Една Библија многу цркви

ДАЛИ Е ВАЖНО шТО ВЕРУВАМЕ?

Насловот на оваа броШура е делумно објективен и делумно субјективен: односно, делумно фактичен и делумно праШање на проценка. ЕДНА БИБЛИЈА- МНОГУ ЦРКВИ е секако неоспорно? Дали е важно Што веруваме? е отворено за расправа. Разумно е да се почне каде Што се чини дека Ќе има најмногу согласување - дека има една Библија. Тоа сигурно е очевидна вистина? Секако дека постојат неколку верзии и многу преводи - но една Библија, било да е јазикот источен или западен, древен или денеШен. Текстот не е отворен за измена како би се донел во склад со овој или оној став. Има на стотици ученици брзи да откријат било какво меШање со книгата. Илјадници пенкала се подготвени да го посочат секој обид за плеткање со зборовите. Библијата е единствена, употребувајЌи го зборот во својата вистинска смисла - постои една Библија. Кај секој народ е иста и единственоста на Библијата е недопрена.

Дека постојат многу цркви изгледа исто така само по себе видливо. Постојат некои кои тврдат дека има многу имиња но црквата е иста. Тоа е говорна веШтина да се сокријат поделбите. Различните имиња стојат за различни каузи. Навистина, се слични во некои погледи но разликите се и тоа како стварни. Постои разлика во учењето помеЃу една и друга црква, и понекогаШ разликата е многу важна, дури основна. ПонекогаШ пак во истата црква има идеји и пракси кои се меЃусебно противречни. Во секој случај учинокот говори за себе - некој кој се обидува да ја пронајде вистинската црква е збунет и во недоумица и присилен на крај да залелека дека не може да се одлучи кога е соочен со толку многу различни цркви собрани околу една Библија. ПотеШкотијата е засилена со фактот Што сите различни цркви тврдат дека го засновале своето учење врз Библијата. Како настанала ваквата состојба?


Развиток на разликите

Кога протестанските реформатори се спротиставија и потоа се одделија од римската црква, нивниот борбен повик беШе 'Библијата, целата Библија и ниШто друго освен Библијата". Тој повик го подвлекуваШе теоријата дека кога луЃето би ја читале Библијата за себе Ќе ја откријат вистината за Бога и Неговата цел, Ќе ги отфрлат своите стари греШки, и така би се здружиле во една заедничка вера.

Едно од големите разочарувања на протестантизмот беШе дека теоријата не успеа. Наместо единството кое го очекуваа неговите основачи, со време даде разноврсни мислења и еден голем број на ривалски верски заедници сите тврдејЌи во некоја смисла дека се основани врз Библијата, резултирајЌи во верскиот хаос на христијанството денес. Една од причините за денеШното екуменско движење е свесноста дека постоењето на толку различни цркви е понижување на самото христијанство. Таа лична слобода која беШе суШтествена појава на протестантската кауза ги произведе самите неШта кои ја ослабнаа. Привидно восредоточени околу една Библија, протестантските цркви во текот на вековите ги зголемија своите разлики.

БеШе ли теоријата погреШна - идејата дека учењето на Библијата беШе доволно и, за добронамерниот и разумен човек, очито? Фактот дека исходите паднаа далеку под идеалот не ја прави теоријата лажна. Како Што Ќе се покаже покасно имаШе други чинители кои го расипаа и ограничија обединувачкиот ефект на верската вистина. Библиските тврдења за себе вметнуваат дека нејзиното учење е конечно и доволно. Тоа Бог говори до луЃето. Таа изјавува дека Бог проговорал во текот на вековите преку Своите свети пророци и сега најпосле проговорил преку Својот сопствен Син Исус Христос. што беШе кажано, преку пророците и Синот, за нас е напиШано во библиските страници. Без неа, Што се однесува до нас, Бог молчи. Некои религиозни луЃе тврдат дека имале визии и примиле посебни откритија, одделно од Библијата, но за повеЌето луЃе нема никаков знак или сигнал од небото. Небесниот глас е даден во пиШаните реченици на Божјото Слово во списите - и никаде на друго место.

Земи го во обзир сведочењето на Библијата за својата достатност. НаШиот Господ често ги укоруваШе луЃето од свое време - но ниту еднаШ не ги укори за читање на Писмото, туку ги укоруваШе за не делување во согласност со прочитаното. Тој рече: 'Прегледајте го Писмото, заШто вие мислите дека преку него Ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за мене" (Јован 5:39-40). На садукеите им рече за нивниот став кон воскресението: 'Се лажете, оти не ги познавате Писмата" (Матеј 22:29), и продолжи велејЌи, 'А за воскресението на мртвите не сте ли читале, Што ви рекол Бог, Кој вели: Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите". Исус рече дека тоа Бог говори до генерацијата на дотичното време, и бидејЌи го запоставија тие застрануваа.


Светото Писмо

Апостолот Павле имаШе соработник во служба на евангелието по име Тимотеј - син на Еврејка од Листра. Две од посланијата на Павле беа напиШани до тој млад човек и во едно од нив апостолот ги употреби овие зборови: 'уШте како мал ги знаеШ Светите Писанија, Што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса" (2Тимотеј 3:15). Од ова писмо до Тимотеја ние исто така гледаме како тој го примил своето прво знаење на списите: од неговата мајка Евника и баба му Лоида. Во Дела 17 има запис за тоа како Павле и Сила го проповедаа евангелието до Евреите во Бер. Тие го примија словото радосно, но ја испитуваа вистината од она Што Павле и Сила го кажаа и 'секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така". Павле не ги укори поради тоа туку ги пофали за нивната ревност.

До верниците во Солун напиШа: 'С# испитувајте, за доброто држете се" (1Солунјани 5:20). Овие препораки го истакнуваат фактот дека списите се кадри и доволни да ја учат вистината за Бога нужна за спасение и да го поддржат правото и должноста на обичните луЃе да ги читаат списите за себе.

Сосема е вистина оти апостол Павле ги предупреди верниците против оние кои ги извртуваат списите и прават да значат неШто Што не е намеравано. Но ниту еднаШ не ги предупредил против читање на списите, бидејЌи ги поттикнува 'како новородените деца, бидете желни за вистинско и разумно млеко (на словото), та во него да пораснете за спасение" (1Петар 2:1,2). Нивниот духовен пораст и добро познавање на Бога зависеШе од внимателното читање на Зборот на Вистината. Нема ни најмал предлог дека со правењето на тоа би биле изложени на опасност или би биле одведени од верата. Напротив важната и главна појава на овие пасуси е дека списите се способни да ги учат луЃето на вистината за спасението и дека вистината е сфатлива за обичниот свет. Согласно на Библијата, тогаШ, теоријата на реформистите беШе исправна, но неШто тргна погреШно.


Многу цркви

ПоШто Библијата е намеравана не да прикрие туку да открие, не да причинува забуна туку да утврдува единство, како доШло до тоа да откако му станала достапна на сиот народ и со појавата на верска слобода, христијанството да стане мноШтво на различни цркви, исходувајЌи во денеШниот верски хаос? Воглавно, два чинители го произведоа овој несреЌен исход. Прво, ако сакаме да ја разбереме Библијата исправно, нужно е да $ се пријде искрено, со подготвеност за учење и волност за подложување на нејзиното учење. ПотеШкотијата беШе Што толку многу луЃе $ пријдоа со однапред направени заклучоци, барајЌи во нејзините пасуси подрШка за учења веЌе одредени од други извори.

ИмаШе забележителна склоност кај луЃето да го создадат Бога по својот сопствен образ - да ги дотераат своите замисли за Него према своите сопствени желби, така да тие измислија еден Бог во склад со она каков би сакале Тој да биде, наместо каков Што е даден во Библијата. Тие $ приоЃаат на Библијата барајЌи поддрШка за еден измислен Бог и многу често се задоволни дека Библијата ги подржува.

Тоа задоволство е дадено со летимично читање на одредени пасуси од списите, хировито одбирање делови од Библијата кои се допадливи, и отфрлање на оние делови кои тоа не се. Понатака, обликувани се или поддржувани учења врз изолирани текстови без оглед на главното учење на списите. Често учењата се меЃу себе одвоени, и се посебно поврзани како целини, и конечниот и логичен исход на нивното учење не е подобро разгледан. Така да разликите и противречностите не се изведени на светло.

Второ, некои цркви се управувани од одредени учења на кои им е дадено повеЌе од вообичаеното значење, Што исходило во запоставување на друго важно учење. Исходот на тоа е изместеното и неуравнотежено гледање на библиската вистина кое води до погреШни заклучоци и искривена замисла за спасението.

Во религиозниот свет денес, према тоа, би било неможно да се добие јасно и еднодуШно објаснување за Божјото царство, Авторитетот и Вдахновеноста на Библијата, Второто ДоаЃање на Исус Христос, важноста на Крстењето, природата на Црквата, значењето на Господовата Вечера, природата на Човекот, Воскресението на Исуса Христа и за Животот после Смртта. Цркви кои долги години го учеле својот народ на теологија основана врз учењето за бесмртност на дуШата, сега наоЃаат дека некои од нивните водечки теолози и писатели велат оти тоа учење не е библиско туку паганско; дека опстанокот на поединецот нема да се постигне со одењето на дуШата на небо при умирањето, туку со воскресение на телото при второто доаЃање на Исуса Христа.

Тоа е библиското гледиШте за природата човечка, но тек малкумина веруваат во него. Библијата вели дека човекот е смртен. Тоа го вели категорично и јасно, а сепак во религиозниот свет има несигурност, сомнеж и намерна противречност. Ова само по себе ја прикажува збунетоста и мноШтвото замисли кои се испречуваат пред барателот на религиозната вистина, и кои толку често го исполнуваат со безнадежност и очај, или кои нудат рамнодуШност која води во апатија и скепса. ПонекогаШ таа рамнодуШност е изразена во верувањето дека не е важно која црква е посетувате или Што верувате - со толкав избор, секоја е еднакво добра колку и другата.


Дали е важно?

Како прв чекор, разумно испитај. Замисли некого во болница подготвен за операција кој дознава за хирургот кој Ќе го оперира дека е на мнение оти не се важни правилата на хирургија - дека е најважно да се земат инструментите и да се работи. Скоро да е сигурно дека пациентот Ќе се откаже! Замисли некој кој се спрема да патува со авион и дознава дека пилотот мисли оти не се важни правилата за воздуШно управување - дека е најважно да се полета и да се верува во сетилото за правец. Скоро да е сигурно дека некој патник би избрал друг вид на превоз!

Овие описи се, секако, наводни и претерани. Но кога станува збор за религијата, она Што во случајот со хирургијата и летањето е очито погреШно и опасно, премногу често се зема за разумно и безопасно. Многу луЃе се на мнение дека не е важно Што веруваШ за Бога доколку водиШ чесен живот. Навидум, дали е тоа разумно? Дали се чини дека Бог, Кој го создал светот и секојдневно го одржува со закони кои се непроменливи и конечни, би бил рамнодуШен на тоа како Го гледаат луЃето? Не би ли било разумно да се очекува дека таквиот Бог би бил живо заинтересиран за тоа Што луЃето мислат за Него и како го третираат Неговото слово? Но вистината е дека човекот не е оставен на своите чувства по ова праШање. Бог проговорил а Библијата тврди дека е Неговиот збор. Таму Бог ги дал правилата на вистинската религија, правила со кои можеме да Му пријдеме и бидеме прифатени од Него и да го примиме Неговото спасение.

Со оглед на тоа, исто толку е опасно колку и глупаво да се запостават правилата на вистинската религија колку Што е и запоставувањето на правилата на хирургијата и летањето. Единствената разлика е Што резултатите на запоставување во религијата не се така очевидни на почеток, но на крај се многу потрајни и непроменливи. Во случајот со религијата, исто толку стварно, нечиј живот е во праШање.


Што е со трпеливоста?

Верската трпеливост е благослов кога значи слобода за непречено славење на Бога, но помалку од благослов кога ги заразува луЃето со еден вид слепило кое ги заробува од способноста да разликуваат црно од бело. Во древнина кога луЃето силно ги чувствувале своите религиозни верувања, беа подготвени отворено да разговараат за она Што мислеле дека е исправно и погреШно, но сега во ова време на слободоумие и спогодби, на верските препирки се гледа како на неШто застарено; неШто скоро за срамење. Непомирливите ставови се заземаат поретко - воздржливоста е клучен збор и с# Што навидум Ќе го разгори огнот на расправа се осудува.

Во некои места се чини дека најбитно неШто е да не се доаЃа до одредени заклучоци за било Што. 'Разговарај и разгледувај но не одлучувај". 'Некои религии се можеби подобри од други - но сите религии се добри". 'Одбери ја онаа која ти одговара и го дава најдоброто од тебе и не ги повредува другите". Ова гледиШте се чини умерено разумно - но е противно на библиското учење. За вистинската религија, како Што е дадена во Библијата, битна е идејата за нетрпеливост - т.е., наспроти вистинската вера, она Што е противно и спротиставено мора да е лажно. Ова гледиШте е незгодно, но на искрениот човек треба да му е логично.

За начинот на приоЃање на Бога, Библијата употребува зборови кои се заповедни и одлучни. Еден пример е во Евреите: 'без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејЌи оние, кои доаЃаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, Што Го бараат" (11:6). Забележи ги зборовите не е можно и треба. Писателот не вели оти е подобро да Му се пријде со вера или дека е теШко да се пријде без вера. Тој вели, 'без вера не е можно да Му се угоди" и оние кои Му приоЃаат 'треба да веруваат". Овие зборови не дозволуваат никаков среден тек. Било кој да приоЃа мора да верува и нема никакво приоЃање без вера. Тоа го покренува праШањето: 'ЗоШто не чинам ваков каков Што сум? Што ми недостасува вака?" Библијата открива дека Бог не е подготвен да прифати било кого заради природната му добрина. Тоа е неприфатливо и би било неправедно. Некои се родени во лоШи околности и живеат во понижувачки услови, така да природната добрина е една битка; други се родени во добри околности и живеат во соодветни услови, така да им е полесно да бидат добри. Бог не ги прифаЌа луЃето врз оваа неправедна основа.


Основите за Божјото прифаЌање

Пред Бога сите се греШни и нивната добрина е недоволна да ги оправда пред Него. Има само еден стандард на исправност, светост и правда, а тоа е Божјиот стандард, и Бог нема ниту еднаШ да го нагодува тој стандард да би услужил на човечката неодлучност. Гревот денес не е ниШто помалку греШен отколку Што бил во времето на Ное или Ева. Бог не прераснал од Бог кој мрази грев во Бог кој го превидува. Човечката добрина споредена со Божјиот стандард за исправност е заостаната и осиромаШена. ВоопШто не е добро доаЃањето кај Бога со наШата 'бодовна листа" која сведочи дека сме чесни луЃе, дека ги плаЌаме наШите долгови и никогаШ не ги повредуваме наШите соседи. Во врска со угледот ова можеби е важно, но во врска со спасението е безвредно. НаШата троШка исправност не е никаков пасоШ кон Божјата милост. Библијата учи дека треба да го отфрлиме сопствениот овенат морал и да признаеме дека не сме дораснати до Божјиот стандард. Тоа се нарекува Покајание.

БидејЌи луЃето не можат да бидат примени врз основа на нивната природна добрина, Што е непримерно и неправедно, Бог ги прима врз основа на нивната вера. Верата која ја покажуваат им ја вбројува во исправност. Тоа е големото учење за оправдание со вера и објаснува заШто е неможно да Му се пријде на Бога без вера, и заШто оние кои приоЃаат мора да веруваат. За да покаже како работи големото правило апостолот Петар го зема случајот на еден човек, Авраам. Авраам доби одредени ветувања од Бога, во времето кога беа изречени, изгледаа, така речено, неможни за исполнување. Но Авраам имаШе вера во ветувањата во пркос на спротивните изгледи и Бог го вброи тоа во исправност:

'во ветувањето Божјо не се посомни со неверие, туку остана тврд во верата, и Го прослави Бога, наполно уверен дека Он е силен и да го изврШи она, Што го ветил. Затоа тоа му се прими како оправдание. Но, не само за него е напиШано дека му се прими, туку и за нас: Ќе ни се прими, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса Христа, наШиот Господ, предаден за наШите гревови и воскреснат за наШе оправдание" (Римјани 4:20-25).

Павле инсистира дека правилата кои делуваа во случајот со Авраам се стварни за секој човек кој Ќе Му пријде на Бога за спасение.


Вера во Божјото Слово

СуШтествена појава на процесот е верба во словото Божјо. Таа е почеток на новиот живот, основа на вистинската религија. Апостолот Петар пиШува за 'прерод(ување) не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој пребива во сите векови" (1Петар 1:23). Затоа толку многу делови од Новиот завет ја истакнуваат потребата за верување и вера:

'Дојде при Своите и Своите не Го примија. А на сите Што Го примија - на сите Што веруваа во Неговото име - им даде можност да станат синови Божји" (Јован 1:11-12).

'А без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејЌи оние, кои доаЃаат при Бога, треба да веруваат..." (Евреи 11:6).

'Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој Ќе поверува и се крсти, Ќе биде спасен" (Марко 16:15).


Вера или суеверие

БидејЌи верата е толку важна, држи расудувањето дека верата која ја побарува Бог не може да значи верување во она Што е лажно или измислено. Верата на која Бог инсистира е вера во она Што е вистина, бидејЌи верата во она Што е лажно е суеверие. Библијата вели, 'какви му се мислите во дуШата негова, таков е тој" (Изреки 23:7). Ни вели дека конечно делата на човекот се условени и управувани од она Што тој го верува, и према тоа следи дека лажно верување може да исходи во лажен живот.

Писателите на Новиот завет го знаеја тоа и постојано ги поттикнуваа верниците да се држат до вистината. Земи ги во обзир силните зборови кои ги употреби апостолот Петар по оваа иста тема: 'Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеШе неШто друго од она, Што ви го благовестевме ние, нека биде анатема! Како Што рековме порано, и сега пак велиме: оној Што ви благовестува неШто поинаку од она Што го примивте - нека биде анатема!" (Галатјани 1:8).

Тоа се озбилни реченици. Павле изрекува двојна клетва врз оние кои проповедаат лажно. Тоа е еден пример за 'нетрпеливоста" за која веЌе говоревме, и кое е толку различно од денеШниот став за мирна трпеливост према поимувањата за Бога кои се сосема различни и понекогаШ исто толку разорни. Павле настојуваШе дека евангелието кое го проповеда е вистина и било Што да го противречеШе е лага. Тој докажуваШе дека постои опиШлив стандард на вистина за Бога и Неговата цел и оние кои се одделуваа од тоа беа во опасност.

Популарно е денес да се каже дека христијанската вера не може да се опиШе со изјави. Наводно е премногу лична и премногу мистериозна за тоа. Ова гледиШте поттикнува многумина да кажат дека не е важно Што веруваШ или во која црква се придружуваШ. Но таквото гледиШте е очито лажно, одмерено со новозаветното учење каде Што црквата е наречена 'столб и тврдина на вистината" (Тимотеј 3:15). Сите верници имаат озбилна должност да се осигураат дека нивната вера и нивната црква е изградена врз тој вистински темел, каков Што е даден во Библијата.

Кога Исус говореШе до Самарјанката за вистинската религија, тој употреби некои многу значајни зборови:

'Но иде време и доШло веЌе, кога вистинските поклоници Ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, заШто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат" (Јован 4:23).

Она Што го мислеШе Исус беШе дека вистинската религија не се содржи тек од видливо изложување и надвореШни обреди, ниту само од изврШување на одредени дела на слава и подложување, туку дека е тоа една внатреШна состојба, на духот и не само на писмото. Ова ја истакнува важноста на живеење во согласност на начинот Што Бог го заповедал. Можно е да се слави Бог со устата но со животот да се обесчестува. Можно е да Му се пеат песни на подложност и да се веднат главите во понизност а сепак во срцето да се биде поносен како паун. Ние ја докажуваме вистината на наШата религија со покорноста на наШите животи. Потребата е да се открие вистината со понизно однесување кон Божјиот збор, и да се примени во дневното живеење. Тоа е славење 'со дух и вистина".


ПраШање на живот и смрт

Темата не е само од важност за оние заинтересираните во теологија или кои сакаат верска расправа. Таа е праШање на живот и смрт за сите кои бараат спасение. На праШањето дали е важно да се најде вистината може да се одговори само на основа на вечните правила дадени во Библијата. Правилата кои го управуваат наШиот приод до Бога се трајни: отсекогаШ се применувале; не стареат.

Во Левит има запис за двајца мажи кои ги занемарија правилата и трагично го заврШија својот живот. Надав и Авиуд беа Господови свеШтеници и нивниот живот беШе управуван со Божјите заповеди за Неговото славење:

'Двата сина Аронови, Надав и Авиуд, земајЌи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господа туЃ оган, иако тоа не им беШе заповедал Господ. ТогаШ излезе оган од Господа, и ги изгоре, и умреа пред Господа. И му рече Мојсеј на Арона: Тоа е она Што го рече Господ велејЌи преку оние Што Ќе пристапуваат кон Мене, Ќе се осветам и во цел собор Ќе се прославувам" (Левит 10:1-3).

БеШе исправно свеШтениците да нудат кадиво пред Господа, и начинот на работа беШе внимателно пропиШан од Бога. Но овие двајца ги занемарија Божјите заповеди и понудија недозволен оган снабден од некој друг извор наместо од олтарот Господов. Можеби се должеШе на невнимателност, или рамнодуШност, или тек на чиста непослуШност, но Бог го отфрли нивното славење бидејЌи беШе направено на начин каков Што Тој не заповедал.

Некои луЃе би рекле дека погреШните постапки би требало да се опростат ако целта е исправна - дека сомнителните средства се облагородени ако крајот е добар. Но тоа очито не е точно кога е во праШање славењето на Бога. Овој приказ ја открива и осудува теоријата дека крајот ги оправдува средствата. Тој покажува дека Бог не е рамнодуШен на начините кои ги измислија луЃето за молење пред Него. ВсуШност ние можеме да го тврдиме правото да си угодуваме себе но тоа може да не Му угодува на Бога.

Библијата н# учи одново и одново дека вистината не се унапредува со лажни средства, ниту би почивала врз трули темели. Не може да се слави Бог со непочитување на Неговите заповеди. Ние не можеме да Го славиме со рамнодуШност кон Неговата волја, ниШто повеЌе него Што можеа Надав и Авиуд. ВоопШто не е добро приоЃањето со 'туЃ оган" ни сега како Што не било ни тогаШ. Бог не се променил по природа или во намера. Оние кои идат да Го слават мора да се потрудат да испитуваат за Неговата волја и да имаат голема желба да ја изврШуваат и да Му се покоруваат на словото. Старото правило кое Што Мојсеј му го повтори на Арон е с# уШте стварно: 'преку оние Што Ќе пристапуваат кон Мене, Ќе се осветам и во цел собор Ќе се прославувам". Ако треба да се слави Бог Тој мора да се слуШа. Секоја црква која ги води луЃето да веруваат дека Божјиот збор е несигурен, или дека Неговите заповеди можат да се запостават, или оти е праШање на избор дали Ќе веруваме во некои основни учења, мора да е лажна бидејЌи во крајната анализа ги учи луЃето да не се покоруваат на Божјото слово.


Испит на вистината

ВоопШто не чини оправдувањето дека сме биле погреШно водени од други луЃе. Во високиот небесен суд тоа е неоснована одбрана. Исус рекол: 'кога слепец води слепец, обата Ќе паднат во јама" (Матеј 15:14). ВоопШто не е добро ревнувањето дека паметни и учени луЃе н# научиле Што да веруваме и Што да правиме. Тестот не е за образование туку за вистината мерена со словото Божјо. Човечки создадената религија не е замена за Божјата религија, колку и да е мудра. Исус го појасни тоа кога ги зеде зборовите на еден стар еврејски пророк и го засили нивното значење:

'напразно Ме почитува(ат), оти проповеда(ат) човечки повелби" (Матеј 15:9).

Ова е многу далеку од народното верско учење денес. Има истакнати учители во христијанството денес кои го негираат библиското учење за Бога и Неговата цел, кои ја образложуваат реалноста на воскресението на Христос, кои фрлаат сомнеж врз важноста на Божјиот збор, и ги разводнуваат Неговите заповеди. Поуката е дека не треба премногу да ни оставаат впечаток препораките од 'академецот". Каде Што ученоста е верна на Божјото слово и ни помага да го разбереме подобро треба да $ сме благодарни, но Библијата никаде не предлага дека човечката мудрост е пасоШ кон божествено знаење. Туку ни вели дека вистината се открива најмногу на оние кои се понизни и паднати со дух.


Библиското учење

Големите учења на христијанската вера се основани врз факти. Ако се негираат тие, лажно е учењето. Ако се негира девственото раЃање на Исуса Христа, тој постанува син на Јосиф а не Божји Син: и се сведува на човек од тоа време и ниШто повеЌе. Ако се негира физичкото воскресение на Исуса Христа, тоа е удар во самата основа на верата и ги прави Христовите апостоли лажни сведоци, и ги остава мртвите во нивните гробови засекогаШ. Ако се негира фактот дека Христос правел вистински чуда, тогаШ му се одзема правото и вистинскиот статус, бидејЌи тој рече дека неговите чуда беа знак на неговата божественост. На крајот барателот на вистината треба да покаже еден дух на независност и внимателно да го погледне учењето на самата Библија, наместо да прифаЌа заклучоци од втора рака.

Една од првите работи која Новиот завет ја истакнува е дека учењето може да се опиШе. ПонекогаШ денес се вели дека христијанската вера не може да се смести во изјави и дека е неШто тајно Што не може да се испита. Ако е тоа така, еве една необичност - апостол Павле во писмото до Галатјаните се чуди Што некои од нив се отклониле од вистината и се одвоиле од евангелието кон друго. Поентата за забелеШка е оваа: како може да се рече дека некој се одвоил од неШто ако тоа неШто не може да се опиШе? Секако дека учењето на Новиот завет е оти постои еден опиШлив стварен стандард по кој може да се расудува. Кога веЌе Господ Бог наголемо се потрудил да ја открие вистината за Себе и Својата цел нелогично е да се однесуваме како да е тоа неважно, и дека луЃето можат да си угодуваат себе за она Што тие веруваат.

Во Стариот завет има пасус кој ја поставува оваа точка јасно:

'еве на кого Ќе погледам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној Што трепери пред Моето слово" (Исаија 66:2).

Да се трепери од Божјото слово значи да се разбира истото, верува, и почитува. ЛуЃето не се овластени да си угодуваат себе ако тоа ги води во рамнодуШност кон она Што Бог открил. ЛуЃето треба грижливо и искрено да внимаваат на своите верувања.
Битните учења за откривање

Оние кои се одзвале на поттикот подобро да погледнат во својата религија и да ја одмерат со Божјото слово биле често изненадени да најдат дека неШтата во кои верувале целиот свој живот биле неточни! Писателот признава дека такво беШе и неговото искуство: таквиот процес го изложи лажното учење за бесмртноста на дуШата и поврзаните идеји за судбината на дуШата после смртта. И донесе ослободување од учењата за демони и Ѓаволи и бестелесни духови и наместо тоа го осветли вистинското и битно значење на воскресението како начин на опстанок, при второто доаЃање на Исуса Христа како цар на светот. Донесе просветление и разбирање за царството Божјо - едно поимање дека е стварно царство кое Ќе се уреди на земјата, на самото место каде Што човечките царства се распаЃаат до трулење. Го даде очекувањето на живот вечен, живот неоскврнат од грев и неоптоварен со било какви неспособности, живот вечен и прекрасен, кој Ќе се живее со Христа во Божјото царство.

И го донесе трезвеното уверување дека една од најважните Господови заповеди никогаШ не била изврШена:крстењето. Со разбирањето на библиското учење за крстењето стана очито дека она Што порано важело за крстење во вид на крШтевка беШе прилично несообразно со библиското учење и пракса. Божјото слово покажа дека крстењето е чин на покорување, кое исходува од вера - доброволно погребување во вода во знак на умирање на стариот живот, и повторното излегување од вода во нов живот на покорност.

Во време на младата црква многу верници беа каменувани, тепани, гладни, ловени, гонети и конечно мачени. Тие сето тоа го издржаа бидејЌи веруваа дека она Што имаа да го кажат беШе важно. Со зборовите на Петар, 'треба да Му се покоруваме на Бога наместо на луЃето". Ако не е важно Што веруваме или со кого славиме тогаШ тие згреШиле во својата реШителност да ја проповедаат вистината по секоја цена.


Примери за жива вера

Исплатливо е да се види како апостолите ги ставаа во пракса веЌе дадените правила за важноста на познавањето на вистината дадена од Бога. Има интересен случај во Дела 10 за еден човек по име Корнилиј. Записот вели дека тој бил предан човек и богобојазлив со сиот свој дом. Се молел на Бога секогаШ и давал многу милостиња на народот. Бог го прати на Петар да го најде овој човек и неговите сопатници и да му ја проповеда вистината за Христа и неговото царство. Кога тие слуШнаа и поверуваа беа крстени во спасителното име на Спасителот. Ова е толку интересно затоа Што Корнилиј беШе многу добар човек во секој поглед, богобојазлив, се молел редовно и живеел верно и дарежливо. Но во пркос на сето тоа, имал потреба да ја знае вистината и да се одзвие за да биде спасен. Према денеШниве мерила многумина би рекле дека тој бил доволно добар и на почетокот, но приказот докажува дека било важно Што верувал. Тој мораШе да ја знае вистината за да се одзвие со вера.

Има показателен случај во Дела 8 за еден човек кој по денеШниве мерила би се нарекол читател на Библијата и редовен посетител на црква. Тој бил Етиопјанин, кој се враЌал во својата домовина после славењето во храмот во Ерусалим. Бил седнат во својата кочија и читал од Исаија 53. Еден Ангел го управил на Филип да оди кај Етиопјанинот и да му помогне во разбирањето на она Што го читал. Така Филип му се придружил на човекот во кочијата и му ја објаснал вистината за Исуса Христа. Како Што продолжија со патувањето дојдоа до некаква вода и Етиопјанинот замолил да биде крстен. Филип одговори: 'Ако веруваШ од с# срце - можеШ". УШте еднаШ е истакнато дека верата е суШтествена во процесот на преобраЌање.

Третиот пример говори за Аполос, човек со голема речитост, 'и силен во Писмата" (Дела 18:24), за кого се вели дека бил упатен во патот Господов, горлив по дух. Но записот прилично појаснува дека било потребно повеЌе. Двајца ученици, Акила и Присила, го зедоа и 'му го објаснија патот Господов поточно". Од голема важност беШе, тој да го разбере патот Божји поточно.

Значи тука имаме - еден предан човек кој се молел секој ден и живеел верен живот; читател на Библија кој со почит Го славел Бога; и човек силен во писмото кој бил горлив по дух и вредно проповедал - во секој случај требал поточно да ја научи вистината. Ниту еден од овие примери не дава никаква поддрШка на идејата дека религиозните луЃе можат да си угодуваат себе за она во Што тие веруваат. Напротив доказите се дека оние кои се сериозни околу нивната религија треба да внимаваат основите на нивната вера верно да одговораат на учењето на Божјото слово. Спасителната вера е вера во она Што е вистина. Секоја друга форма веројатно Ќе се докаже за промаШена.

'Една Библија, многу цркви". Важно ли е која? Во крајната анализа одговорот Ќе зависи од она Што праШувачот сака. Ако е заради пријателство, или да го задоволи верувањето дека поединецот треба да се моли некаде- тогаШ одговорот е Не, веројатно не е важно. МеЃутоа одговорот е Да, ако сака живот вечен, и вид на обожавање прифатлив за Бога.

преведено од оригиналот: Оне Библе – Манѕ Цхурцхес…

Деннис Гиллетт