Библијата

Мисија на Христоделфијанците за Библијата

ОСНОВНИ ВИСТИНИ ОД БИБЛИЈАТА

Библијата

КНИГА-ВОДИЧ ЗА ЖИВОТОТ

Кога ќе го прочитате овој флаер ќе ги знаете одговорите на овие прашања:

1. Што е Библијата?

2. Дали можеме да и веруваме на Библијата?

3. Како може Библијата да ни помогне?

4. Што вели Библијата за иднината?

НЕМА книга која може да се споредува со Библијата. Четириесет различни писатели би ле користени - некои биле цареви, пророци, свештеници, водачи, доктори, рибари или ов- чари. Тие пишувле во период од преку 1,600 години.

Таа е единствена. Тоа е ЗБОРОТ ОД БОГ.

"Знајте го ова пред се: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака, зашто никогаш пророштвото не дош- ло од човечка волја, туку светите Божји лу- ѓе зборувале носени од Светиот Дух. (2 Пе- тар 1:20)

"Цело писмо е од Бога вдахновено." (2 Ти- мотеј 3:16)

Библијата не е обична книга; не содржи идеи од човек. Тоа е Бог кој ни зборува нам. Почнете да ја читата Библијата, денес.

ЗОШТО ДА СЕ ЧИТА БИБЛИЈАТА?

Само од Библијата можеме да дознаеме ка- ков е Бог. Прочитајте ги овие стихови. Го слу- шате Бог кој што ви зборува.

"Ти си Господи добар и проштаваш со задо волство, полн си со љубов кон сите кои Те повикуваат." (Псалм 76:5)

"И Бог виде се што направи, и ете, беше мно гу добро." (Битие 1:31)

"Небесата се Господови небеса, а земјата им ја даде на човечките синови." (Псалм 115:16)

"Не ќе имаш никакви други богови покрај мене." (Исход 20:3)

"Господовото лице се свртува против злос- торниците за да им го сотре споменот на зем- јата." (Псалм 34:16)

Колку факти за Самиот Себе Бог ви кажува во овие стихови?

БИБЛИЈАТА ИМ ДАВА ЦЕЛ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ

Додека читаме ние го слушаме Бог. Учиме што сака Бог ние да правиме. Учиме како на секој ден да му дадеме вредност.

"Твојот збор е светилка на мојата нога." (Псалм 119:105)

"И така Израеле што бара Господ твојот Бог од тебе? Само тоа да се боиш од Господ,

твојот Бог, да одиш по сите негови патишта да го љубиш и да му служиш на Господ твојот Бог со сето свое срце и со сета своја душа; да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони ... за твое добро?" (Второзаконие 10:12,13)

Бараме од Бог да ни помага секој ден.

"... и не воведувај не во искушение, но избави не од злото." (Матеј 6:13)



Стариот Завет прво бил напишан на Еврејски, на свиток

БИБЛИЈАТА СЕКОГАШ ЈА ДАВА ИСТАТА ПОРАКА

Како што ќе читате помалку секој ден од Биб лијата, ќе видите дека Бог сака да Го слуша- ме.

Во Стариот Завет во Исход 20:1-17 имаме основни напатствија, често нарекувани Десет Заповеди. Слични напатствија наоѓаме и во Новиот Завет, на пример во Матеј 5:21-48.

За да му удоволиме на Бог се трудиме да се држиме до овие напатствија. Како што ќе читате за животите на луѓето од Библијата, ќе видите дека ним секогаш им тешко да искажуваат послушност кон Бог.

Исус, Синот од Бог, беше единствениот кој му бил послушен на Бог на секој начин. Исус ја разбрал истата порака. Тој запаметил:

"Човекот не живее само од лебот, туку од се што излегува од Господовата уста." (Второзаконие 8:3)

"Бој се од Господа, твојот Бог, само нему да му служил." (Второзаконие 6:13)

Прочитајте го Матеј глава 4 за да видите ка- ко Исус ги почитувал овие заповеди.

ИСТОРИЈАТА НА МИНАТОТО ПОКАЖУ- ВА ДЕКА БИБЛИЈАТА Е ВЕРОДОС- ТОЈНА

Исус се сети на пророштвата за себе:

"И кога почна од Мојсеј и од сите пророци им протолкува што е пишано за него." (Лука 24:27)

Сето ова беше исполнето. Еве други примери од пророштвата од Библијата кои се покажа- ле како точни:

* Погледнете во Еремија 51:37 и Исаија 13:14. Што требало да се случи со Вавилон? - Тоа и се случило.

* Прочитајте го Езекиел 26:4,5,12,14. Што ќе му се случело на градот Тир? Ова е друго пророштво кое се исполнило.

* Второзаконие 28:64,65 ни кажува за луѓето од Израел. Тие ќе бидат однесени на сите страни на светот. И со сигурност, луѓето од Израел, Евреите, денес ги има насекаде.

* Бог рекол дека Тој ќе ги врати Евреите на- зад во Израел: "Јас ќе ... ги вратам во земја- та што им ја дадов во наследство на нивните татковци." (Еремија 30:3). Денес можеме да ги видиме Евреите во нивната сопствена земја - уште едно исполнето пророштво.

Библијата не ни зборува само за минатото, таа исто така ни кажува за иднината. Знаеме дека тоа што е кажано во минатото нависти-на се случува. Така да можеме со доверба да го веруваме тоа што Бог го вели за иднината.

БИБЛИЈАТА КАЖУВА ЗА НАСТАНИ ОД ИДНИНАТА

Бог ни кажува дека овие нешта ќе се случат:

* Тој нема да дозволи слабиот свет да постои за секогаш. (2 Петар 3:10)

* Тој ќе го прати Својот Син, Исус Христос на- зад на земјава да му суди на човештвото. (Делата 17:31)

* Тој ќе го направи Исус цар на целиот свет. (Псалм 2)

* Сите кои ќе му се спротивстават на царот ќе бидат уништени. (2 Солунјани 1:8)

* Сите кои ќе постанат следбеници на Исус и ќе чекаат на неговото доаѓање ќе бидат спа- сени и ќе им биде дадено
место во Царс-твото од Бог. (Римјани 2:6)

* Тоа ќе биде царство на мир и среќа со изо- билство на храна за сите. (Псалм 72)

Само Библиајта кажува за сите овие нешта и за големиот план на Бог со земјата.

Читајте ја Библијата денес за себе за да дознаете повеќе за иднината. Во неа можете да најдете како можете да земете удел во мирот и благословите на царството од Бог. Вие можете да бидете таму. Молете се за да ве води Бог додека читате и учите.