Исус: Синот Бог или Синот Божји?

ДАЛИ БИБЛИЈАТА ГО УЧИ ТРОЈСТВОТО?


Исус е Единствен

Не постои никакво сомневање дека Новиот завет го претставува Исуса Христа за исклучителна личност. Тој нуди извонредни докази за необичните моЌи со чудата кои ги изврШил; прави големи забелеШки за човечкиот живот, и вера, и вистинското славење на Бога; а неговите тврдења за себе, како единствен почеток на иден живот, се такви какви Што никој друг не би се осмелил да направи. Неговите апостоли говорат за него, по неговото вознесение, дека е поставен во семоЌност и на власт десно од Бога. А самата негова процена за суШтественото значење на неговата личност е сумирана вака:

'А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа" (Јован 17:3).

Јасно, ако сакаме да имаме некаква надеж за иден живот, треба да ја знаеме вистината за личноста и значењето на Исуса Христа.


Народно гледиШте

ПовеЌето од оние кои воопШто имаат некакви идеји за Исус, размислуваат за него како за дел од Божеството: како за Синот Бог, кој е на небо од почетокот на времето со Богот Отец, еднаков по сила и власт со Него, но дека слегол на земјата да се роди, како човечко бебе, од израелската девојка позната како Девица Марија; потоа умрел на крстот во знак на Божјата љубов за човеШтвото, пред да се врати на небо да ја поврати својата претходна висока положба. За Светиот Дух исто така се мисли како за дел од Божеството, тој е 'Третиот Бог" (Еден од Тројцата), како Што е опиШан во Учењето на Тројството. Односот меЃу трите особи - Богот Отец, Богот Син, и Богот Свети Дух - е сфатен на многу рафиниран начин од учените теолози кои го бранат ова учење, и на многу поедноставен начин од мнозинството на оние кои малку нејасно го прифаЌаат.

ГледиШтето дека 'Исус е Бог" се држи на прилично емотивен начин од многуте искрено религиозни луЃе. Секој Што без двоумење не Ќе ја прифати таа формула веднаШ се цени како 'еретик" и 'нехристијанин". Ова кратко дело е изговор за пријателско и искрено испитување на оваа многу важна тема. Авторот и сите оние кои го делат неговото мислење, истакнуваат со сета расположива сесрдност, дека навистина веруваат оти Исус беШе, и е, дословно Божји Син. Тие не се унитарци, кои размислуваат за Исус како за еден голем надчовек; ниту се 'адопционисти", кои мислат дека Бог го 'присвоил" Исуса за Свој духовен Син. Тие веруваат дека Исус беШе Божјиот 'Единороден Син" на начин каков Што опиШува Писмото.


Не во Писмото

Извонреден е фактот дека идеите содржани во учењето за Тројството ги нема во Библијата. Тоа не е ново откритие. Долго време е тоа познато, од ИВ век на наШата ера. Покасните теолози јасно се произнесоа. На пример, англиканскиот теолог Ј.Х. Нењман, кој му се придружи на римската црква во 1845, напиШа:

'... учењата (т.е. за Отецот, Синот и Светиот Дух) никогаШ не биле изучувани само од Писмото" (Аријанците од 4-от век, 50 стр).

Др. Њ.Р. Маттхењс, долгодиШен декан во Св. Павле, Лондон, беШе поизразит:

'... учењето за Тројството... не беШе дел од изворната порака. Св. Павле не го познаваШе, и не би можел да го разбере значењето на термините употребени во теолоШката формула за која црквата конечно се согласи" (Бог во христијанската мисла и искуство, 180 стр.)

Многу искрени обожаватели на Христа можеби Ќе се вознемират при оваа отворена изјава дека неговиот голем апостол Павле не знаел ниШто за учењето на Тројството!


Како тогаШ настанало?

Да се одговори праШањето треба да знаеме кога настанало. Одговорот е: дури 300-400 години по времето на Исус и неговите апостоли. Очит е фактот Што 'раните црквени стареШини" - теолозите кои пиШуваа во периодот 100-300 н.е. - не знаеја ниШто за тоа, и често изразуваа мислења кои му противречат. За мнозинството нив не беШе ниту праШање за Исус да биде 'соеднаков и совечен со Отецот". Тој Му беШе подреден на Бога неговиот Отец, и за него се мислеШе како за 'создадено Битие". Учењата кои сега го сочинуваат Учењето за Тројството беа одлуки на еден број опШти Црковни Собори. Овие се најзначајните:

325 н.е. Првиот ОпШт Собор во Никеја, изјави дека Синот уШте од почетокот бил од истата природа како и Отецот. 381 н.е. Вториот ОпШт Собор во Константинопол, изјави дека Светиот Дух треба да се вреднува како Отецот и Синот. 431 н.е. Третиот ОпШт Собор во Ефес, одреди дека Исус имал две природи, божествена и човечка; и дека Марија била 'Божја мајка", во опозиција на оние кои тврдеа дека била 'Христова мајка". 451 н.е. Петтиот ОпШт Собор во Калцедон, одлучи дека двете Христови природи сочинуваат само една Особа и една волја.

Прогресивната формулација на Учењето за Тројството преку еден значителен временски период, е јасно изложена кога Ќе се успоредат главните верувања на црквата:

Апостолското верување, секако е едно рано верување иако точниот датум е непознат, го истакнува односот помеЃу Христа и Бога вака:

'... Богот СемоЌен Отец... Исус Христос Неговиот единствен Син... зачнат преку Светиот Дух, роден од Дева Марија...". По своето воскресение Христос 'се вознесе на небо, и седи оддесно на СемоЌниот Отец, од каде Што Ќе дојде да им суди на живите и на мртвите"

Ова е во потполна согласност со она Што Библијата го вели. Но покасните верувања покажуваат многу додатоци и различен поглед.

Никејското верување, 325 н.е., изјавува дека Исус Христос е 'единороден Божји Син, роден од својот Отец пред сите времиња... Бог од Самиот Бог, Вистински Бог од Вистинскиот Бог, и од еден состав со Отецот... Светиот Дух со Отецот и Синот заедно се величи и слави..."

Атаназијското верување, од непознат датум но засигурно од постоење кратко по 500 н.е., е дури поизразито:

'Обожаваме еден Бог во Тројцата, и Тројцата во Еден... Постои една Особа Отецот, друга Синот, и друга Светиот Дух. Но Божеството на Отецот, Синот, и на Светиот Дух, е едно; Славата една, Величието совечно. Богот несоздатлив, Синот несоздатлив, и Светиот Дух несоздатлив..." За сите е изјавено дека се вечни, 'сепак не се тројца вечни, туку еден вечен". Верувањето заврШува со заканувачката изјава: 'Кој сака да се спаси мора да поимува така за Тројцата."

Новото верување за Божеството покрена големо противење на оние кои тврдеа дека ги држат изворните верувања. Исходот беШе преку еден век оШтрата припирка помеЃу црквенити водачи. Одлуките на Црквените Собори во ИВ и В век беа дела на црквените власти одлучени да ги сузбијат сите 'бунтовници". Така официјалното Учење за Тројството беШе обработено и објавено, и неговото прифаЌање беШе прогласено за обавезно.

што вели Библијата?

Пред да се појави Исус, пиШувањата на Стариот завет беа долги векови обожавани од народот израелски (Евреите) како откровение на нивниот Бог Кој ги избавил од Египет со Исходот. Каков впечаток тие стекнале за природата Божја? Одговорот е јасен од следниот цитат:

'ПотврдувајЌи го Божјото постоење, еврејството всуШност дава само една основна идеја, за Него, која е препознатлива догма - Единственоста Божја. 'ВслуШај се Израеле: Господ наШ Бог, е Единствен Господ." Ова е непосредно негирање на многубоШтвото од древниот свет со нивните многу божества. Тоа е непризнавање на идејата дека има два бога или два творечки извори на постоење, едниот на добро а другиот на зло. Исто така е јасно порекнување на поимот за тројство - тројца богови во Еден Што е утврдено учење на христијанството. За еврејството не може да има воопШто никакви отстапки во овој основен концепт за Единствениот Бог Кој е конечниот творечки извор на сиот живот и смрт, елементите на природата и моЌта зад сите сили, физички и духовни" (Ц. Пеарл и Р. Броокс, Водич во еврејското знаење, 96-97 стр.).

До ден денеШен православното Учење за Тројството останува голема препрека за секој Евреин кој ја испитува христијанската вера.

Во овие дни на магловити идеји треба да се потсетиме дека Стариот завет кој Што го поседуваме е истата збирка писанија обожавани во времето на Исус како слово Божјо. Самиот Исус ги опиШа како 'закон, псалмите и пророците" и кажа дека во нив има пророШтва за него самиот. Во Псалм 2 читаме:

'Ти си Син Мој, Јас денес Те родив. И побарај од Мене, и Ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиШтата на земјата - во Твоја власт" (стих 7-8).

Се прават некои јасни заклучоци: Бог помазал некого кој Ќе управува за Него ('Царот Свој") врз сите народи земни. Но тој е Божјиот Син, поШто беШе 'роден". Владарот не е Бог; тој е Синот Божји; и почна да постои од денот кога се 'родил". Како и сите синови, тој е претходен од својот Татко. Главното ова учење е во целост сумирано во првиот стих од Новиот завет:

"Книга за родословот (или раЃањето) на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов" (Матеј 1:1).

Така, кога тој 'син" прво се појави меЃу луЃето, како се ценеШе самиот? Нема никакво сомневање за одговорот: Исус стално говори за себе како за подреден на Отецот, како за зависен од Него за сето своје учење и сите свои дела. Ова се некои негови лични кажувања:

'Синот не може да прави ниШто Сам од Себе, ако не Го гледа Отецот да прави..." (Јован 5:19).

'Учењето Мое не е Мое, а на Оној Што Ме прати" (Јован 7:16).

'Отец(от) е поголем од Мене" (Јован 14:28).

Кога е обвинет од Евреите дека 'се праве(л) Бог", тој ја порекнува вината и вели, 'Јас сум Син Божји" (Јован 10:34-36). Тој дури одбива да се нарече 'добар". Кога е ословен со 'Учителе добар", тој одговора: 'ЗоШто ме наречуваШ добар? Никој не е добар, освен единиот Бог" (Марко 10:18).

Во своето големо пророШтво изречено тек пред да биде распнат, Исус говори за своето враЌање на земјата да владее:

'тогаШ Ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема слава и сила... А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот" (Марко 13:26,32).

Кога воскресна од гробот, ова беШе неговата порака до учениците:

'отиди при браЌата Мои и кажи им: се враЌам при Својот Отец и ваШиот Отец, при Својот Бог и при ваШиот Бог" (Јован 20:17).

Не може да има никакво сомневање за гледиШтето кое го имаШе самиот Исус: Отецот беШе во с# надмоЌен; Синот зависеШе од Него.


Приговор

Сега, некогаШ се приговара дека сите пасуси кои ги цитиравме се однесуваат на Исуса за 'времето кога беШе во Своето тело", како човек, и не можат да се применат на него во неговата возвиШена состојба. Да испитаме Што вели Писмото. Дојде време кога Исус беШе воскреснат од мртвите; неговата смртна природа беШе изменета во бесмртна; и се воснесе на небо, да седи таму оддесно на Бога на почесно место: 'Сам се смири, откако стана послуШен дури до самата смрт... Па затоа и Бог високо Го воздигна и Му даде име, Што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на с#... и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот" (Филипјани 2:8-11).

Воздигнувањето на Исус на почесно место на небо беШе дело на Отецот. Он е Тој Кој треба да се прослави. Сите одлучни настани во животот на Исус се препиШани на Бога Отецот. Бог го направи Исуса и 'Господ и Христос", и го одреди да биде 'Судија над живите и мртвите" (Дела 2:36; 10:42).

Често апостолите говорат за Бога и Исуса во нивниот сегаШен однос на небото. Тоа го прават вака:

'благодат и мир од Бог Отецот наШ и Господа Исуса Христа" (Римјани 1:7).

Точно истото изразување се повторува во еден број на посланијата. Во Ефесјани е:

'Нека биде благословен Бог и Отецот на наШиот Господ Исус Христос... Бог на наШиот Господ Исус Христос" (1:3,17).

Било кога да се навестува за Бога и Исуса на небото, секогаШ се претставени како две одделни Особи, а првенството секогаШ е дадено на Отецот.

Нарочито интересна е Книгата на Откровение, дадена преку апостолот Јован, и скоро сигурно датира околу 90 н.е. или неШто покасно. Во неа се примери за воскреснатиот и вознесен Господ кој директно говори за својот однос со Бога Отецот. Забележи како започнува тоа откровение:

'Откровение на Исуса Христа, кое Му Го даде Бог, за да го покаже на слугите Свои она, Што треба да стане скоро" (Откровение 1:1).

Во раните поглавја Исус директно им се обраЌа на 'седумте цркви, Што се во азија" (стих 4) и во еден број на случаи посочува на Бога својот Отец:

'Кој победува... Ќе го признаам името негово пред Мојот Отец, и пред Неговите ангели" (3:5 види исто така и стихови 12,21).

Тоа се зборови на самиот Исус; беа изговорени околу 60 год. откако се вознесе на небо и го зазеде своето почесно место десно од Бога. Тие го опиШуваат према тоа неговиот однос со Бога во неговата сегаШна прославена состојба. Нивната главна смисла е јасна: Бог Отецот ја има врховната власт; Тој го дава откровението на Својот Син; Својот престол го дели со Синот; и Нему Синот Му се обраЌа со "Мојот Бог". Нема никаков предлог за 'соеднаквост" во овие многу показателни изјави.

Но најизразитиот коментар за односниот авторитет на Бога Отецот и Неговиот Син се наоЃа во описот на апостол Павле за Христовото владеење во 1Коринтјани 15:

'А потоа Ќе биде крајот, кога (Христос) Ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството... Кога, пак, (на Христа) Ќе биде потчинето с#, тогаШ и Самиот Син Ќе Му се потчини на Овој (Бог), Кој Му потчини с#, за да биде Бог с# во с#" (стихови 24-28).

Исправното разбирање на односниот авторитет на Таткото и Синот не можело да биде дадено појасно. На врвот од Татковата цел со народите земни, Синот Ќе ја врачи назад врховната власт на Отецот. Сега одмерено да видиме Што тоа значи. Исус во моментов е на небото близу 2000 години. Тој Ќе се врати за да владее на земјата 1000 години (Откровение 20:4). Кога на крајот на тоа владеење Ќе го предаде царството на Отецот, Синот Ќе биде прославен во бесмртност веЌе 3000 години! Сепак тој Ќе го предаде тогаШ царството на Отецот! Подреденоста на прославениот Син према Бога Отецот не можела појасно да се изрази. ЗаШто Богот Отец е Тој Кој, на крајот, Ќе биде "с# во с#".


Потеклото на Синот

Како доШол Исус во постоење е објаснато со едноставни зборови во евангелието на Лука. На Марија, богобојазлива девица во Израел, која била потомок на царот Давид, $ се јавил ангел со многу необична порака:

'Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! ...ти Ќе зачнеШ во утробата и Ќе родиШ Син, и Ќе Го наречеШ со името Исус (Спасител). Он Ќе биде голем и Ќе се нарече Син на СевиШниот; и Ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида... и царството Негово нема да има крај" (Лука 1:28-33).

Да застанеме за малку да го увидиме Шокот од изненадувањето и радоста Што овие зборови ја предизвикаа кај неа. Таа многу добро го знаеШе ветувањето до Давид од пред повеЌе од 900 години. Потомок (син) Давидов Ќе беШе средството за обновување на славата од израелското царство, и за помирувањето на Израел со Бога. Тој беШе долго очекуваниот Месија, а таа всуШност требаШе да му биде мајка. Нејзиното дете требаШе да владее на престолот Давидов!

Но тогаШ - неприлика. Иако Марија беШе верена со богобојазлив Израелец по име Јосиф, тие с# уШте не беа венчани, и не доаЃаШе ниту во предвид раЃање на дете додека беШе така. Како тогаШ, Марија го праШа ангелот, Ќе се оствари тоа ветување? Ангелот е многу одреден во својот одговор:

'Светиот Дух Ќе слегне на тебе и силата на СевиШниот Ќе те осени; па затоа и роденото Ќе биде свето и Ќе се нарече Син Божји" (стих 35).

Да се заврШи сликата, евангелието на Марко ни ја дава случката како Што му се појавила на Јосиф, нејзиниот иден сопруг. Пред да се венчаат, Марија беШе 'теШка од Светиот дух". Ќе беШе потполно оправдано Јосиф да одбие да ја венча. Но еден ангел имаШе порака од Бога за него:

'Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиШ Марија, жената своја, заШто зачнатото во неа е од Светиот дух; таа Ќе роди Син и Ќе Му ставиШ име Исус, заШто Он Ќе го спаси народот Свој од неговите гревови" (Матеј 1:20-21).

Од ова Јосиф можеШе да разбере дека тоа дете Ќе биде Месија. Целата епизода е заклучена со изјавата на Матеј: 'А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели (го цитира пророШтвото на Исаија изречено 700 години пред тоа): И ете, девица Ќе зачне во утробата своја и Ќе роди Син, и Ќе го наречат Емануил - Што значи: со нас е Бог!" (стихови 22-23).

Овие божествени изјави до Марија и Јосиф содржеа најзначајни вести. Едно дете со голема судбина требаШе да се роди, и не само Што Ќе владее на престолот Давидов засекогаШ, туку исто така 'Ќе го спаси народот Свој од неговите гревови". Но потеклото на детето е јасно нагласено. Марија Ќе биде мајката, но Јосиф не Ќе е таткото. Детето Ќе биде зачнато бидејЌи 'силата на СевиШниот", 'Светиот Дух" Ќе дејствува над Марија за да го оствари чудото. Така 'девица Ќе зачне" и нејзиниот син Ќе се нарече 'Син Божји". Ова е јасното учење на Библијата за девственото раЃање на Христос.


Исус, синот човечки

ПонекогаШ постои противење да се прифати фактот дека Исус, Синот Божји, беШе потполно член на човечката раса. Некои чувствуваат, да се мисли за него оти ја имал наШата природа со сите нејзини слабости е понижувачки, и се фрла сомнеж на неговата безгреШност.

Тука повторно треба да ги погледнеме доказите од Библијата. Ние веЌе го видовме јасниот запис за неговото потекло и раЃање: Син Божји, но исто така и син Маријин. Апостолот Павле, пиШувајЌи до Галатјаните, го поставува вака: 'кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот" (4:4).

'се потчини на Законот" значи дека беШе Израелец, кој беШе под законот Мојсеев. Павле ни кажува зоШто: 'за да ги откупи оние, Што се под Закон" (стих 5). Евреите живееја под закон кој ги осудуваШе бидејЌи не можеа да го држат без греШење. Исус се роди еден од нив, за да може потполно да ги претстави во своето дело на откупување.

Посланието до Евреите опиШува како Исус требаШе да биде 'преку страдања(та усоврШен)", за да може да биде 'творец на спасението" на оние кои Ќе бидат синови (и Ќерки) Божји. Од таа причина 'Оној Што осветува (Исус), и оние, Што се осветуваат (верните), сите се од Еден"; т.е., се од една природа. Тоа е она Што текстот го изјавува, говорејЌи за синовите и Ќерките овој пат со 'деца":

'бидејЌи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа..." (Евреи 2:10-14).

Ова е јасна изјава дека природата на Исус беШе иста како онаа на неговите следбеници, 'тело и крв". Писателот продолжува кажувајЌи ни заШто така требало да биде:

'затоа должен беШе во с# да личи на браЌата, па да биде милостив и верен првосвеШтеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни. ЗаШто во она, Што Сам претрпе, откако беШе искуШан, во тоа Ќе може и на искуШуваните да им помогне" (стих 17-18)

Накратко, Исус, за да го изврШи своето големо дело на жртва за грев, требаШе да биде од истата природа како оние кои дојде да ги спаси; и за да биде милостив првосвеШтеник, требаШе да има искуство од сите нивни искуШенија. Поентата е еднакво јасно поставена во поглавје 4, стих 15:

'Оти, ние немаме таков ПрвосвеШтеник, Што не може да не соучествува во наШите слабости, туку таков, Кој вкусил с# како и ние, освен грев" .

МеЃутоа, постои големо противење да се прифати идејата дека Исус дословно ги страдал сите искуШенија како и ние. Некои чувствуваат, да се мисли за него како дословно ги чувствувал искуШенијата - т.е., поттикот да направи грев - е осквернително и го прави помалку безгреШен. МеЃутоа, тоа е голема греШка. Постои огромна вистина поврзана со животното искуство и смртта на Исус и сега треба да ја погледнеме


ЗоШто беШе роден така Божјиот Син?

Каква беШе Божјата цел во донесувањето на свет Свој Син на таков начин? Следните изјави Ќе го појаснат тоа:

'Ќе Му ставиШ име Исус (Спасител), заШто Он Ќе го спаси народот Свој од неговите гревови" (Мат. 1:21).

'Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе" (Јован 1:29).

'Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, Што Христос умре за нас, уШте додека бевме греШни... Оти, ако како непријатели (на Бога), се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, тогаШ уШте повеЌе Ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле" (Римјани 5:8-10).

Јасната порака која извира од овие кажувања е дека делото на Исус, под добрата рака на Бога неговиот Отец, беШе да биде жртвуван за да се отстрани гревот, и за луЃето да можат да бидат спасени и помирени со Бога. Тоа е големото дело на откупување со Христа. Нам ни треба откупување; ни треба 'спасување", како Што вели Библијата. Иначе наШата состојба е иста таква каква Што им рече апостол Павле на Ефесјаните дека им е, кога с# уШте не го знаеја евангелието:

'во она време бевте без Христа... без надеж и безбожници во светот" (2:12).

Каква поразителна пресуда! Сепак сличен таков е и наШиот случај - 'без надеж", без делото Божјо во Христа. Затоа Евангелието на Христа не е пријатно 'дополнително реШение", туку животно нужно ако сакаме да ја одбегнеме судбината на вечна смрт.


Животното дело Христово

Така доаЃаме до 'проблемот" (ако можеме да го наречеме така) кој бараШе реШавање. ЧовеШтвото не може да се спаси од последиците на гревот, т.е., смртта. Сепак Бог 'не сака да изгинат некои": Тој всуШност посакува 'сите луЃе да се спасат" (2Петар 3:9; 1Тимотеј 2:4). Сепак Он не може да превиди грев, затоа Што тоа би било одрекнување на Својата праведна власт. Така гревот мора да биде признаен, осуден, и победен на таков начин Што луЃето со најревносни, најчестити срца Ќе можат да го видат наравоучението, и за себе ја признаат вистината. На луЃето им е потребен Откупител кој може да постигне со себе, и за нив, она Што тие со својата слабост не можат.

Така Бог го објавува Својот единствен Син, роден со силата на Неговиот Свет Дух, сепак потполн член на човеШтвото. Тој Син ги доживува сите искуШенија на човекот, но одлучно ги отфрла, и одбира да ја врШи, не својата волја, туку волјата на неговиот Отец. Битно е за нас да сфатиме дека Исус ја донесе оваа одлука чисто по своја волја. Тој не беШе на тоа присилен од Бога, или неминовно предодреден на тоа со некаква предпостоечка свест на небото. Према зборовите од Посланието до Евреите:

'Тебе Ти омиле правдата, а омрзна беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со елеј на радоста повеЌе од Твоите соучесници" (1:9).

Така, претставувајЌи ја човечката раса, Христос го победи гревот во самата таа природа, во телото, каде Што пред тоа владееШе: тој го преобрати првобитниот неуспех кој одведе до Падот, и бивајЌи самиот безгреШен, можеШе да биде понуден како жртва за гревот. Неговата смрт на крстот беШе откуп за човечкиот грев. Така Бог, задржувајЌи ја Својата праведност за осудување на гревот, може сега во изобилието на Својата љубов и милост, да го проШири опростувањето на гревови и помирувањето со Себе на сите оние кои Ќе го признаат Неговото дело во Христа.

Ако Исус веЌе постоел на небото, како дел од Божеството, неминовно е дека би бил под длабоко влијание на тоа знаење, во текот на својот живот како 'Исус од Назарет". Тој би знаел оти неговото воскресение и вознесение се одредености. Не би имал потреба, ниту би можел, нарочито по своја волја да одбере да Му се покорува на Бога пред најголемите природни притисоци за угодување себе. Неговата голема победа на гревот, како претставник на човечката раса, не би била можна и потребниот откуп за гревот не би бил постигнат.

РазбирајЌи ја вистината за природата и искуството на Исус 'во дните на неговото тело" е апсолутно суШтествено ако сакаме да го разбереме Божјото дело за спасение преку него.


Светиот Дух

Учењето за 'Богот Свети Дух" дојде многу покасно во тринитарната теологија на ИВ и В век. БеШе последно, по Отецот и Синот, за изјавување дека е 'Бог". Апостолската Вера не знае ниШто за тоа; и неговото појавување во Никејското и Атаназијското верување се чини, према некои стручњаци, како 'покасна замисла".

Библиското претставување на Светиот Дух е многу поинакво. Тој е силата и влијанието со кој Бог ги остварува Своите цели. Во почетокот 'Духот Божји лебдеШе над водата" и во исход разните дела на Создавањето се остварија. Сите живи неШта, човекот и животните, вели Псалмистот, зависат од Бога:

'им го одземаШ ли духот нивни - умираат и во земјата своја се враЌаат. Го праЌаШ ли духот Свој - се создаваат; Ти го обновуваШ лицето на земјата" (Псалм 103:29-30).

Со Својот Дух Тој ги оддржува сите на живот.

Древните пророци ги говореа своите пораки од Бога, не измислуваа сами од себе, 'туку светите Божји луЃе зборувале просветувани од Светиот Дух" (2Петар 1:21). Самиот Исус ги врШеШе своите чудеса и ги говореШе своите зборови на живот, бидејЌи го 'помаза Бог со Дух Свети и сила" (Дела 10:38).

Никаде описите на дејствијата на Светиот Дух не предлагаат дека треба да се мисли за него како за особа.

----------------------

НЕКОИ БИБЛИСКИ ПАСУСИ ОДНОВО ПРЕГЛЕДАНИ

Но не предлагаат ли некои новозаветни пасуси дека Исус постоел на небото, и дека слегол од небото, како Што тврди Учењето за Тројството?

Навистина има неколку пасуси во Новиот завет, кои се обично употребувани од оние кои држат слични гледиШта. Извонредното неШто е дека се тие толку малку - едвај повеЌе од пола дузина на било која материја. Во кратко дело како ова не може да се направи повеЌе од кратка обработка на некои од нив, но доволно за да се предложи како можат да бидат сфатени во склад со остатокот од Писмото.


1. 'рече Бог: Да создадеме човек според НаШиот образ и подобие како Што сме Ние..." (Битие 1:26)

Ова е еден од ретките пасуси од Стариот завет кои понекогаШ се изнесуваат во поддрШка на учењето за Тројството. МеЃутоа, очит е фактот дека Евреите, кои ги примија старозаветните записи на својот сопствен јазик, староеврејски, никогаШ не извлекуваа никакви тринитарни замисли од нив, туку всуШност точно спротивното - тие цврсто веруваа во Едниот Бог. Учењето за Тројството отсекогаШ било огромна препрека за секој Евреин кој ги прегледувал учењата на црквата.

'Бог" во горниот цитат е елохим, збор множина по облик, но може да биде во смисла на двете и еднина и множина. Најчесто се употребува за Самиот Бог, но понекогаШ за оние кои делуваат за Него со Негово овластување. Така е употребен за израелските судии, бидејЌи беа одредени да изврШуваат суд во Негово Име: 'Немој да ги злословуваШ судиите" (Исход 22:28). Во Псалм 81 владарите народни се наречени елохим (стих 1 и 6), но бидејЌи 'суд(еа) неправедно" (стих 2), Ќе умрат 'како луЃе" (стих 7). Во Псалм 8 за човекот е речено дека е направен 'малку помал од ангелите (елохим)" (стих 5; цитиран во Евреи 2:7).

Во склад со оваа употреба, горниот цитат од Битие е најдобро сфатен за ангели. Се разбира нема никаква препорака за Тројство во било кој случај. Макар Што делови од стихот се цитирани во Новиот завет, никогаШ не им е дадена тринитарна смисла, ниту овој пасус бил воопШто употребуван во расправиите околу темата во раните векови.


2. 'Во почетокот беШе Словото..." (Јован 1:1).

Овде е многу важно да се сфати во која смисла апостолот Јован го користи грчкиот термин логос (збор). ОпШта е согласноста денес дека објаснувањето не треба да се бара во замислите на тогаШните грчки филозофи, туку во еврејската мисла за старозаветните Списи.

Во еврејското верско размислување и пиШување, Словото и Мудроста доШле до тоа да се применуваат за Самиот Бог. Во Изреки поглавје 8 има еден извонреден пасус за 'мудроста":

'Јас, премудроста, живеам со разумот... јас сум разум... Господ ме создаде за почеток на Својот пат, на Своите творби, ме создаде уШте од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата... Кога Он го приготвуваШе небото, јас бев со Него" (стихови 12,14,22-23,27).

Додај ја кон тоа и оваа изјава:

'Преку словото на Господа се зацврстија небесата..." (Псалм 32:6).

Во грчката (Септагинт) верзија на овој Псалм, 'словото" е логос. Во арамејските коментари од тоа време Мемра (слово) дојде до тоа да се употребува како име за Бога.

БидејЌи логос беШе во тековна употреба во грчката филозофија на неговото време, Јован требаШе да ја даде вистинската смисла на библиската објава. Така логос, прво како мисла зачната во умот, потоа изложена во дело, ја претствавува Божјата мудрост изразена во Неговата намера. Словото према тоа го претставува Божјиот ум. Затоа 'Бог беШе Словото", или како Што вели Библијата: 'Словото беШе во Бога" - вистинското значење на Бога е Неговата свест и волја.

Така 'Словото стана тело" (Јован 1:14) и Исус, Божјиот Син, се роди. Тоа не е 'втеловен Син", туку 'втеловено Слово". Многу е нелогично да се претпостави, прво, предпостоењето на 'Богот Син" а потоа да се толкува 'Словото" на Јован во таа смисла. Како Што баравме да покажеме библиското учење не дава никаква поддрШка за некое слично учење.


3. 'слегов од небото не да ја изврШувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати" (Јован 6:38).

Во која смисла Исус слегол 'од небото"? Приказот за неговото раЃање ни кажува дека тој доШол во постоење поШто 'Светиот Дух (силата на СевиШниот) Ќе слегне на" мајка му Марија. Тој се роди како резултат од директната интервенција на Божјиот Свет Дух. На еден единствен начин само тој од човечката раса можеШе да каже 'слегов од небото".

Исходот на таа небесна интервенција беШе Што тој можеШе да посочи на големата разлика измеЃу себе и Евреите кои го отфрлаа неговото тврдење. Апостолот Јаков ни дава вредно навестување, кога изјавува дека има две мудрости: една земна, дуШевна, Ѓаволска; а друга 'која доаЃа одозгора", мирна, чиста и праведна (3:14-18). Првата е природното размислување на човечкиот ум, кој ги исполнува сопствените желби; втората е умот и размислувањето на Бога. Исус изразито вели дека доШол 'не да ја изврШувам Мојата волја" (да ги следи сопствените природни желби) туку 'волјата на Отецот, Кој Ме прати" (мудроста одозгора). Така тој може лесно да им каже на Евреите:

'Вие сте од долните, а Јас сум од горните" (Јован 8:23);

'Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот" (14:9).

Не дека Исус и Бог биле истата особа; туку дека Синот соврШено го одразувал умот и мудроста на Отецот.


4. 'И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата Што ја имав во Тебе, уШте светот пред да настане. ...Ме возљуби уШте пред да се создаде светот" (Јован 17:5,24).

Овде наШата потеШкотија е во тоа да разбереме како можел Исус да биде славен и љубен од Отецот пред да биде навистина роден како една независна особа. ПотеШкотијата всуШност настанува заради наШето ограничено поимање за времето.

За нас поминувањето на времето е како линија. Одделни настани се одредени точки на таа линија. Така кога би сакале да ги покажеме односните места од времето на Авраам, Мојсеј, Давид, Даниил, Христа и апостолите, ни треба неШто вакво:

Авраам Мојсеј Давид Даниил Христос Апостолите
/ / / / / /
1800пне 1400пне 1000пне 600 пне п.н.е/н.е 50 н.е. итн


Неминовно се појавува еден ред на прикажување. Не можеме да го замислиме нивното место во историјата на поинаков начин. Но тоа е поради наШиот ограничен ум. Немаме никаква свест за далечното минато; и воопШто никаква за иднината.

Но Бог не е подложен на тие ограничувања. Неговиот ум е бесконечен во сила. Тој може исто толку да биде свесен за минати настани, или за идни, колку Што е за сегаШноста. Така, ние не можеме да го претставиме Божественото искуство на времето со линија. Тоа повеЌе мора да биде како дадениот дијаграм.

Ние сега знаеме дека Мојсеј не постоел пред Авраам, и дека Давид живеел околу четири века пред Даниила. Но во наШиот дијаграм Бог е центар на сводот; Тој е исто оддалечен од сите нив. НаШата 'далечина" ја претставува Божјата бесконечна свест. Тој беШе исто толку 'свесен" за тоа каква особа секој би бил, долго пред тие да бидат родени. Тој можеШе да ги замисли, и да пророкува за нив. Значи Отецот знаеШе каква личност Ќе биде Синот всуШност пред да се роди и да почне да живее како посебна личност. МожеШе да планира Што Тој конечно Ќе постигнел преку него. МожеШе да го 'слави" и 'љуби" однапред сопствениот Син, 'единородениот од Отецот".

Авраам
1800 п.н.е.
БОГ Апостолите
50 н.е. +
Мојсеј
1400 п.н.е.
Исус Христос
п.н.е./н.е.
Давид
1000 п.н.е.
Даниил
600 п.н.е


Како Што го постави тоа апостол Петар:

Христос 'е предназначен уШте пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас" (1Петар 1:20).

Исто така и зборовите од Исус до Евреите:

'Авраам, таткото ваШ, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува... Јас постојам уШте пред да се роди Авраам" (Јован 8:56-58).

Авраам, примајЌи ги ветувањата, го очекуваШе доаЃањето на Оној со кого 'Ќе бидат благословени сите родови на земјата" (Битие 12:3). Исус знаеШе дека беШе Односниот, имајЌи првенство во Божјата цел дури и пред Авраама.


5. Исус 'е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; бидејЌи преку Него е создадено с#... С# е преку Него и за Него создадено. Он е пред с#, и с# преку Него се држи. И Он е глава на телото, односно на Црквата (или заедница на верници); Он е почеток, првороден меЃу мртвите, за да има првенство во с#" (Колосјани 1:15-18).

Начелото на Божјото предзнаење истакнато во задниот оддел е од голема помоШ во разбирањето на ова. Апостол Павле силно ја нагласува истакнатата позиција на Христос во Божјата цел со светот.

Во која смисла беШе Исус 'образ на Бога"? Зборовите на Павле до Коринтјаните објаснуваат:

'Христ(ос), Кој е образ (Божји)... Оти Бог, Кој некогаШ заповедал од темнината да изгрее светлина, Он ги озари срцата наШи за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исуса Христа светло" (2Коринтјани 4:4-6).

Значи Христос е 'образ Божји" бидејЌи го осветли 'познанието на славата Божја" во неговото лице, то ест во неговиот карактер. Сега, славата Божја овде не е некакво јасно светло или чудесна сила, туку самиот карактер на Самиот Бог во Својата светост, Својата вистина и милост. Тој карактер Исус соврШено го одрази, како Што вели Јован:

'и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот (полна со благодат и вистина)" (Јован 1:14).

ТогаШ, Исус беШе по образот Божји, не како физички дупликат, туку како одраз на Очевиот Дух, со благодат и вистина. Тој овде е наречен 'првороден пред секоја твар". Титулата 'првороден" два пати е употребена за него во Новиот завет бидејЌи беШе првиот член на човечката раса за воскреснување од мртвите во бесмртност:

Христос 'Првороден од мртвите" (Откровение 1:5),

'Христос... прв Ќе воскресне од мртвите" (Дела 26:23).

'првороден меЃу многуте еднородни браЌа" (Римјани 8:29).

Исус беШе првиот од новото создавање на бесмртни суШтества; сегаШните верници во Христа се 'наследници" со него на истото ветување (Рим. 8:17).

6. 'треба да ги имате истите мисли, Што ги има Исус Христос, Кој иако беШе во обличје Божјо, сепак не држеШе многу до тоа Што е еднаков со Бога ('не држеШе дека треба да посегне (зграби) по еднаквоста со Бога' изв. грч. текст); но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луЃето; и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послуШен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст" (Филипјани 2:5-8).

За главната намера на апостол Павле во овој пасус не постои никакво сомнение: следбениците Христови треба да ја покажат истата понизна свест како нивниот Господар. Павле, потоа коментира за некои појави од Христовото искуство, но на неговите запазувања им се даваат разни толкувања.

Во 'обличје Божјо" претставува проблем: во која смисла апостол Павле го употребуваШе зборот 'обличје"? Тоа не може да биде во чиста 'физичка" смисла, бидејЌи Исус не се појави меЃу луЃето како едно бесмртно суШтество. Павле повторно го употребува зборот во наредниот стих: 'зеде обличје на слуга". Кога Исус клекна пред учениците да им ги измие нозете, зазеде став, и ги презеде обврските на, слуга. Тој дојде да 'служи", рече. Така во својата служба, Исус зазеде став на Бог према своите пријатели, говорејЌи со Божјо овластување и во Негово име. Тој беШе Емануел, (Бог меЃу нас).

Тој 'не држеШе многу до тоа Што е еднаков со Бога" ('не држеШе дека треба да посегне (зграби) по еднаквоста со Бога") значи дека 'не беШе на мислење оти е тоа неШто за заграбување". Новоанглиската Библија вели 'не мислеШе да ја зграби еднаквоста со Бога' ('није се отимао да се испореди с Богом" српски превод: КараџиЌ; 'није се као плијена држао своје једнакости с Богом" хрватски пријевод: Дуда/Фуцак). Таа 'еднаквост" треба да биде конечната награда на Исусовата верна служба; како Што вели Павле:

'Бог високо Го издигна и Му даде име, Што е над секое име, та во името на Исуса" секој да ги преклони колената "и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ" (стихови 9-11).

Еднаквоста на која Павле мислел беШе споделувањето на самиот Божји посед. Но тоа не е една еднаквост во конечни термини, заШто Павле заклучува:

'за слава на Бога Отецот".

Исус не се обиде, вели Павле, 'да заграби" по тоа крајно овластување по сопствена волја. Макар Што се чини дека нема никакво јазично поврзување, паралелата со градината едемска е извонредна. Ева $ веруваШе на змијата која $ рече дека ако вкуси од забранетото овоШје нема да умре, туку 'Ќе станете како богови и Ќе знаете Што е добро, а Што зло". Ќе биде еднаква со Бога. Така таа 'посегна" по наградата на свој начин, исполнувајЌи ја својата волја. И Адам ја следеШе. Таков не беШе начинот на Исус. 'Не како Јас Што сакам, туку како - Ти" не му беШе само последната молитва во Гетсиманија, туку и смислата на целиот негов живот.

Така Исус 'Сам Себе се понизи", Што е објаснато со фразата која следи, 'зеде обличје на слуга". Тој се движеШе меЃу луЃето не како Кнез кому му припаЃа слава, ниту како Божји помазан владар на светот, туку како 'Божјиот слуга" проречен од Исаија. Така Павле го изрази тоа:

'вие ја знаете милоста на наШиот Господ Исус Христос дека Он, бидејЌи богат, осиромаШи поради вас, та и вие да се збогатите преку Неговата сиромаШтија" (2Коринтјани 8:9).

Тој се 'изедначи со луЃето". Зборот 'изедначи" во никој случај не може да значи 'сличен, но не и ист", заШто јасното сведочење на Новиот завет, како Што веЌе видовме, е дека 'должен беШе во с# да личи на браЌата", споделувајЌи го 'телото и крвта" со нив, и доживувајЌи ги сите нивни искуШенија (Евреи 2:14,17; 4:15). Таа изедначеност е идентитетот: 'по вид се покажа како човек".

Така, овој прилично тежок пасус, е во потполна складност со останатото учење на Новиот завет. Исус е Божји Син, и е целосно човек. Тој ги отфрла сите свој желби за исполнување и сиот понос на својата единствена позиција; со својата понизност тој постигнува откуп за останатите, и им станува пример на сите вистински верници.


7. 'Господ мој и Бог мој" (Јован 20:28).

Овие зборови на Тома, уверен на стварното воскресение на Исус откако ги виде раните на неговите раце и ребра, се често цитирани во доказ дека 'Исус е Бог". Но како треба да ги сфатиме неговите зборови? Клучот се наоЃа во библиското учење за 'Името" Божјо. Бог го објави Своето Име на Израел преку Мојсеја во овие термини:

'Господ Бог Штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински! Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проШтава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува..." (Исход 34:6-7).

Од ова е јасно дека Божјото име е опис на Него Самиот како за морално Битие; тоа е она на Што наликува Бог по карактер. Но тоа 'Име" може да биде дадено на други. Проучи ја следната Божја изјава до Израел во пустината:

'Еве, Јас го праЌам пред тебе Ангелот Мој, за да те пази по патот... Пази се и послуШај Го и не противи Му се, оти и Он нема да ви го прости гревот, бидејЌи името Мое е во Него" (Исход 23:20-21).

Во овој извонреден пасус ангелот требаШе да биде за Израел на местото Божјо; тој Ќе ги говореШе Божјите зборови; за нив тој беШе Бог. Сега, ако тоа можело да биде вистина за еден ангел Господов, колку ли тек повеЌе може за самиот Син Божји? Затоа и зборовите:

'А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа ... Го јавив името Твое на (учениците)... Оче Свети, запази ги во Твоето име оние, Што си Ми ги дал, за да бидат едно, како Што сме и Ние" (Јован 17:3,6,11).

'Јас и Отецот едно сме" (Јован 10:30).

Така, Исус, уживаШе единство на свест и Дух со Отецот, Што можеШе да рече, 'Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот" (Јован 14:9). За учениците Исус беШе на местото Божјо; тој ги говореШе Божјите зборови, ја објави Божјата вистина, ги кажа Неговите пресуди. Накратко, во таа состојба тој беШе Бог. Значи зборовите на Тома, 'Господ мој и Бог мој", се во склад со Господовото учење. Тома морал да го слуШнал тоа порано но тек тогаШ беШе го разбрал.


8. "Одете и научете ги сите народи, крШтавајЌи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух" (Матеј 28:19)

Пригодно е да се обработи сега овој случај, бидејЌи е пак во праШање 'името". Тоа не е никаква 'тринитарна формула", како Што понекогаШ се изнесува. Тоа е објава на откупителната Божја намера во своите три фази. Името на Отецот е она веЌе опиШаното (во Исход 34), во Својата светост, вистина и милост. Тоа име беШе објавено со Синот, кој живееШе по правдата на Отецот и со својата жртва стана средство на спасение за сите кои Ќе слуШнат, поверуваат и се крстат. Тој Син го објави Духот од Отецот, Светиот Дух, прво во силните дела, потоа во својот одраз на '(свеста) волјата на Духот" (т.е., на Бога). Така нема тука, значи, три имиња; има само едно име, поШто сите се објава на Единиот Бог. Тоа е во склад со она на Што учи остатокот од Новиот завет.


9. 'а за Синот: 'Твојот престол, Боже, е вечен" и 'Жезалот на правдата е жезал на царството Твое. Тебе Ти омиле правдата, а омрзна беззаконието; затоа Боже, Твојот Бог Те помаза со елеј на радоста повеЌе од Твоите соучесници"" (Евреи 1:8-9).

Битно е да се помни целта на апостолот во ова воведно поглавје од Посланието до Евреите. Во минатото Бог говорел преку пророците; сега Тој проговорил преку Својот Син, кого го подигна да Му седи оддесно. Синот е поголем од ангелите; тие се Божји слуги, но Синот е Божјиот 'првороденец", одредениот цар за идното доба. ПророШтвото од Псалм 88 е тука од помоШ:

'Јас Ќе го направам првороден син, повисоко од земните цареви" (стих 27).

На тоа царство на Синот се посочува горе во Евреи цитатот. Забележи го сведочењето за карактерот на Синот: му 'омиле правдата, а омрзна беззаконието". Затоа Бог го возвиШи.

Дека терминот 'Бог" (елохим) може да се однесува за Синот, читателот треба да погледне на запазувањата за разните употреби на елохим, изложени порано (под 1). Ако зборот можел да се употребува за судиите израелски и за ангели, не е ниШто чудна неговата примена за Синот.

МеЃутоа, она Што е многу показателно е начинот на кој продолжува цитатот од апостолот: бидејЌи Синот ја засака правдата и го замрази безаконието, 'Затоа Боже, Твојот Бог Те помаза". Значи Исус може да се нарекува Бог во библиски говор, но постои Еден поголем Кој му е нему Бог, ниШто помалку туку 'Богот Отец" (Филипјани 2:11).


10. 'И пак: 'Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие Ќе загинат, Ти остануваШ; сите Ќе изветвеат како облека... но Ти си секогаШ Ист, и Твоите години нема да се сврШат'" (Евреи 1:10-12).

Овој цитат е од Псалм 101, кој треба да се чита во целост за да се види неговата смисла. Псалмистот ги оплакува своите страдања, но наоЃа утеха дека 'Ти, Господи, вечно пребиваШ... Ќе станеШ, Ќе се смилуваШ на Сион... Незнабожците ('народите" изв. текст) Ќе се заплаШат од името на Господа, а сите земни цареви - од Твојата слава" (стихови 12-15). Па така, повторно ја имаме мислата за Божјото владеење над народите, 'кога Ќе се соберат народите и царствата заедно да Му служат на Господа" (стих 22).

Псалмистот потоа говори за своите несреЌи како Божји слуга, но наоЃа утеха во помислата дека Бог е Вечниот Творец на сите неШта:

'Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род. Во почетокот Ти, Господи, ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце" (стихови 24-25).

ОпШтата мисла на псалмистот е јасна: за доаЃање е ново доба кога сите земни цареви Ќе Го слават Божјото име и кога 'Синовите на Твоите слуги Ќе се веселат и потомството нивно Ќе се зацврсти за навек" (Псалм 101:28).

Во пасусот Евреи апостолот ја зел опШтата мисла за Божјата трајна природа и врховност над земјата и народите, и ја применува на царството од Синот, Божјиот 'Првороден... Господар на земните цареви". Кога Бог го создаде светот, вели Павле во Коринтјани, Тој тоа го направи со Синот во поглед (види под 4 и 5). Преку Синот е тоа Што Ќе бидат уредени новото небо и земја на праведна управа. ПоШто Синот е сега бесмртен, неговата управа Ќе трае засекогаШ. Неговите 'години нема да се сврШат"

Овој пасус ја прикажува нужната потреба да се разберат одредени делови од Писмото во склад со учењето на целината. Целата тема на Евреи 1 е превласта на Синот, Наследникот на с#, над ангелите, Божјите слуги. Одделот 10-12 треба према тоа да се сфати во таа смисла. Она Што направи Бог со создавањето на небото и земјата, Синот Ќе го направи под Бога, 'кога Ќе дојде... во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаШ Ќе седне на престолот на славата Своја" (Матеј 25:31).


ЗАКЛУЧОК

На неколку страници го прегледавме најголемото дело Што некогаШ е изврШено на земјата: целта на небесниот Бог преку Својот единствен Син да ги откупи од човечката раса управувана од гревот и осудена на смрт, оние луЃе кои посакуваат да постанат 'народ Што Ќе го носи Неговото име". Главните појави на таа цел се јасно дадени во Библијата. Бог уШте од почетокот ја предвиде потребата за Откупител, ниШто помалку туку Неговиот единороден Син.


'Христос Божјата мудрост..."

Тој Син требаШе да биде потполн член на човечката раса, за да биде, не нивна замена, туку нивен целосен претставник. СтавајЌи ги настрана своите природни желби, тој одбра да ја врШи Очевата му волја. Така гревот беШе совладан во сопственото поле, човечката природа, а Исус умре за битното помирување, 'Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе". Од тогаШ па наваму, луЃето кои веруваат најдоа во него опрост на гревовите и помирување со Бога.

Чудесноста е Што тоа големо дело с# уШте трае. Ние смо многу далеку од просторот и времето од дните на Исус и од глетките на неговото сведочење. Сепак во големата милост Божја ние пак можеме да знаеме и разбереме Што имаа да кажат тој и неговите апостоли на оние кои беа волни да слуШаат. Но само од библиските страници, и никаде на друго место. Тие скапоцени страници го побаруваат наШето ревносно и поШтено внимание со жар и понизност, заШто каде би оделе на друго место? Како и Исус во минатото, тие ги имаат 'зборовите за вечен живот".