Божјото Царство на земјата

Планот Божји за светот
Погледот врз планетата земја однадвор, е многу убав. Астронаутите кои ја виделе од надвор се согласуваат. Земјата е најскапоцениот камен во созданието од Бог. Тоа е избраното место во целата вселена каде Што Тој ветил да ги објави Своето славно Царство. Затоа таа е толку убава.

Земјата, од сите планети во сончевиот систем, е најпогодна за сите форми на живот. Се движи точно на вистинското растојание од сонцето за да даде погодни услови за човечката раса.

Библијата - единствен извор на информации
Самата Библија може да објасни зоШто ова треба да биде. Причината е дека Создателот

'ù даде облик на земјата и ја создаде: Тој ја зацврсти, не ја создаде пуста. Тој ја создаде за живеење. Тој вели: Јас сум Господ, и нема друг" (Исаија 45:18)

Логично е да се каже дека ако има Голем Творец, и ако Тој создал луЃе за да ја насели оваа планета, а не друга, Тој мора да имал план за земјава. За среЌа не сме оставени да погодуваме. Од денот кога Бог го поставил човекот тука, Неговата првенствена намера била оваа. Тој сакал Неговото создание да ги отслика одликите на Неговиот карактер:

'ЗаШто земјата Ќе се исполни со знаењето на Господовата слава, како Што водите го покриваат морето" (Хабакук 2:14)

Крајната фаза во таа намера е тоа Што Библијата го опиШува како Царството Божјо на земјава.

Вистинско Царство
Библијата ни покажува дека тоа Ќе биде вистинско царство во секој смисол на зборот. ќе има цар, влада, главен град, и меЃународен систем на закони. Бог веЌе му ја доделил сета моЌ на небото и на земјата на Својот Син, Господ Исус Христос. Ние учиме дека датата е определена во божествениот календар:

'ЗаШто определи ден кога праведно Ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек" (Дела 17:31).

Секако дека не знаеме кога точно тоа Ќе биде. Но ние веруваме дека царството Божјо наскоро Ќе дојде. Има многу знаци во светов кои покажуваат дека пророШтвата за доаЃањето на царството се со нас сега.

Ова Царство Божјо Ќе биде највозбудливото неШто Што светот Ќе го види. ќе даде извонредна средина за живеење на планетава.

Убав свет
Употребете ја ваШата имагинација! Помислете на свет во мир, каде населението е здраво, сито и врШи работа која Што Ќе биде наградена! Замислете свет каде нема невработени, каде луЃето не се искористувани и човекот може да живее долг и успеШен живот; свет во кој глад и болести нема да убиваат толку многу луЃе и каде Ќе има богата жетва на земјата и во водата. ВеЌе ја имате сликата за Царството Божјо.

Сега помислете колку убаво би било да нема верски или политички судири! Замислете си ги придобивките од меЃународно прифатените закони добро спроведувани од страна на праведни судии со вистински авторитет. Помислете на живот без тероризам и злоупотреба на деца; каде луЃето се добри соседи, каде владата е добар водач и воспоставува добри стандарди на однесување. Такво Ќе биде Царството Божјо на земјава!

За многу луЃе, Царството Божјо е само нејасна надеж. За други, Царството е сон на небесен рај по смртта. Секој кој внимателно ја чита Библијата брзо Ќе сфати дека Царството е всуШност вистинско светско царство, кое Ќе се уреди кога Господ Исус Христос Ќе се врати на земјава, од небото, во блиска иднина.

'Твоето царство да дојде"
Учениците од Исус го праШале за Што да се молат. Господ одговорил и ги научил на Господовата Молитва. Се воспоставиле нивните приоритети: Бог е Таткото, Кој Што дава. Бог има царство во небото каде Неговата волја се изврШува. Царството Божјо Ќе дојде на земјава. Им било кажано да се молат:

'Да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата... ЗаШто Твое е царството, и силата и славата во сите векови" (Матеј 6:9-13).

Многу христијани сеуШте ја повторуваат оваа молитва. 'Твоето царство да дојде" треба секогаШ да биде на усните на верните следбеници на Исус Христос.

Најчесто, луЃето се однесуваат како да нема Создател и смисла во светот околу нив. Но тие не ги гледаат внимателно доказите. Земете ги во обзир чудата на човечкото тело и растенијата. Дали тие се појавуваат случајно или смислено? Дури и атеистите се принудени да се восхитуваат на сложеноста на живите Ќелии. Псалмистот посочил дека созданието само по себе дава докази за Создателот:

'Небесата ја објавуваат Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен. Ден на денот објавува, и ноЌ на ноЌта знаење открива" (Псалм 19:1-2)

Ако има Бог, и Тој има иднина за луЃето, тогаШ сигурно тоа ни го кажал. И Тој тоа го сторил. Целата Библија, од почетокот до крајот, ги открива Неговите планови за земјата. Тој им зборувал на татковците и зборувал преку пророците, и 'во овие последни денови преку Својот Син, кого го назначи за наследник на сите неШта" (Евреи 1:1,2). Затоа Евангелието беШе центарот на служењето на Христос. 'И одеШе Исус во цела Галилеја поучувајЌи по синагогите проповедајЌи го Евангелието на царството" (Матеј 4:23). Тој не остави ни најмал сомнеж кога тоа Царство Ќе биде:

'А кога Ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаШ Ќе седне на престолот на славата Своја, и Ќе се соберат пред Него сите народи" (Матеј 25:31,32)

Каде Ќе биде на земјава?
За да го одговориме тоа треба да се навратиме во времето на Стариот завет. ТогаШ Евреите мислеле дека Царството Божјо на земјава Ќе се однесува само на Израел. Упатениот Евреин знаел дека Бог им го ветил ова на Авраам, Исак и Јаков (Создавање 15:18; 17:8). Бог бил благонаклонет на Израел. Тој бил Негов, заШто во него и околу него Тој Ќе ја покажел Својата намера со народите. Тоа била добра земја, во која течат мед и млеко, богата со вода и погодна за жито и овоШје, Евреите знаеле дека се посебен народ, како резултат на извонредната вера на нивниот татко Авраам.

По излезот од Египет посебната врска Што се развила меЃу Бог и Израелците продолжила. Тоа значело дека Бог им бил водач - и тие требало да Му бидат народ:

'ако го слуШате гласот Мој и го пазите заветот Мој, Ќе Ми бидете избран народ меЃу сите народи... царство на свеШтеници и свет народ" (Излез 19:5-6)

За жал, Израелците не се придржувале долго до својот дел од договорот. Тие често се однесувале полоШо од околните народи. Но во најдобрите времиња, за време на царот Давид и неговиот син Соломон, тие искусиле малку од тоа какво требало да биде Царството Божјо. Тие напредувале и се проШириле и имале мир во земјата на цар Давид кое Што било кажано кога рекол: Бог 'го избра мојот син Соломон да седи врз престолот на Господовото царство над Израел" (1Летописи 28:5)

Неуспехот на еврејското царство
Оваа фаза на историјата на Израел не траела долго. Човечкиот неуспех, гордоста и непочитувањето на божествените стандарди го заврШиле. И престанало да наликува на место каде царувал Бог; и стотици години потоа Бог ја прекинал лозата на цареви. Вавилонците беа спремни да го заземат Ерусалим, поШто немаШе да има царство за подолго време. На последниот цар му било кажано:

'Ќе го униШтам, Ќе го униШтам, Ќе го униШтам - нема веЌе да го има, сè додека, не дојде Оној, Кому тој Му припаЃа, и Нему Ќе му го дадам" (Езекиел 21:32)

Оваа изјава беШе претскажување за целосниот крај на царската лоза сè додека не дојде најголемиот наследник на престолот - Исус Христос. Само тој Ќе го возобнови царството Божјо на земјава.

Затоа, не изненадува, дека секогаШ имало верни Евреи кои Што го барале Месијата, некој за да ги спаси. Тие знаеле дека Ќе биде од лозата на цар Давид. Учениците на Исус биле многу возбудени од тоа Што го нудело царството Божјо во Израел. Откако бил воскреснат тие праШале:

'Во ова време ли Ти Ќе го востановиШ, Господи, царството Израелово?" (Дела 1:6)

На нив многу им се брзало. Тие ја виделе неговата титула цар на Евреите на крстот на распнувањето надвор од Ерусалим. Тој излегол од гробот и уШте еднаШ беШе со нив, жив и здрав. Навистина сега тој беШе бесмртен, и тие беа нестрпливи да ја видат круната на него и царството Божјо возобновено тогаШ.

Не требало да биде - сè уШте не. Евангелието на Царството требало прво да биде проповедано на сите народи - не само на Евреите. Исус смирено им рекол:

'И Ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сè до крајот на земјата" (Дела 1:8)

Ерусалим - раскрсница на светот
Покажавме дека Царството Божјо Ќе се состои од Еврејска држава и еврејски цар. А, секој цар мора да има престолнина, и центар за управа. Ерусалим Ќе биде тој центар; кое место подобро би се вклопило? Илјада години пред Христос еврејските поети изјавиле:

'Прекрасна возвиШеност, радост на целата земја е гората Сион; на северната нејзина страна е градот на големиот Цар" (Псалм 48:2)

Ерусалим Ќе биде главниот град на ова царство Божјо. ќе биде центар на светско царство предводено од Исус Христос. Ова било објавено пред многу време. Пророкот Даниел претскажал за време кога сите царства од светот Ќе бидат заменети со доаЃањето на Исус Христос, прикажан како камен Што Ќе расте сè додека не ја исполни земјата:

'Небесниот Бог Ќе подигне царство кое нема да се разруШи никогаШ, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа Ќе ги победи и разруШи сите царства, а само тоа Ќе остане вечно" (Даниел 2:44)

Еве уШте едно претскажување:

'Царството на светот стана царство на наШиот Господ и Неговиот Христос, и Тој Ќе царува во сите векови" (Откровение 11:15)

Судењето на светот
Да се потсетиме дека враЌањето на Исус Христос Ќе донесе и непријатности но и благослови. Преземањето на власта над народите Ќе се случи со голем отпор. Да погледнеме четири аспекти спомнати во Библијата. Ако е возможно ве молиме да ги проверите:

1. Сите народи се собираат против Израел но Исус Ќе ги униШти напаЃачите (Захарија 14; Езекиел 38,39).
2. Ерусалим Ќе пострада од голем земјотрес, со униШтувачки последици, кога 'неговите стапала Ќе застанат на тој ден на Маслиновата Гора" (Захарија 14:4)
3. Некои влади Ќе го предизвикаат Христос и Ќе 'му се спротистават на Господ и на неговиот помазаник" (Псалм 2:2), но Ќе им се суди на тие Што Ќе му се спротистават на Христос (Исаија 34; Откров. 18).
4. ќе има воскресение и суд. Тие Што го отфрлиле Ќе бидат отфрлени од него. Но каква радост за тие на кои Исус Ќе им рече: 'Дојдете вие благословени од мојот Татко, наследете го царството припремено за вас од создавањето на светот" (Матеј 25:34).


Царството започнува
Откако тоа Ќе заврШи и Царот Ќе се устоличи со своите следбеници во Ерусалим, вистинската работа на Царството од Христос Ќе започне. ќе има нов храм и племињата на Израел кои се покајале Ќе дојдат во својата стара земја.

Народни посланици Ќе доаЃаат за да му искажат почит на Царот:

'Царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат; и царевите на Сава и Сева дарови нека му донесуваат. И нека Му се поклонуваат сите цареви" (Псалм 72:10-11).

И преживеаните непријатели Што го нападнале светиот град Ќе дојдат да искажат почит, заШто:

'сите Што Ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, Ќе доаЃаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници" (Захарија 14:16).

ЛуЃето Ќе велат:

'Ајде да одиме на планината Господова".

Тие Ќе го прават тоа заШто:

'Тој Ќе нè научи на Своите патиШта и Ќе одиме по патеките Негови; заШто од Сион Ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово" (Исаија 2:3)

Учинокот од тоа Ќе биде забележителен. Народите Ќе 'ги исковаат своите мечови во плугови, а нивните копја во српови" поетско опис за разоружување. Нема повеЌе да има војна.

Народот од Царстовото
Треба да објасниме неШто за жителите на Царството Божјо. ќе има две групи на луЃе:

1. Владетели и духовни водачи, кои Ќе бидат бесмртни (неподложни на смрт) и
2. ГраЃани на царството, кои Ќе се смртни.
Во првата група Ќе се Исус - Царот, Авраам, Давид и други заслужници, кои Ќе имаат високи позиции во Царството. Таму Ќе бидат дванаесетте апостоли, и следбениците на Исус, кои Што Ќе бидат управители и учители на новата ера.

Втората група Ќе биде составена од смртници од светот кои, при Христовото враЌање, го поминале судот и се волни да го прифатат Исуса за Цар. Тука Ќе се вклучени Евреите на кои им е дозволено да живеат во Израел затоа Што нивните тврди срца Ќе омекнат за да ги примат Божјите закони (Езекиел 36:26,27).

Бесмртните
Бесмртноста е дар на вечен живот кој Што Бог Ќе им го даде на верниците од сите векови при враЌањето на Исус на земјава. Тоа се оние кои Што се:

'Откупени... од секое колено, јазик, народ и племе... и нè направи пред наШиот Бог цареви и свеШтеници, и Ќе царуваме на земјата... и оживееја и царуваа со Христос илјада години" (Откровение 5:9,10; 20:4).

Кога помислуваме на бесмртно битие не треба да мислиме како за неШто налик на дух. Исус, по своето воскреснување, бил бесмртен, но тој јадел и пиел со своите следбеници и имал вистинско тело. Бесмртното тело има месо и коски како и другите, но добива енергија од Духот Божји и не заболува.

Исус, како мудар владетел, Ќе им препуШти голем дел од управувањето со Царството на други кои Што биле соодветно упатени. Библијата ни кажува за големи примери на вера, луЃе како Авраам, опиШани како наследници на светот (Римјани 4:13), 'мојот слуга Давид" - да биде 'кнез за секогаШ" (Езекиел 37:25). Исак, Јаков и Јосиф, Мојсеј и Самоил, Ќе бидат таму, како и Сара, Рахав и Рута, Марија и Елисавета.

Управители со Христос
ќе има посебна улога за дванаесетте апостоли на Господ:

'Вие Што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки Ќе седне на престолот на славата Своја, Ќе седнете и вие на дванаесет престоли и Ќе судите над дванаесетте Израелови колена" (Матеј 19:28)

Во книгата на Даниел, пророкот имал видение за царството Божјо на земјата, и му се кажа за тие кои Што Ќе владеат:

'Потоа, светиите на СевиШниот Ќе го земат царството и Ќе владеат со него во векови" (7:18).

што се толку посебни овие бесмртни управители наречени светци? Светец значи издвоен - некој избран заради посветеноста кон божествените принципи. Тие Ќе бидат 'способни луЃе, кои имаат стравопочит кон Бога; луЃе справедливи, кои мразат користољубие" (Излез 18:21). Но има една голема разлика: тие од порано умреле - но идните управители нема да умрат, и нивните одлики нема да се изгубат со староста.

Царот Ќе одлучува и Ќе ги избира вистинските луЃе за дејноста Што Ќе се изврШува. Тој Ќе ги користи способностите на умот и телото кои Што тие ги развиле за време на нивното служење во сегаШниов живот.

Квалитетот на вечниот живот
Вечниот живот Ќе им донесе прекрасни придобивки на овие управители и учители. Со здрави мисли и физички соврШени тела, тие нема да страдаат од последици на болести и маани:

'И нема веЌе да огладнат, ниту, пак да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква гореШтина... и Бог Ќе им ја избриШе секоја солза од очите нивни" (Откровение 7:16-17).

Како и нивниот Учител, тие Ќе знаат Што мислат луЃето и точно Ќе ги одредуваат изворите на човечките проблеми; Ќе можат да ги отстрануваат бељаџиите и да ја унапредуваат довербата меЃу соседите. Помислете Што тоа би значело во некои потеШкотии денес!

Каква преобразба Ќе започне да делува на овој начин низ земјава кога бесмртната управа на Христос Ќе биде испратена од Ерусалим. Нови закони, дадени врз библиски принципи Ќе ја преобразат социјалната и економската состојба насекаде.

Илјада години во мир
Секако, Ќе биде потребно време за да се направат усогласувања за да ги видат луЃето придобивките во нивниот живот. Нема да се случи преку ноЌ. Книгата Откровение зборува за период од илјада години за освежувањето на луЃето од земјата пред да се заврШи Божјата програма.

Не треба да гледаме на тоа идно време како на неШто замислено, предобро за да биде вистинско чудесно царство. ќе биде многу реален свет, населен со оние кои Што го поминале судот и го прифатиле Христос за владетел. Смртните народи сè уШте Ќе ги имаат своите идентитети и култури. Владетелите Ќе можат да зборуваат на туЃи јазици. Може да помине некое време пред да има еден опШт јазик кој Што Ќе ја измени забуната од Вавел (Создавање 11) и ги отстрани потеШкотиите во меЃународното опШтење денес.

Добар систем на правда
Во секое опШтество низ светов има сили кои делуваат и го поткопуваат среЌниот соживот меЃу луЃето. Тоа се лакомоста, расипаноста, превратите, поткупувањата и желбата за моЌ. Сето ова Ќе се промени. Ќе има правда за сиромаШните, и понеповластените Ќе добијат добар третман. Исус Ќе се погрижи за тоа:

'Ќе суди не како Што очите Негови гледаат, и Ќе ги реШава делата, не според тоа како Што уШите Негови слуШаат. Тој Ќе им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалниците во земјата Ќе ги реШава според вистината; со зборот од устата Своја Ќе ја порази земјата, со диШењето на устата Своја Ќе го убие нечесниот" (Исаија 11:3-4)

Кога кнезовите Ќе владеат во правда (Исаија 32:1) сиот однос во опШтеството Ќе се промени: нема да има еден закон за богатите, а друг за сиромаШните. Истите правила Ќе важат за сите. Тие Ќе се основаат на беседата на Гората и на божествени начела дадени од Царот и неговиот двор во Ерусалим.

Како ова Ќе влијае на животите на луЃето? Кога дури и злодејците Ќе видат придобивка од владеењето на Христос, мнозинството Ќе научи дека љубењето на својот ближен, чесноста и искреноста, се добри неШта. Не само Што семејствата и соседите Ќе живеат во целосна согласност туку и меЃународните напнатости Ќе исчезнат. Како што Исаија рекол:

'Делото на правдата Ќе биде мирот, и плод на праведноста - трајно спокојство и сигурност" (Исаија 32:17).

Бесмртните водачи Ќе водат толку ефективно и најлоШите случаи на човечката природа Ќе исчезнат. Непокајаните греШници, Ќе бидат погубени: 'Со здивот на своите усни Ќе ги убие нечесните" (Исаија 11:4)

Добро здравје
Исаија исто така ни кажува:

'Таму веЌе нема да има новороденче кое живее кусо време, ни старец Што нема да ги исполни деновите свои; тој Што Ќе умре на сто години Ќе се смета за момче" (65:20).

Ова ни навестува дека смртноста на децата, која се уШте ја има и во напреднати земји, Ќе биде отстранета. Ако некој достигне старост од 100 сè уШте Ќе се смета за дете. Каква промена во однос на денес, кога животниот век во некои земји е само 40 години или слично, па дури и во здравствено напредните земји достигнува само околу 70! Детството Ќе биде радост, а староста нема да биде немилост, заШто:

'пак старци и старици Ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради големата старост своја. А и улиците на тој град Ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои Ќе си играат по улиците негови" (Захарија 8:4,5).

Ако Исус, Големиот Исцелител, може да ги оздравува болните, лечи слепите од раЃање, да ги исправува сакатите, да се справува со ментални заболувања и да воскреснува луЃе, тогаШ секако тој и неговите помоШници Ќе го прават тоа во иднина, па и повеЌе. Кога луЃето од светот Ќе се свртат кон божествените стандарди и Ќе бараат помоШ на вистинското место, тогаШ болестите како ракот и срцевите болести Ќе исчезнат. Кога семејствата повторно Ќе ја почитуваат светоста на бракот и исправното сексуално однесување, тогаШ болестите како Што е сидата Ќе исчезнат. Добрата вест е дека:

'ТогаШ Ќе им се отворат очите на слепите, уШите на глувите Ќе се одзатнат; тогаШ куциот Ќе скока како елен, и јазикот на немиот Ќе пее" (Исаија 35:5-6).

Светските резерви за доброто на сите
Тажно е дека и покрај тоа Што во денеШново опШтество имаме огромен депозит на минерали и неисцрпен потенцијал за производство на храна, човекот не може да го нахрани населението кое постојано расте. Тој не може да ги доставува природните богатства или да ја организира работната сила за секој да има работа и да води напреден и добар живот. Но тоа може да се стори. Природните богатства се таму уШте од кога Творецот ја создал земјата. Тоа Што е потребно се луЃе со правилен начин на размислување, со посветеност и авторитет да ги реШат проблемите и да ги организираат средствата.

Треба да се знае дека Исус бил голем организатор како и голем учител. Тоа Што можел да го стори со хранење на илјадници луЃе во добро подредени групи од педесет или стотина, со десетина помоШници, сигурно би го сторил и со милионите гладни во Царството Божјо.

Библијата предвидува клетвата за земјата да биде отстранета, и жито во изобилие за сите кои Ќе работат.

'Нека има на земјата жито во изобилство до врвовите на горите; плодот Негов Ќе се издига над Ливан" (Псалм 72:16)

Царот Давид го рекол ова, покажувајЌи дека дури и местата каде храна нормално не расте Ќе станат плодни.

'И ете , во тој ден од горите Ќе капе вино, а од ридовите Ќе потече млеко, од сите долини јудејски Ќе потече вода", рекол Јоил (3:18; погледнете исто така во Амос 9:13). Житата од фармерите Ќе раЃаат изобилно, заШто

'сеидбата Ќе се врШи во мир, лозата Ќе го даде својот плод, земјата Ќе го даде својот род, а и небесата Ќе ја даваат својата роса" (Захарија 8:12).

Еве ја визијата на пророкот Исаија за пустината која се радува и процветува како роза (35:1). Помислете на огромните области во светот када секоја година песок го зазема плодното земјиШте и милиони умираат. Помислете на проблемот со глобалното затоплување и недостатокот на дождови за да се обезбеди вода за потребите на луЃето. ЛуЃето од пустините Ќе бидат ангажирани во големи планови за наводнување, и Ќе имаат корист од обновената плодност на нивните земји. Ова се прекрасните неШта кои Ќе ги има во Царството.

Живеење на потполн живот
ќе име помала концентрација на народ во големите градови: тие Што живеат во градовите Ќе се преселат во пределите каде Ќе има полиња и Шуми Што Ќе биде овозможено со плановите за светска заШтита. Бог никогаШ не ги охрабрувал луЃето да живеат во големи градови, каде најлоШите одлики на човеШтвото се искажани и каде злиот човек се крие во темни места. Од друга страна, кога во подобрени услови под владеењето на Христос, човечката спремност Ќе го достигне врвот и свеста Ќе биде развиена во сиот потенцијал:

'ќе градат куЌи и Ќе живеат во нив (за разлика од порано), Ќе садат лозја и Ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; заШто дните на народот Мој Ќе бидат како дните на дрво, и моите избрани долго Ќе се користат со делото на рацете свои" (Исаија 65:21-22).

Арапите Ќе работат со Евреите
Една од најрадосните перспективи Ќе биде складот кој Ќе постои меЃу старите непријатели. Визијата на пророкот за волкот и јагнето како се хранат заедно е убав опис за обновениот склад меЃу човекот и животните. Но исто така е посебно напоменување за идниот мир меЃу поранеШните завојувани народи. Исаија зборува за Арапите, кои доаЃаат во Ерусалим за да ја 'објават славата на Господ" (Исаија 60:6). Тој ги прикажува како помагаат да се изградат ѕидовите на новиот град, заедно со некогаШните полубраЌа, Евреите, и како ги хранат стадата и стануваат фармери и лозари. Тоа Ќе биде прекрасна спротивност на сегаШнава состојба во Средниот исток: исполнување на големите ветувања кои Бог ги дал одамна на родот на Арапи од семејството на Авраам.

Колку долго Ќе трае?
Дали таа добра состојба на неШтата Ќе трае засекогаШ? Бог ја создал земјата за човекот да живее на неа за секогаШ, одговорот е, Да! Но царството од Христос, управувано од секој жив владетел, сеуШте Ќе има главно смртници. Значи, човечките склоности и гревот сеуШте Ќе бидат таму. Затоа Бог одредил временска граница. Книгата Откровение зборува за време од илјада години (Милениум), потребно за потполна наобразба на населението за божествените стандарди на однесување. До тогаШ тие веЌе Ќе имаат разбирање за чудесните придобивки да бидат искористени преку стекнување на вечен живот.

Најпосле Милениумот мора да заврШи. ќе биде обележан со намерно олабавување на цврстото владеење на Царот. Ова Ќе исходи во бунт на некои во очај да ја предизвикаат неговата волја (Откровение 20). Токму како Што Адам и Ева се побунија кога беа во рајот, така во рајот на Царството Ќе има такви кои Што нема да сакаат да се покоруваат на власта Христова. Овие бунтовници Ќе го нападнат Ерусалим, но Ќе бидат погубени.

Кога бунтот Ќе заврШи, работата од Христос како Спасител и Цар Ќе биде заврШена. Тие кои Што умреле за време на тие илјада години Ќе бидат воскреснати, за да се сретнат повторно со нивниот Цар и Судија:

'Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги... и судени беа мртвите според запиШаното во книгите, според делата нивни" (Откровение 20:12).

Покрај воскреснатите Ќе стојат милионите кои се живи. Тие мора сега да го чекаат праведниот суд Христов. Бунтовниците и претставниците на најлоШиот дел од човечката природа Ќе умрат, одредени за во огненото езеро, од каде нема враЌање. Од друга страна, верните поданици во Царството од Христос Ќе бидат наградени, со вечен живот, како и нивните владетели пред илјада години.

'Твоето царство да дојде"
СледејЌи ги овие драматични настани, земјата треба да биде населена само со луЃе кои Ќе имаат вечен живот. Работата на Господ Исус како Цар е заврШена. Тој нема смртни поданици над кои Ќе владее и најголемите униШтувачи на човечкиот потенцијал, гревот и смртта, се победени. Волјата Божја сега вистински е изврШена на земјата, и на молитвата од Господ е одговорено. Апостол Павле го резимирал ова во 1Коринтјани 15:

'ТогаШ доаЃа крајот, кога Ќе Му го предаде Царството на Бог и Таткото; откако Ќе ги униШти: секое началство, и секоја власт и сила. ЗаШто Тој треба да царува 'додека не ги положи сите свои непријатели под Своите нозе. Смртта Ќе биде униШтена како последен непријател... Кога Ќе Му биде потчинето сè, тогаШ и самиот Син Ќе Му се потини на Оној, Кој Нему Му потчинил сè, за да биде Бог сè во сè" (стихови 24-28).

Може да биде теШко сега да го замислеме тоа, или да појмуваме за значењето дека Бог Ќе биде 'сè во сè". Но тоа Ќе биде врвот на големата намера на Создателот со земјата - и Ќе биде преубаво!

'Но жив сум Јас, и целата земја е полна со славата Господова" (Броеви 14:21).

Не дозволувајте оваа чудесна иднина да ви се открадне. Исус наскоро Ќе биде овде. Ве молиме читајте ја ваШата Библија, и молете се со сето свое срце:

'Твоето царство да дојде. Твојата волја да биде на земјава како Што е на небото".


Основните верувања на христоделфијанците се:

1. Библијата е зборот Божји и единствената порака од Него. Нема греШки, освен при преводи или копирање.
2. Има само еден Бог - Отецот. Светиот дух е силата Божја.
3. Исус е Син Божји, и човечко битие, преку својата мајка Марија.
4. Човекот е смртен, и не постои кога е мртов.
5. Со живеење на безгреШен живот, кој заврШил со неговата смрт како жртва со распнување, Исус го отворил патот на спасението од смрт.
6. Бог го воскреснал Исуса. Исус сега е во небото, и седи десно од Него. Тој наскоро Ќе се врати на земјава.
7. Верувањето и крШтевањето се основни чекори кон спасението.
8. Кога Исус Ќе се врати, Ќе ги воскресне своите следбеници и тие кои го отфрлиле Евангелието
9. При судот Ќе даде бесмртност на верните кои се обидуваат да живеат според Божјите правила; тие кои го отфрлиле Евангелието или не биле верни следбеници Ќе бидат осудени на вечна смрт.
10. Неговите следбеници Ќе му помогнат да владее со светот, донесувајЌи правда, праведност и мир за сите луЃе во Царството Божјо.



Ако сакате друга литература со теми од Библијата, пратете емаил на: инфоЖцбм4ѕу.цом или мпопмЖѕахоо.цом или посетете го сајтот: цбм4ѕу.цом или тхисисѕоурбибле.цом