до човекот, во Својот Син, с# она Што имал да каже во најмилосрден и најсилен облик. Духот ја изврШувал Божјата волја во минатото, понекогаШ со знаци и чуда, смерен и милостив; понекогаШ во говор или видение или сон; но сега, во Христа, Господ Бог даде чудесно и незаборавно објавување, еден Син исполнат со сето зрачење на Божјото Слово а во себе одразот на с# она Што Тој говорел, и опремен со таква сила и овластување како би го проШирил милосрдното Слово во спасителните дела на скоро неверојатна добрина. Во сето тоа Божјата свест и волја беа обзнаени така за да ги спасат очајните, и да им дадат надеж на оние кои беа наведнати од грев, или потиснати од човечките обичаи и ограничувања кои го правеа животот неподнослив за обичниот човек во дните на Исус.

Христовите зборови им помогнаа на напуШтените и очајните. Делата негови донесоа спонтано славење на нивните усни. Неговата предана смрт обезбеди ослободување од нивните гревови. Бог проговорил низ сите овие аспекти од животот на Христа. Потоа во Калварија и во гробот на градината, кога с# изгледаШе изгубено, Господ повторно оживеа со Неговиот Дух:

'Бог и Господа Го воскресна... со силата Своја" (1Коринтјани 6:14).

Така Божјата сила, врШејЌи служба на љубов и праведност, ја посети тивката гробница и го изведе Синот единороден да прими славен и бескраен живот:

'(Бог) Го воскресна од мртвите и Му даде слава" (1Петар 1:21).

'(Неговиот) Син, по тело роден од семето Давидово, посведочен како Син Божји во силата по Духот на осветувањето, преку воскресението од мртвите на Исуса Христа, наШиот Господ" (Римјани 1:3-4).

'преку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна... и с# Му покори под Неговите нозе" (Ефесјани 1:19-22).
'(Христос) се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите" (1Петар 3:22).


Божјата моЌ за воскреснување на мртвите

Христовото вознесение е извор на голема радост и слава за верниците. Христос е Спасител и Христос е Господ. Освен тоа, Бог Кој го воскресна Својот Син од мртвите со силата на Светиот Си Дух ја продолжи Својата волја и цел со него по неговото воскресение:

'за с# она Што Исус почна да врШи и да учи, до денот, кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, Што беШе ги избрал" (Дела 1:1,2).

'Овој Исус Го воскресна Бог, за кое сме ние сите сведоци. И така, Он, откако беШе вознесен со десницата Божја и Го прими Светиот Дух, ветен од Отецот..." (Дела 2:32-33).

Вознесениот Христос е овластен и со сила од Светиот Дух.

Животот кој го живее Исус сега е живот на Духот; тој 'оживе духом" (1Петар 3:18) така да тој сега, во најпотполната смисла, живее преку Духот. Неговата смртност се облече во бесмртност. БеШе проголтана од животот. Понатака, Господ Исус е сега 'животворен дух" (1Коринтјани 15:45):

'Оти, како Што Отецот воскреснува од мртви и оживува, така и Синот ги оживува оние, кои Што сака" (Јован 5:21).

Господ Исус Христос е сега изворот на живот вечен за сите кои веруваат во него. Тој е 'првороден меЃу многуте еднородни браЌа" (Римјани 8:29), Оној кој Ќе прослави 'многу синови", и е 'причина за вечно спасение на сите оние, кои Му се послуШни" (Евреи 2:10 и 5:9). Неможно е да се прецени значењето на сегаШната положба и служба на Господа Исуса Христа како Божји Син. Бог му подари бесмртност и му ја дал моЌта да доделува бесмртност на другите.

Тоа е славната порака на Новиот завет. Во Христа не е само ветувањето за вечно спасение; тој е стварниот Претходник, оној кој пристигнал, и кој самиот доШол до бесмртност. Тоа е цврстото уверение на сите кои доаЃаат до Бога преку него. Христос е навистина Спасителот кој ни е доделен од Бога. Тоа е врвот на делото од Господа Бога со Својот Свет Дух: проречено во древнина преку светите пророци и доведено до соврШенство во раЃањето, животот, смртта, воскресението и вознесението на Исуса Христа наШиот Господ.


Апостолите овластени од Духот

Значи, Евангелието сега се објавува 'во негово име" и напредувањето на пораката за спасение на земјата е сега под негова грижа. Апостолите беа пратени да ги овјавуваат тие добри вести. И беа директно овластени од Духот Божји во Христа, за зборовите кои Ќе ги говорат, и чудата кои Ќе ги изврШуваат, да бидат составни делови на едината порака Божја обзнаена со Христа:

'(откако) Го прими Светиот Дух, ветен од Отецот, го излеа ова, Што го гледате сега вие и го слуШате... И страв ја обзеде секоја дуШа, заШто многу чудеса и знаци се врШеа преку апостолите" (Дела 2:33,43).

'дека во името на Исуса Христа Назареецот... и во никој друг нема спасение; заШто под небото нема друго име дадено на луЃето, со кое би можеле да се спасиме" (Дела 4:10-12).

Да се опира мисијата Христова од апостолите значеШе да се опира Христос: било кој да се опираШе го опираа Светиот Дух како Што тоа го правеа нивните старозаветни сродници (Исаија 63:10 и Дела 7:51). Еврејските власти кои се спротивија на развојот на Евангелието беа 'против Господа и против Неговиот Помазаник" (Дела 4:26). Савле од Тарс, кој подоцна стана драгиот апостол Павле, остро ги прогонуваШе раните верници но, кога беШе предизвикан од Исуса на патот за Дамаск, беШе запраШан од Христа: 'Савле, Савле, зоШто Ме гониШ?" (Дела 9:4).


Словото и Духот

Од другата страна пак, оние, кои веруваа беа подложни на Духовната порака и према тоа на Господа Исуса Христа и неговиот Отец. Словото на Духот ги увери нивните срца, донесувајЌи покајание и надеж за живот вечен. Во Новиот завет нарочито, таа порака, благовестието за "Евангелието за царството Божјо и за името на Исуса Христа" (Дела 8:12), е јасно поврзана со Словото и Духот:

'Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце, односно словото на верата, Што го проповедаме... И така, верата доаЃа од слуШање, а слуШањето - од словото Божјо" (Римјани 10:8,17).

'ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо... ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо" (Јован 3:3,5).

'како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој пребива во сите векови... А тоа е словото, кое ви е благовестено" (1Петар 1:23-25).

'Духот е тој Што оживува; телото ниШто не помага. Зборовите Што (Исус) ви ги кажав се дух и живот" (Јован 6:63).

'примете го насаденото слово, кое може да ги спаси дуШите ваШи. Бидете изврШители на словото, а не само слуШатели, мамејЌи се сами себе" (Јаков 1:18-22).

'живејте по Духот, и желбите на телото ваШе нема да ги изврШувате. Оти, телото сака противни работи на духот, а духот - противни на телото... Бог не дозволува да биде поруган. Што Ќе посее човекот, тоа и Ќе си жнее: кој сее во телото свое, од телото Ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот Ќе пожнее вечен живот" (Галатјани 5:16-17; 6:7-8).
'А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста" (Галатјани 5:22).


Пораката на Духот

Од овие Списи е јасно дека патот за спасение во Христа е патот на Духот. Тоа е Божјиот пат. Спасението доаЃа од Бога. Целата намера и план за спасение и неговото изврШување се од Бога. Човекот беШе с# на с# немоЌен и неплоден. НиШто добро немаШе во него. Бог направи милосрдна и добротворна одредба во Христа. Божјата волја беШе ставена во дело со Неговиот Дух. Сето тоа е обзнаено со Словото Божјо кое е пораката на Духот:

'Кој има уШи да слуШа, нека чуе!" (Матеј 13:43).

'Кој има уво, нека чуе, Што им зборува Духот на црквите" (Откровение 2:7).

Пораката на спасение е силата Божја (Римјани 1:16) која го доведува човекот во допир со Божјиот ум, Божјиот Дух. Една потполно нова снага навлегува во неговиот живот кога волно го прифаЌа Божјото Слово. Кротоста во прифаЌањето на Словото води кон вера. Словото го просветува умот и разбирањето, и започнува процес на промена кој води во покајание и преобратување.

За Божјото Слово врежано во срцето човечко, и со верувањето во напиШаната порака на Библијата, се вели дека е: 'напиШано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето" (2Коринтјани 3:3).

Тоа е чудесно догодување. Вистинско делување на Духот Божји произведено од верното прифаЌање на благовестието на Евангелието. На почетокот од човечката историја умот на Ева беШе загаден од зборовите на змијата. Тоа беа зборови кои значеа грев и смрт. Божјиот пат е да го научи одново човекот. Умот треба да биде спасен од чисто човечкото, телесно размислување. Размислувањето Божјо треба да го замени.

'не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку ваШиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и соврШена волја Божја" (Римјани 12:2).

Словото на Евангелието е направено за тој процес. Тоа е семе кое Ќе донесе духовен плод. Човекот кој Ќе го прими во своето срце Ќе биде зафатен во плимата на Божјата спасителна љубов во делото на Господа Исуса Христа.

Дел од тоа протемелно дело Божјо е да н# увери за грижата Божја и Христова за оние кои веруваат и бараат да се покорат. Заради сето ова е Евангелието; тоа е планирано да н# одведе до Бога преку Христа.

'преку Него доаЃаат кон Бога" (Евреи 7:19,25).

'Приближете се кон Бога, и Он Ќе се приближи кон вас' (Јаков 4:8).

Ние сме уверени за Божјата грижа и за закрилата Христова за време на наШиот живот во ходочасниШтво како Што го чекаме денот на царството Божјо.


Божјата грижа низ ангелите

Еден од начините на кој Бог се грижи за Своите деца е по пат на ангелите:

'Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, Што Ќе го наследат спасението?" (Евреи 1:14).

'Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува" (Псалм 33:7).

Ние према тоа можеме, кога Ќе постанеме ученици Христови, да бидеме уверени дека оние кои се за нас се поделотворни од било Што да е поставено против нас во овој живот.

Можеби најголемиот благослов даден од Евангелието во овој живот е заедниШтвото со Бога преку Господа Исуса со молитвата како средство. Тоа е животната линија. Бог ја слуШа молитвата. Преку посредниШтвото Христово на небото наШите молби и фалби се нудат на Бога и се одговорени согласно она Што е најдобро за нас во Божјата волја:

'Христос (е тој), Кој умре, но уШте и воскресна, Кој е од десната страна на Бога, и Кој се застапува за нас. Кој Ќе н# одвои од љубовта Божја"? (Римјани 8:34-35).

'кај Отецот имаме застапник, Исуса Христа, праведникот" (1Јован 2:1-2).

'Затоа Он и може и за вечно да ги спаси оние, Што преку Него доаЃаат кон Бога, бидејЌи е секогаШ жив за да се моли за нив" (Евреи 7:25).


Силата на молитвата

Дали навистина постигнуваме помоШ со молитвата? Се разбира. Бог реагира на наШата потреба. Молитвата не е замена за силата која се извлекува од Словото Божјо. Молитвата делува со тоа Слово на вера. ВсуШност, Штом ја знаеме волјата и начинот Божји од Неговото Слово ние ја откриваме потребата за молитва како не би влегувале во искуШение. Молитвата во својот нагорен век го спречува надолното влечење на наШата греШна природа. Нам ни е потребен секој извор на помоШ а некогаШ ни е потребен итно. Резервоарот на Божјото Слово во нас, свеста Христова која обилно пребива во нас, секогаШ Ќе дадат совет и сила, бидејЌи е планиран за таа цел. НиШто не може појасно да го прикаже тоа од начинот на кој Христос ги растера искуШенијата во пустината.

Записите за Христовото искуШение се наоЃаат во Матеј 4 и Лука 4 каде Што трикратниот напад врз неговото Синство беШе направен во обликот на трите праШања, од кои сите побаруваа своеволност и би ја одрекнале Божјата волја ако беа успеШни. Господ Исус ги најде своите одговори, и силата да ги направи, во своето разбирање и ослонување на пиШаното Слово на неговиот Отец во Стариот завет. Секое искуШение беШе одбиено со зборовите 'НапиШано е", проследувано со соодветните зборови од Писмото. 'духовниот меч, кој е словото Божјо" (Ефесјани 6:17) го прободе искуШението во срце и ја обезбеди победата Христова.

Исто така, и ние треба да го носиме оклопот на молитва. Молитвата беШе Господовото прибежиШте и утеха. Таа беШе извор на голем благослов за него. Ако искрено побараме Божја помоШ во наШата борба против гревот, секогаШ Ќе ја има:

'И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помоШ" (Евреи 4:16).

'така Што слободно да велиме: Господ ми е помоШник, и нема да се уплаШам: Што може да ми направи човек?" (Евреи 13:6).

Верникот кој преминува во Божјото семејство преку вера и крШтевање постанува син за збринување во секој поглед: да биде казнуван повремено, да биде воден по патиШтата на праведноста заради Него, и да биде благословуван со сила од Бога во животот кој се води во подјармувањето под Господа Исуса Христа. Од утро до вечер, од ден во ден, цел свој век го слуШа словото Божјо:

'Нема да те оставам, ниту, пак, Ќе те напуШтам " (Евреи 13:5).



Дарови на Светиот Дух

Кратко по своето вознесение на небо Господ Исус Христос го вети ова на своите апостоли:

'Ќе примите сила, кога врз вас Ќе слезе Светиот Дух; и Ќе Ми бидете сведоци" (Дела 1:8).

Ова ветување беШе исполнато во Ерусалим на денот Педесетница. Светиот Дух беШе излеан од небото и апостолите веднаШ отворено сведочеа во градот. Голем собир на Евреи од Палестина, медитеранските земји и средниот исток дојде да слуШа 'секој... како зборуваат на неговиот јазик" (Дела 2:6), чудесните Божји дела објавени како никогаШ порано. Сите беа вчудовидени. Петар објасна дека тој и неговите соапостоли ја објавуваа пораката која им беШе дадена со силата на Светиот Дух, и дека нивната можност да го прават тоа во јазици разбирливи за нивните слуШатели беШе исто така обезбедена од истиот Дух:

'И така, (Христос), откако беШе вознесен со десницата Божја и Го прими Светиот Дух, ветен од Отецот, Го излеа ова, Што го гледате сега вие и го слуШате" (Дела 2:33).

Петар го повтори истово објаснување кога покасно напиШа едно писмо до верниците во врска

'со она Што ви се јави сега вам преку оние, кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух" (1Петар 1:12).

Ние сме према тоа уверени дека пораката на апостолите (наречена 'учењето апостолско", Дела 2:42) беШе точно и единствено она Што Отецот и Синот сакаа да објават. Понатаму, нивната порака беШе потврдена со говорењето на различити јазици, и со многи знаци и чудеса - чуда на оздравување и на воскреснување на мртви во името на Христа (види Дела 2:43; 3:4-7).

Говореното слово и знаците дадоа цврста основа за вера. Илјадници поверуваа, и бидејЌи посетителите во Ерусалим ја однесоа пораката со себе, Евангелието се раШири до далечни земји.

Групите верници во наШироко одделните места потребуваа постојана помоШ за да ја очуваат верата која ја прифатија, и да 'напредува(ат) во благодатта и во познавањето на наШиот Господ и Спасител Исус Христос" (2Петар 3:18). БеШе физички неможно за апостолите да престојуваат подолго во секое место, макар Што очито непрестано патуваа во својот труд за Христа. ПоШто тогаШ с# уШте го немаШе Новиот завет од каде Што може да се чита апостолската порака во целина и да се поврзе со Стариот завет кој веЌе беШе во голем оптек. Вдахновените напиШани прикази на евангелиските писатели и посебните писма до поедините заедници и поединци дојдоа во постоење во И век, најголемиот дел пред 70 год. н.е., и тие- или нивни копии- набрзо се обзнануваа на Широко. Покрај тоа самите тие пиШувања беа дел од Писмото дадено од Светиот Дух (2Петар 3:15,16).


Посебни моЌи

Но како се премостуваШе временскиот јаз меЃу кажаната апостолска порака и божествено дадениот напиШан приказ? Светиот Дух беШе средството употребено од Господа Исуса Христа. Покрај апостолите, на одредени други особи им беа дадени посебни моЌи кои беа наменати да ги поддржат верниците во разните заедници. Тие особи беа пророци, евангелисти, пастири и учители (Ефесјани 4:11), а распространетите дарови беа оние опиШаните вака:

'оти, на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг - збор на знаење, преку истиот Дух... на друг - дар за лекување, преку истиот Дух; на еден - да чини чуда, на друг - да пророкува, на еден - да ги разликува духовите, на друг - разни јазици, на трет - да толкува јазици" (1Коринтјани 12:8-10).

На овој начин членовите на секоја заедница или црква беа опремени со дарови кои им помагаа во обавувањето работи за подучување, исправување, поттикнување и јавно сведочење на групата. Никој не ги имаШе сите дарови и даруваните членови беа со тоа направени зависни еден од друг во с#вкупната работа.

Ниту еден од даровите не обезбедуваШе на еден член да го префрла на други членови. Само апостолите можеа да го прават тоа (види Дела 8:14-18).

Ние не знаеме точно кога дарувањето и делувањето на даровите престана, но веројатно беШе некое време по смртта на последниот преживеан апостол. Дека тие Ќе изумрат е дадено во зборовите на Духот преку Павле: 'ако се пророШтва, Ќе престанат; ако се јазици- Ќе замолкнат; ако се знаења- Ќе исчезнат" (1Коринтјани 13:8). Покрај тоа, прекратувањето на тие дарови е здружено со опстанувањето на трите начелни доблести: 'А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта" (1Коринт.13:13). Верата и надежта Ќе отстапат место на реалноста и остварувањето при враЌањето на Господа Исуса Христа.

До крајот на И век Новиот завет беШе заврШен и стана достапен за читање на сите, откако се случи оптекот и собирањето на 27те одделни книги. На овој начин сите цркви би ги имале на достапност сите прикази за животот Христов заедно со службата и посланијата апостолски. Показателно е дека Бог не надахнал никакви посланија после крајот на И век. До тоа време, према тоа, даровите можеа да почнат со исчезнување. Од небиблиски извори дознаваме дека во текот на ИИ век имало луЃе кои тек симулирале посед на даровите, Што само по себе е доказ дека вистинските дарови не биле повеЌе распространети.


Дарови на Светиот Дух денес?

Повремено низ вековите кои следеа имало групи кои тврделе дека даровите биле повторно достапни на луЃето. Пентекосталските и харизматичните движења денес прават такви тврдења. Говорењето јазици, познато како глосолалија, е дар кој ги наткрилува сите други во тврдењата од овој вид. Ретко е тврден како една можност да се говорат туЃи јазици во стилот на апостолите (види Дела 2:4,6,11). Наместо тоа се вели дека на односните им е дадено занесено изговарање кое и тие самите не го разбираат туку мора да се ослонат на другите да го дадат толкувањето.

Воглавно објавата се обзнанува на состаноци на преданите членови од односните групи. Не се употребува како начелно средство за проповедање на Евангелието какво Што го гледаат, а тоа е противно на изравната поука и пракса дадена во Писмото (1Коринтјани 14:22-25). ВсуШност, нема баШ никакви докази дека денеШната појава е на било кој начин поврзана со дарот на јазици опиШан во Новиот завет. Ниту е единственост на 'христијанските" групи. Истите појави ги има меЃу членовите на источните религии и во мормонското движење. Веруваме дека појавата настанува од 'религиозниот занес", една дуШевна состојба на свеста, а не од некакво Божјо делување преку Својот Свет Дух.

Слични разгледувања настануваат околу наводниот 'дар за лекување". Лекувањата направени од апостолите никогаШ не биле изведувани на 'состаноци за лекување". НемаШе никаков верски обред, никаков дуШевен жар издејствуван од пеењето химни и од проповедање, туку изравно и позитивно лекување на отворено, на лице место, за сите да видат; или приватно со еден од апостолите (види Дела 3:1-10 и 9:36-41). Тие чуда го следеа моделот на лекувањата на Господа Исуса Христа. Воглавно, Господ лекувал со допир или со изговорен збор и исходите беа очити.

Двете, процедурите и исходите на денеШните лекувања се насекаде различни од оние на новозаветните времиња. Има многу неуспеси и често недостиг на постојаност во постигнатите подобрувања. Таков не беШе случајот со апостолите. Во тие дни, беШе излекуван човек кој никогаШ немал одено (Дела 3:1-10). Една мртва жена беШе оживеана со тивката молитва на еден апостол и со кажаниот збор до леШот (Дела 9:36-41). ДенеШните исцелители припаЃаат на нехристијански групи, спиритисти, како и харизматици и други. Светиот Дух не може да биде заедничкиот чинител. ПовеЌе се чини дека е исход на моЌта на свеста од исцелителот врз свеста и волјата на лицето кое доШло на лекување. Било Што да се докаже во објаснување, далеку поосновна истрага треба да се направи кај тврдењата на оние кои изјавуваат дека се покренувани од Духот.


Дарови на Светиот Дух и второто доаЃање

ПонекогаШ се тврди дека треба да очекуваме повторно излевање на Духовните дарови пред второто доаЃање на Господа Исуса Христа. Се вели дека како Што Духовните дарови беа знак кога дојде Исус првиот пат, Ќе бидат повторно и пред неговото второ доаЃање. Стиховите во Јоил 2:28-32 се цитирани во поткрепа на тоа тврдење.

Ако заради расправа претпоставиме дека аргументот е исправен, како би очекувале даровите да дојдат? Во харизматичните движења онакви какви Што се денес? Ако да, зоШто? Ако не, како? Макар Што стиховите во Јоил беа цитирани од апостол Петар во поткрепа на излевањето на Духовните дарови во негово време, за забележување е дека не беа цитирани пред да настане излевањето туку после. Освен тоа, доделувањето Духовни дарови не го претходеШе првото доаЃање на Господа Исуса Христа; тоа се случи по неговото вознесение на небо. Ако такво едно излевање треба да се случи повторно, би очекувале моделот да биде сличен на оној утврдениот од првата прилика. Со други зборови, излевањето би го следело а не претходувало второто доаЃање.

МеЃутоа, не треба да теоризираме на овој начин. Писмото ни дава еден поглед за делувањето на Духот во И век и за "идниот век" (Христовите зборови во опиШувањето на идното царство Божјо на земјата, Лука 18:29-30). Оние кои имаа Духовни дарови се опиШани дека 'вкусија... од силите на идниот век" (Евреи 6:5). Духовните дарови беа тек предвкус на моЌното дело на Духот Божји кога Христос Ќе се врати во сила и голема слава. Во тоа време Ќе биде воскресението на мртвите (1Солунјани 4:13-16); светците Ќе го примат дарот на вечен живот (Матеј 25:31,46); Христос Ќе владее врз сета земја од Ерусалим и Ќе биде придружуван од светците, кои Ќе бидат цареви и свеШтеници (Захарија 14:9; Откровение 5:10; 20:4; Псалм 2:6); злите Ќе бидат многу укорени (Псалм 2:5,9; Исаија 11:3,4); земјата Ќе стане прекрасна и плодна (Исаија 35:1,2; Псалм 71:16); изгледа дека физички погодените Ќе бидат оздравени (Исаија 35:5,6); и безброј други чуда Ќе бидат направени од Светиот Дух Божји во рацете на Господа Исуса Христа и неговите прославени светци.


Испит на библиското учење

Библијата н# снабдува со еден многу позитивен тест со кој се одредува важноста на тврдењата од оние кои велат дека говорат или делуваат под директно влијание на Светиот Дух. Тестот не го испитува убедувањето или искреноста на односните, и не ги испитува пристрасните искуства за кои често се вели дека ги имале. Тестот оди во коренот на праШањето: Која е содржината на учењето на пораката? Дали се согласува со библиското учење? Со други зборови, во наШе време, дали Евангелието проповедано од, да речеме, харизматиците, се совпаЃа со учењата на Христа и апостолите? Од оваа причина ни е заповедано 'испитувајте го духовите: дали се од Бога, бидејЌи многу лажни пророци се јавија во светот" (1Јован 4:1).

Напоредно со ова мерило, распространетото евангелиско движење е најдено за тажно застрането од библиското учење. Она Што го имаат за кажување околу животот после смртта, Ѓаволот, Божеството и Господа Исуса Христа, крШтевањето и многу други праШања не звучи вистинито. Невозможно е една заедница, доколку се навистина дарувани од Духот, да бидат толку погреШни на овој начин, не во верувањето на неколку поединци меЃу нив, туку во пораката на движењето како целина. Кога внимателно Ќе испитаме Што се случува, откриваме дека придаваат повеЌе значење на водството од Духот отколку на водство во вистинско учење од Словото Божјо.


Водство од Бога

Тековните разгледувања н# водат во испитување на една друга појава од оние кои тврдат посед на Светиот Дух, имено, тврдења за посебно водство од Духот. За донесувањето одлуки се вели дека се реШени од Духот. Се вели дека одговорите се снабдени од Духот на еден или на друг начин. Едноставно не се тврди дека с# е ставено пред Господа во молитва (пракса за која ние не би имале никаков приговор), туку дека се дадени изразити одговори. Сите видови на случајности и 'докази" се наведени во поддрШка на ваквото донесување одлуки.

Веруваме дека овој пристап произлегува од погреШното разбирање на библиското учење. Коренот на проблемот лежи во еден став кон авторитетот на Писмото. Библијата е книга исполната со водство. ПовеЌето праШања од секојдневниот живот се веЌе потполно одговорени во библиските страници која е наменета да биде 'светилник на нозете мои и светлина за патеката моја" (Псалм 118:105). Книгата Изреки изјавува 'заШто заповедта е светило, и поуката - светлина, а опомената - пат кон животот" (6:23). Редовното молитвено читање на Библијата нуди патоказ на наШите нозе кон Што треба да чекориме. Библијата е водствената книга на Светиот Дух.

ПонекогаШ се тврди, од оние кои тврдат дека Духот им дава водство, дека тоа водство се бара само таму каде Што Писмото молчи. Искуството на писателот со неколкумината такви тврдители е дека побаруваат водство по праШања за кои Библијата е прилично јасна во своето учење, и тврдат дека се водени дури и кога она Што го прават е противно со директното учење на Словото Божјо. Со други зборови, "Духот" е создаден да го отфрли Словото Божјо, и овој судир на авторитет лежи во основата од греШката во пристапот на духовното донесување одлуки.

Ученикот е уверен дека "на оние Што Го љубат Бога... с# им врви добро" (Римјани 8:28). Животот на вистинските верници е во рацете Господови, и треба постојано да Го бараме во молитва за Неговиот благослов во наШето патување низ животот. Тој не ветил отворено да ни открие Што да правиме. Снабдени да го следиме подучувањето на Божјото Слово и молитвеното барање на Господовиот благослов и помоШ во исполнувањето на Неговите заповеди, знаеме дека Неговото надгледување Ќе обезбеди тој животен пат да н# одведе по чекорите на Господарот, и безбедно н# одведе, ако продолжиме во вера, кон живот вечен при враЌањето на Христа.


Треба да избереме!

Избирањето е едно од клучните работи во животот на ученикот. Тој мора постојано да одлучува помеЃу можностите кои му се укажуваат во секојдневното живеење. Неговите одлуки треба да се темелени на Словото од Библијата. Не е библиски прифатлив методот на повлекување од донесувањето духовни одлуки со предавањето с# на Господа или со барањето одговори од Бога. Таквото откровение не е ветено во Библијата. Од нас се очекува да го извежбаме наШиот ум на животните проблеми во светлото на библиското учење и во молитвеното подложување на Бога.

Библијата изобилува со јасното учење кое го поттикнува верникот да го направи исправниот избор основан врз начелата дадени во Писмото. На пример:

'живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот" (5Мојсеева 30:19).

'одберете си сега, кому да му служите" (Исус Навин 24:15).

'Благ и праведен е Господ, греШниците ги изведува на пат, ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патиШта. Сите патиШта Господови се милост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и откровението Негово... Кој човек е тој Што се плаШи од Господа? Нему Он Ќе му покаже кој пат да избере" (Псалм 24:8-10,12).

'Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек соврШен и годен за секое добро дело" (2Тимотеј 3:16-17).


Библијата - Божествен подучувач

Божјото Слово е божествениот подучувач на свеста и н# снабдува со опШирно водство во секојдневните животни случувања. Внатре е изложено јасното учење за изборите кои треба да се направат по скоро сите праШања од христијанскиот живот. Ние го занемаруваме на сопствена Штета. Покрај тоа Словото Божјо е дуШевна храна и н# зајакнува во донесувањето одлуки како оние на Христа. Со други зборови, Божјото Слово ни кажува зоШто како и Што треба да избереме.

Ако ние понизно го прифатиме учењето на Словото и се одлучиме да го следиме, можеме со право да го бараме Божјиот благослов во молитва. Тој ни ветил дека никогаШ нема да н# остави или напуШти. Кога наШиот избор е тежок за одлучување дури и со Библијата в раце и в срце, наШиот правец е предавањето на наШиот пат на Господа во молитва и, без очекување директно откровение од Него, да продолжиме да работиме во вера она Што веруваме дека е мудро пред Него.

Овие едноставни смерници се доволни за животните потреби. Павле даде подробно подучување на учениците во свое време, многумина од кои имаа Духовни дарови, И заврШи велејЌи:

'А сега, браЌа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Он може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меЃу сите осветени" (Дела 20:32).

ХАРРЅ ТЕННАНТ
Темелено врз едно поглавје од книгата на авторот
Христоделфијанци: Што веруваат и проповедаат