Твојот дел во Божјите ветувања

БИБЛИСКО УЧЕЊЕ ЗА 'ИЗРАЕЛСКАТА НАДЕЖ"

Во секојдневните разговори ние зборуваме за надеж. Велиме 'Се надевам Ќе ти биде подобро", или 'Се надеваме ке одиме во странство оваа година" или 'Се надевам Штрајкот Ќе заврШи до наредната недела". Тоа значи дека има неШто во блиската иднина Што многу би сакале да се случи, и сме умерено оптимистични дека Ќе биде така. Животот без надеж би бил многу сив. Дури и во најлоШите околности, луЃето сакаат да погледнуваат во ведрата страна. Еден поет напиШал: 'Надежта вечно извира од човечките гради." Надежта може да му даде на човекот исклучителна духовна издржливост - рудари затрупани во окно, или морнари во бродолом, често со денови би се бореле со смртта, убедени дека нивните пријатели Ќе им дојдат на помоШ пред да биде касно. За жал, се разбира, понекогаШ биваат разочарани. Се случува дека затрупаноста е премногу длабока за ископување, или никој не знае дека бродот се искрШил. Во тој случај приликата за која тие се надеваат ја нема, и нивната надеж е нестварна.


Основана надеж

Надежта е тема која често извира во Библијата. Во двата, Стариот и Новиот завет, писателите се полни со оптимизам. Тие гледаат во досадниот и неправеден свет каде често страдањето ги зафаЌа невините а злите победуваат, но сепак тие имаат огромна верба дека еден ден Бог Создателот Ќе ги доведе работите во ред. Тие се уШте убедени дека тие самите Ќе учествуваат во идните подобрувања. Да прочитаме на пример во Псалмот: Ти кој си направил големи дела 'Боже, кој е како Тебе! Многу и големи трпенија фрли врз мене: но Ти Ќе ме оживееШ пак и пак Ќе ме кренеШ од длабочините на земјата. ... Ќе ја славам Твојата верност, о Боже, Ќе ти свирам со лира. Израелев Светец! Моите усни Ќе воскликнуваат пеејЌи Ти" (Псалм 71:19-23). Нема никакво сомневање за вербата во иднината на овој човек.

Или апостолот Павле, во посмирено расположение, во овој пасус од неговото писмо до Тимотеја: 'ЗаШто јас веЌе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи. Извојував добра борба, го заврШив трчањето, ја запазив верата." Гледаме колку е уверен, кога продолжува: 'Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, Што Ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите кои го возљубија Неговото јавување" (2 Тимотеј 4:6-8).

Последниот овој пасус е посебно интересен бидејЌи е напиШан во затворска Ќелија. Римскиот император беШе против христијаните, а на стариот апостол му се судеШе за смрт. ИмаШе едно судско сослуШување, и го исчекуваШе другото. Тој веЌе го знаеШе исходот кога го пиШуваШе писмото до младиот Тимотеј од својата ладна Ќелија. Тој имаШе да умре. Наспроти ова мрачно очекување, тој е исполнат со надеж. За разлика од затрупаниот рудар или морнарот бродоломец, тој не се фаЌа за тенката можност дека неШто Ќе се случи - некој важен документ, или можеби некој пријател сведок кој би го избавил од пресудата. Неговата надеж зрачи со неговата сигурност за смртта. Тој е сосема сигурен дека по неговото умирање, еден Бог на небото Ќе го врати во нов и подобар живот, во последниот Ден. Целосно убедуваање

Јасно е дека надежта на библиските писатели е неШто многу посилно отколку умерен оптимизам. Тие имаат одредени замисли за тоа Што Ќе се случи во иднината, и тие навистина го очекуваат неговото остварување. Веројатно некој би му завидувал на уверувањето од апостол Павле, поготово ако доживува некаква болка или тага во животот. Можеби некој се двоумел порано дека некогаШ Ќе може да биде сигурен оти има неШто за надевање после смртта. Можеби и ти размислуваШ за тоа на Што личи светот денес, и за тоа Што твоите деца и внуци Ќе наследат кога Ќе те нема. Но не губи храброст. Библијата го има одговорот за иднината, како за светот така и за тебе. Нуди план кој Бог упорно го следи уШте од почеток, основан врз ветувањата кои ги даде. Нацртот почнува со Авраам, таткото на Израел, и се проШирува преку Пророците во новозаветните записи, и толку е јасен и смислен Што и дете може да го разбере. Тој може да ти даде таква сигурност Што би поминал и низ најтеШките страдања, а Бог ни дал и докази да ја поддржат твојата вера, толку силни Што едино глупоста на гордоста би можела да те заслепи. Читај понатаму и види како се се совпаЃа.


Ветувањата до Авраам

НаШата приказна започнува во Стариот завет, книгата на израелскиот народ. Но тоа нека не те залажува. Стариот завет ниту е батален ниту стар. Областа може да е чудна, но во тие рани книги на Библијата има вистинско богатство. Малкумина на пример, слуШнале за ветувањата до Авраам, а сепак тие ја сочинуваат самата основа на Божјиот голем план. Накратко да ги опиШеме.

Авраам беШе извонреден лик кој живеел околу 2.000 год. п.н.е. во градот Ур на територија од денеШен Ирак. Еден ден би посетен од гласник Господов, кој му рече да го остави родното место. Господ му рече на Авраама: 'оди во земјата Што Ќе ти ја покажам" (Битие 12:1). ЗаШто веруваШе во Бога, Авраам го продаде сиот свој имот и со роднините се упати преку пустината. Тие дојдоа до земјата која ја знаеме за Израел. Откако малку ја разгледа земјата, Господ му се јави повторно и рече: 'ќе му ја дадам оваа земја на твоето потомство" (Битие 12:7). Оваа великодуШна понуда беШе поготово добра за Авраам и неговата сопруга Сара, бидејЌи наспроти нивниот долг и среЌен брак, тие беа бездетни. Се чинеШе дека Бог им ветува семејство, како и место каде тие би живееле. Поминаа неколку години. Авраам уШте живееШе во Шатор, трпеливо чекајЌи неШто да се случи, но немаШе никакво бебе на пат а месните жители на земјата си живееја и понатаму тука. Една вечер повторно се појави гласник Господов. Авраам ја искористи приликата да постави две важни праШања. 'Ете", се пожали милосно, 'не ми даде потомство". Во одговор беШе изведен надвор и му беШе речено за небото полно со ѕвезди 'изброј ги ѕвездите, ако можеШ да ги преброиШ." И му рече: 'Толкаво Ќе биде твоето потомство." Друга една работа која го мачеШе на Авраам беШе земјата. 'Јас сум Господ, Кој те изведе од ... Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство", го потсети ангелот. А тој рече 'Господи, Господи, по Што Ќе знам дека Ќе биде моја?" (Битие 15:3-8).


Завет свет

Во одговор, Господ продолжи и направи еден многу свет договор со Авраам, према обичајот од тоа време, наречен 'завет". Му беШе речено да собере даден број од точно одредени животни и птици кои беа жртвувани. Телата беа преполовени и поставени на земја. Обично, двете страни од договорот Ќе поминуваа помеЃу телата, со тоа чинејЌи го правосилен. Во овој случај, бидејЌи Бог му ветуваШе неШто на Авраам, Тој помина меЃу телата. Она Што Авраам го виде во топлиот мрак, беШе еден огнен лонец и запален факел, обликот во кој, често, Бог му се појавувал на Својот народ. Авраам беШе задоволен. Завет потврден на овој начин не можеШе да се прекрШи.

Поминаа години. Со време, како Што Авраам почна да Го запознава Бога, ветувањата беа повторувани и проШирувани. Две точки секогаШ беа непроменети - поседувањето на земјата, и иднината на неговите потомци. Вреди да се проследи развојот, низ Битие 13, 15, 17 и 22. Највпечатливото ветување од целата серија беШе последното. Тоа почна со заклетва: 'Се заколнувам Сам со Себеси", рече Господ. И продолжи во познат тон: 'Ќе го направам твоето потомство многубројно, како ѕвезди на небото и песок на морскиот брег". И заврШи во мистерија: 'А твоите потомци* Ќе ги освојуваат вратите на своите непријатели... сите народи на земјата Ќе бидат благословени преку твоето потомство*" (Битие 22:17,18). (изворниот текст говори за семе* види Галатјани 3:16)

Забележи ја промената на лице од множина, бројно 'потомство" или семе, во еднина на потомок или семе. Исто така, забележи ја неговата важност. Да 'ги освојува вратите*" (поседува портите*) нечии - е еврејски идиом. Во древнина, портата била единствениот влез во утврден град. БеШе и место каде управниците држеа собир. Да се поседува портата на својот непријател значеШе да се има целосна контрола. Потомокот на Авраам имаШе да биде сепобедоносен, и да донесе опШта радост. За кого тоа Бог мислел? Авраам едино можеШе да претпоставува, и да верува.

Дваесет и пет години по заветите, Сара му кажа на Авраам со голема возбуда дека Ќе има бебе. Бог го држеШе Својот збор. Низ сето тоа време Авраам никогаШ не се посомнева дека Бог Ќе му даде син. Апостолот Павле за него го дава овој коментар во Римјани: 'не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата... наполно уверен дека е силен да го исполни она Што го ветил" (Римјани 4:20,21). Верата на Авраам беШе цврста.


СеуШте - без наследство

Единствената вознемирувачка работа во живописот на овој пионер е фактот Што кога умре, тој сеуШте не ја поседуваШе земјата. Бог неколку пати му ја вети, лично, како и за неговите наследници. Сепак, како Што маченикот Стефан сумира, Бог 'не му даде наследство во неа, ни една стапка од земјата" (Дела 7:5). Тој умре во Шатор, без сопствена куЌа. Сепак увереноста на Авраам во Бога може да ја надмине дури и оваа крајна пречка. Покрај својата сопруга и деца, кажува писателот на Евреи, тој умре 'во вера, не добивајЌи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија" (Евреи 11:13).

Сега може да се види зоШто Авраам е наречен "татко на верните". Бог го доведе во ветената земја. Бог му даде син. Ако Бог кажал дека Ќе ја наследи земјата, тој веруваШе дека Ќе е така, дури и ако е мртов.

Четири века по смртта на Авраам, неговото семејство прерасна во народ. Бог го повтори ветувањето за земјата на неговиот син Исак, и повторно на неговиот внук Јаков, така да тоа течеШе во семејството. Јаков имаШе и друго име, Израел. Тој имаШе дванаесет синови, од кои секој стана глава на племе или клан со илјадници членови. За време на суШа семејството мигрира во Египет. Како Што се множеа, Египтјаните почнаа да се плаШат од нивната моЌ, и ги поробија. Мојсеј, големиот законодавец, беШе испратен да ги ослободи. По серија несреЌи кои ја униШтија неговата земја, египетскиот фараон беШе присилен да ги пуШти, и Израелците се упатија низ пустината кон нивната домовина. Извонредно е тоа Што самиот овој настан беШе предвиден во едно од ветувањата до Авраам, како Што може да се види во Битие 15:13-16.


Божјата заклетва до Израел

На синајската гора, ангел Господов направи уШте еден завет, овој пат со сиот народ израелски. Запечатен со крвта на приноси, им го даде клучот за земјата на Израел, се додека ги запазуваат мудрите заповеди од Божјиот закон. Години подоцна, како Што стоеја на влезот од Ветената земја, Мојсеј ги потсети дека Бог, по стотици години, најпосле Ќе го издејствува и одржи зборот. ЗаШто 'Господ ве љуби и дека ја пази заклетвата со која им се заколна на ваШите татковци. Затоа Господ ве изведе со силна рака... Затоа знај" тој продолжи 'дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, верен Бог. Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди" (5Мојсеева 7:8,9).

Тоа беШе изненадувачка изјава. Една просечна генерација трае околу четврт век. За илјада генерации се потребни 25.000 години оддржување на тоа ветување. Толку е цврст и сигурен Божјиот збор. Засигурно еден број на Божји ветувања се целосно исполнати, како Што Израелците го преминуваа Јордан на пат за брдата и пасиШтата на нивната татковина.

ќе прескокнеме седум стотини години со поневажни настани до времето на царството Израел. Цар Давид, познат по создавањето на Псалмите, беШе како Авраам силен во вера. НеШто од неговата љубов за Бога и неговата упорност за вистина и правда извира од неговите пиШувања. Авраам често е нарекуван во Писмото Божји 'пријател". Давид беШе наречен од Господа 'човек по Мојата волја". Двата називи ги прикажуваат овие луЃе за извонредни карактери.

За време на пустинското патување и нивното последователно заземање на земјата, Израелците го славеа Бога во подвижен шатор. Сега народот беШе уреден со цар и престолнина Ерусалим, Давид мислеШе Ќе биде добро да Му изгради постојано светилиШте од камен на Господа. Кога тој му го предложи тоа на својот пророк Натан, разочарано дозна дека пројектот треба да се одложи додека неговиот син не дојде на престолот. МеЃутоа, рече Натан, Господ беШе трогнат од грижата на Давид за Неговата слава, и за возврат Тој даде едно значајно ветување на Давид и семејството негово, многу слично како она на Авраам.


Заветот со цар Давид

Во суШтина тоа беШе толку посветено Што се нарекува како Заветот со Давид. И како и ветувањата до Авраам, содржеШе чисти, практични мисли со тајни изјави кои сигурно го збунуваа Давида со години. Еден пример има во 2Самоилова 7: 'Господ зборува вака", рече Натан, 'Господ Ќе ти подигне дом" (стих 11). Изјавата беШе чудна, затоа Што Давид сакаШе да гради дом за Бога. Но кога продолжи пророкот, беШе јасно дека Господ мислеШе на инаков дом: 'Ќе издигнам твој потомок по тебе, кој Ќе се роди од твоите бедра, и Ќе го зацврстам неговото царство. Тој Ќе му изгради дом на Моето име, а јас Ќе го зацврстам неговиот престол засекогаШ" (стихови 12, 13).

Дотука, ветувањето многу убаво се совпаЃа со синот Давидов, Соломон, кој го наследи престолот. Но Бог продолжи, 'Јас Ќе му бидам татко, а тој Ќе Ми биде син" (стих 14). Ете загатка. Како може даденото лице да биде син Давидов, а сепак да го има и Бога за свој татко? Тоа беШе многу загадочно. Врв на ветувањето беШе крајот: 'Твојата куЌа и твоето царство Ќе траат довека пред Мене, твојот престол Ќе стои цврсто засекогаШ" (стих 16). КуЌата на Давид беШе несомнено неговото семејство или лоза. Ние го користиме истиот термин на часовите по историја кога говориме за КуЌата на Јорк или КуЌата на Плантагент.

Но, кое ветување - да се има загарантирано наследство на престол во семејна линија, не само за сто години, туку засекогаШ! Тоа беШе завет на кој Давид се радуваШе целиот свој живот: 'За Господовата љубов Ќе пеам довека", тој пиШува во Псалмот 89. 'Нема да го наруШам Мојот Завет", Бог инсистираШе, 'ЕднаШ се заколнав во Мојата светост: нема да го излажам Давида. Неговото потомство Ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце" (стихови 1,34-36).

И повторно, Бог дал ветување кое, во Негова слава, Тој не може да го прекрШи, и цар Давид, како и Авраам, умре верувајЌи дека вечниот Бог Ќе го одржи зборот.

Тука треба да скокнеме преку пет века, проследувајЌи ја драмата за која апостолот Петар кажува дека 'ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања" (2Петар 1:4). Тоа е искуШение со среЌен крај.


Ветувањата за обнова

Синот Давидов Соломон изгради дом за Бога, величествен и скап Храм во Ерусалим кој опстојуваШе стотици години. Кога тој умре, несреЌната граЃанска војна ја подели земјата, и народот беШе управуван од два ривалски цареви. Како Што минуваШе времето, духовната сила на народот опадна и Божјите закони паднаа во неупотреба. Напати оживуваа, воглавно меЃу племињата на Јуда и Венијамин кои го задржаа Храмот и престолнината Ерусалим. Но моралните стандарди полека опаднаа, и Божјото трпение се истроШи. Правото на Израел за земјата зависеШе од нивната послуШност кон Него, а тие отворено ги прекрШија условите за нивниот престој. Тоа беШе периодот на Пророците. Налик на Своето име, Господ покажа бескрајна сомилост, издигнувајЌи посебни гласници, вдахновени од Светиот Дух да ги предупредат луЃето дека патот кој тие го следат ги води во пропаст.

Предупредувањата немаа учинок. Конечно десетте племиња беа нападнати од Асирците и беа одведени од земјата, за да бидат проследени по век и половина од другите две племиња, кои беа одведени во Вавилон. Се чинеШе како да е навистина крај. Кога беШе изгорен прекрасниот Храм и палатата беШе униШтена, Зедекиј, деветнаесетиот цар кој седеШе на престолот Давидов, беШе ослепен и заробен, и никогаШ не се врати. што стана со ветувањето до Авраам дека неговите потомци Ќе ја поседуваат земјата? И уШте заветот со Давид дека стално Ќе има некој на неговиот престол? Заборави ли Бог на Неговото ветување? Или уШте полоШо, беШе ли помалку силен од паганските божества на Вавилон? ЛуЃето имаа итна потреба од водство.

Во самото тоа време, кога се чинеШе дека Израел Ќе згасне, за чудо, надојде најпрекрасното излевање на Ветувања од усните на Пророците. Тие тврдеа дека надојдените несреЌи не беа случајни, туку Божји казни. Каните не може да се одбегнат. Но сепак, во иднина, имаШе надеж. Народот нема да изумре. ќе има цар на престолот Давидов. И еден ден Бог Ќе им испрати Месија, моЌен Избавител, кој Ќе ги врати во земјата која ја напуШтија и кој Ќе управува со нив во мир.


ПророШтвото на Исаија за Месија

Тука имаме само три извадоци од Божјите ветувања дадени во овој период. Од три различни пророци.

Исаија живееШе пред крајот, и можеШе да го види напиШаното на ѕид. "Ох, греШен ли народ" тој повикува во неговото воведно поглавје, 'луЃе загазени во зло... Го оставија Господа, Го презреа Израелевиот Светец... Целата глава е болна, срцето изнемоШтено; од петицата до главата никаде здраво место" (1:4-6). Сепак цели поглавја од неговата книга се жива фалба и благодарност за идното Божјо избавување. 'Истреси го правот од себе, стани, заробен Ерусалиме! ... воскликнувајте ерусалимски урнатини, заШто Господ го утеШи Својот народ и го искупи Ерусалим" (52:2,9) тој воскликнува. Тој го гледа народот прегазен од немилосни народи, кога Бог се појавува во оган и потрес да ги избави: 'Да, сите воени обувки, секоја облека натпоена во крв, Ќе изгорат и Ќе му бидат храна на огнот" (9:5). ЗаШто, продолжува тој, 'ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името Ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. Неговата власт Ќе се Шири на далеку и не Ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: Ќе го зацврсти и Ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека" (9:6-7).

Тој го прикажува на крајот овој цар Давидов како владее врз светско царство каде сите народи живеат во мир а Божјите закони извираат од Ерусалим: 'ќе се случи на крајот на деновите", тој почнува, 'Законот Ќе дојде од Сион, Господовото слово од Ерусалим. Тој Ќе им биде судија на народите, Ќе им суди на многу племиња... Нема повеЌе народ да дига меч против народ, ниту Ќе се учи веЌе на војување" (2:2-4). Овие пророШтва би се чинеле невозможни на некој Евреин од времето на падот на Ерусалим. Сепак, Богот кој





Го оддржуваШе Својот збор за илјадници генерации им ветуваШе.


Еремија и Новиот завет

НаШиот втор пророк всуШност живееШе додека траеШе опсадата на Ерусалим. Тој го виде градот ограбен а народот одведен во заробениШтво. Но Бог му даде на Еремија некои од најасните пророШтва во Стариот завет за иднината на Неговиот народ: 'Еве доаЃаат денови - говори Господ - кога Ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом. Не завет каков Што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од Египетската Земја, Завет Што тие го раскинаа".

Стариот завет беШе оној направен со народот на Синај, кој им ја даваШе ветената земја, условно. Овој Нов завет го заменува Стариот: 'ова е Завет Што Ќе го склучам со Израелевиот дом по оние денови - говори Господ. Мојот закон Ќе го ставам во нивната дуШа и Ќе го напиШам во нивното срце. И Ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ". Наместо Неговите заповеди да остана на камени плочи, тие Ќе бидат во човечкото срце. Сиот народ Ќе Го знае Господа, тој кажуваШе, и Бог Ќе ги прости нивните престапи и нема да ги помни веЌе нивните гревови (Еремија 31:31-34).

Иако се чинеШе за неверојатно на читателите од Еремија, одведувани во заробениШтво во Вавилон, тој можеШе да ги охрабри: 'Еве, Јас Ќе ги соберам од сите земји во кои ги протерав во Својот гнев... Ќе ги вратам на ова место за да живеат тука спокојно... и цврсто Ќе ги засадам во оваа земја, со сето Свое срце и со сета Своја дуШа" (32:37,41). Еремија го повторуваШе ова ветување за повторното собирање. Иако нивната вера беШе скрШена при погледот на нивниот цар кај им се одзема, тој имаШе и едно посебно уверување за престолот: 'Ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој Ќе владее со земјата по правосудство И по правда... ЗаШто Господ зборува вака: 'НикогаШ на Давида не Ќе му снема потомок, кој Ќе му седи на престолот на Израелевиот дом" (33;15-17).

'Исправност и правда" - тие зборови одѕвонувааа во изјавата од Исаија 150 години пред тоа. Двата пророка ја прикажаа линијата од Давид како семејно дрво, од кое Ќе произлезе една опиШана гранка, едина личност која Ќе го задржи престолот засекогаШ. Исто така сигурно и цврсто кај двата пророка е ветувањето до Авраам за Земјата, дадено во уверување на народот наспроти нивното растерување.


Видението на Езекија за Царството

Конечно, доаЃаме до Езекија, кој живееШе покасно. Езекија го мина сиот свој живот во воено заробениШтво во Вавилон. Тој истотака, имаШе едно од најубавите виденија за мирот и благословот врз Авраамовиот народ: 'Ќе ве соберам од сите народи и Ќе ве приберам од сите земји, Ќе ве доведам назад во ваШата земја", прорекува тој: 'Ќе ве попрскам со чиста вода, за да се исчистите" од сите ваШи нечистотии (Езекија 36:24,25). Како и претходните пророци, Езекија пее за доаЃањето на еден цар и за ветувањата до претците на Израел: "ќе живеат во земјата Што му ја дадов на Мојот слуга Јаков, во која Што живееја ваШите татковци: во неа Ќе престојуваат и нивните синови и синовите на нивните синови довека. И Мојот слуга Давид Ќе им биде Кнез довека" (37:25). Неможе да се сфати погреШно јасното и силно Божјо уверување до Неговиот народ. Колку и да била мрачна тогаШноста, тие имаа неШто многу светло за исчекување.

Израелците беа заробени во Вавилон 70 години. ИмаШе револуција во која вавилонското царство беШе заземено од Персијците. Во првата година од своето владеење новиот цар објави амнестија, дозволувајЌи му на секој член од племето на Јуда кој би сакал да се врати во својата земја. Многумина го направија тоа и ја започнаа теШката изградба на нивните наголемо униШтени имоти.

Можеби тие се праШуваа во надеж дека нивниот Месија Ќе се појави да им го олесни животот. Навистина тие беа вратени од заробениШтво но животот не им беШе ист. Тие стенкаа под даноците од нивните господари и во наредните години беа толчени од северни и јужни војски. Поголемиот дел од нивните браЌа останаа раселени, оддалечувајЌи се уШте повеЌе меЃу народите. И никаков цар не седна на престолот Давидов.


ДоаЃањето на Исус

Една млада девојка од племето на Јуда сврШена но невенчана седеШе дома $ во Назарет. Изненадена од чукањето на врата, се најде пред посетител кој тврдеШе дека е ангел Господов: 'Ќе зачнеШ и Ќе родиШ Син" $ рече 'и Ќе Му го дадеШ името Исус". Овие зборови ни се толку познати од филмови. Но да размислиме за остатокот од пораката: 'Тој Ќе биде голем и Ќе се нарече Син на СевиШниот", рече аннгелот, 'И Господ Бог Ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. И Ќе царува над Јакововиот дом довека и Неговото царство не Ќе има крај" (Лука 1:31-33). Нема сомневање нели, тука е врската со оние ветувања од Стариот завет. 'Силата на СевиШниот Ќе те осени", тој заклучи, 'затоа Светото кое биде родено од тебе - Ќе се нарече Божји син" (стих 35).

Во еден потег, вековната тајна стануваШе јасна. Синот на Марија беШе единствената особа, единствениот кој можеШе да го исполни заветот со Давид. Тој потекнуваШе од Давид, по нејзиното семејно стебло. Тој беШе истовремено Син Божји: 'Јас Ќе Му бидам Татко", Бог му кажа на Давид, а силата на Божјиот Свет Дух го создаде Исуса.

Понатаму, Еремија вети, 'НикогаШ на Давида не Ќе му снема потомок, кој Ќе му седи на престолот Давидов", а ангелот кажа дека Исус Ќе владее засекогаШ, на самиот тој престол. Конечно затоа Што Давид потекнуваШе од Авраам, Исус припаЃаШе на линијата за ветувањата до Авраам, за благослов врз сите народи, како и: 'Тој Ќе го спаси својот народ од нивните гревови", беШе објаснувањето на ангелот за името (Матеј 1:21), а кој поголем благослов може да биде од отстранување на теШкиот товар од човечкиот грев кој носи тага, болести и смрт на сите? Така, тихо и без драма, оној на кој Израел и светот се надеваа, се роди во Штала во градот на неговиот предок Давид.


Христовата служба

Кога Исус ја почна својата отворена служба на возраст од 30, имаШе големи надежи во Јудеја. Неговите следбеници го нарекуваа Месија, или Помазаник - идниот Избавител. Името 'Христос" во грчкиот Нов завет е истото значење на старозаветното 'Месија". Сите очекуваа дека Исус Ќе го предизвика Рим Ќе го ослободи Израел од неговите непријатели, и Ќе го земе престолот. Неговите извонредни чуда на исцелување го засилија тоа убедување дека е пратен од Бога.

ЛуЃето беа осудени на разочарување. Исус остана учител талкач и ги отфри сите политички врзувања. Неговите непријатели, водачите на Израел, љубоморни на неговата популарност, успеШно ја заговорија неговата смрт. По три години, во кои тој го измени животот на илјадници со неговиот пример и кротко учење, беШе предаден и убиен како криминалец. Евреите останаа во иселениШтво, несобрани. Престолот на Давид остана празен. Дури и телото на Исус исчезна. Се чинеШе пак како, Бог да дал ветување, и тоа да пропаднало. шест недели, Ерусалим мируваШе.


Објавената тајна

ОдеднаШ, престолнината живна од необичните вести. Учениците на Исус исполнети со силата на истиот Свет Дух кој ги надахнуваШе древните пророци, изјавуваа дека Исус е оживеан. Тие го виделе, јаделе со него, и го гледале како се вознесува на небо. И уШте почудесно беШе Што тие можеа да покажуваат од старозаветните Списи за кои сите мислеа дека многу добро ги владеат, оти Месијата од секогаШ беШе намеравано да умре на крст, и да воскресне. НиШто не беШе погреШно. Сето тоа беШе Божји план.

'Но Бог на тој начин го исполни тоа, Што го навестуваШе однапред, преку устата на Сите пророци: дека Неговиот Христос Ќе пострада" изјави рибарот Петар. 'Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избриШани гревовите, за да дојдат од лицето на Господа времиња на освежување, и да Го испрати претскажаниот за вас Исуса Христа, Кого небото треба да Го прими до времето, кога Ќе биде воспоставено с#, за кое Бог зборуваШе од древноста преку устата на Своите свети пророци" (Дела 3:18:21).

И с# поново стана јасно. Исус беШе Спасителот на Израел и народите по светот, точно како Што кажаа пророците. Но тој требаШе да дојде двапати. ЕднаШ за да умре како носител на гревот, Избавителот од големиот непријател на гревот и вечната смрт. ТребаШе да дојде повторно, да го спаси својот народ од нивните угнетувачи и да владее во светот. Тој се вознесе десно од Бога, но не за секогаШ. Тој Ќе е таму 'ДОДЕКА" дојде времето за уредување на с# она Што Бог кажал преку пророците.

Со овој клуч, пророШтвата за Месијата се отвараат како ковчег со злато. Пасусите каде Месијата владее во победа и се засенети со приказите за неговата смрт веднаШ стануваат јасни. Да погледнеме на пример, во Исаија поглавја 52 и 53. Поглавје 52 ја опиШува радоста на Ерусалим кога Месијата го спасува од поробувачите. Поглавје 53 го предвидува до мачни детали неговото понижувачко распнување. Од аспект на Двете доаЃања, двете поглавја прават соврШена смисла.

Или Псалмот 2: гледано од една страна, овој пасус зборува за здружувањето на непријателите од Месија за да го усмртат. Ако проШири гледањето, го имаме Месијата повторно опколен со непријатели, но сега победоносен, кога неговиот Татко изјавува: 'Јас го поставив Мојот Цар над Сион, на мојата Света Гора" (стих 6). Можеме да набројуваме, но со големо задоволство вие сами за себе би откривале од мистеријата. Токму така и апостолите од Новиот завет ги нарекле добрите вести - тајна откриена, мистерија, која тие сега ја разреШија.


Потребата за Христовото второ доаЃање

Исто така имаШе и друга тајна, која апостолите ја разреШија. Можеби веЌе се правуваШ - ЗоШто Бог уредил две доаЃања? ЗоШто Исус не воскресна со бесмртна сила, и веднаШ да почне со владеење на престолот Давидов? ЗоШто би требало да има еден долг јаз од близу две илјади години? Одговорот е посебно важен за нас, и зафаЌа многу од Новиот завет.

Да ги прочитаме зборовите од апостол Петар во Ефесјани 3. 'Тајната", вели тој, 'по откровение ми е соопШтена... во другите поколенија не им беШе кажана" продолжува, 'на човечките синови, како Што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци: дека народите* се сонаследници и припадници на истото тело, и заедничари на Неговото ветување во Христа, преку Евангелието" (стихови 3, 5, 6).

Тоа се прекрасни зборови. Народ (*неЕвреи изв. текст) се оние кои не се Евреи. Векови дотогаШ, Божјото слово и Неговите ветувања припаЃаа на народот Божји. Сега, вели апостолот, мрежата на Евангелието е фрлена поШироко да ги опфати и луЃето од другите народи. Тие големи ветувања за Царството кога Месијата Ќе владее можат да бидат и наШи. Тој пиШува 'вие, кои некогаШ бевте незнабоШци по тело... во она време бевте без Христа, оттуЃени од израелското опШтество, и туЃи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот. А сега во Христа Исуса, вие кои некогаШ бевте далеку, станавте блиску преку Христовата крв" (Ефесјани 2:11-13).

ЗабележуваШ ли како овој пасус ја истакнува наШата тема, Надежта на Израел? 'Без надеж" беа верниците од Ефес. Такви си и на милиони денес, каков Што можеби се чувствуваШ и ти сега. Но тие научија за 'заветите на ветувањето" кое го елабориравме. Тие ја зграпчија Надежта втемелена во во тие ветувања. Преку крвта Христова, тие $ се приближија.


Завет запечатен со крв

Најдоброто од заветите за ветувањето Што Бог ги даде се сеуШте во иднина. Ние не знаеме точно кога тие Ќе бидат исполнати. Мнозинството луЃе кои се надевале и верувале во Божјите ветувања се веЌе мртви, а веројатна е и Шансата дека и ние Ќе умреме, пред да се врати Исус. Сепак големата вистина е дека иако мртви, сеуШте Ќе можеме да ја вкусиме радоста на Божјото Царство. Како Што напиШа и апостол Петар во неговата самица, Ќе бидеме оживеани, за да го примиме 'венецот на правдата Што Ќе ми го даде во оној Ден Господ", рече тој, 'и не само мене, туку и на сите кои го возљубија неговото јавување" (2Тимотеј 4:8).

Кога Месијата Ќе дојде Ќе ги воскресне сите оние кои умреле во вера, и Ќе им даде силно и бесмртно тело налик неговото. Авраам сигурно Ќе биде таму, како и Давид, и Павле. И ние можеме да бидеме таму.

И сето тоа е можно преку крвта Христова, која н# приближи до Бога. ЗаШто, без разлика дали сме ние Евреи или неЕвреи, ние сме греШници. Ние ги крШиме Божјите закони, и заслужуваме смрт. Исусовата смрт, неговата понуда на самиот безгреШен себе во жртва, ја униШти силата на смртта за сите оние кои му се придружуваат. На тој начин, двете ДоаЃања се нераздвојно поврзани. Крстот е наследен од венецот; напатениот слуга станува цар на цареви. И истата земја во која Авраам чекаШе во својот Шатор а Исус се ШетаШе со добрите вести за Царството им се дава на двата нив со нивните семејства заедно, да ја уживаат за секогаШ.

Кога Петар стана во Ерусалим за денот Педесетница и почна да објаснува за тајната на двете ДоаЃања, тој имаШе една порака за народот. Да ги погледнеме повторно неговите зборови: 'Затоа, покајте се", тој повика, 'и обратете се" (Дела 3:19). Тој ги поучуваШе неговите слуШатели да се подготват за доаЃањето на Исус со тоа Што Ќе го променат начинот на живот, да се поправат и тргнат по инаков пат. Пред тоа, дента, кога толпата праШа Што треба да прават, тој им рече: 'Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проШтавање на ваШите гревови" (2:38).



Наследници на Ветувањето

штом еднаШ Ќе се сфати Надежта која Бог ни ја нуди во Неговото Слово, Ќе се сака да се задржи и чува. ќе се сфати низ читањето, дека Тој поставува стандард кој луЃето треба да го следат, а кој сеуШте не сме го постигнале. Ако навистина се сака да Му се угоди на Бога, Ќе се почувствува потребата како и оние луЃе во Ерусалим, да се очисти менталноста. Начинот за тоа ни е покажан од Бога дека е со крШтевање во Господа Исуса, каде симболично се исперува во водата наШиот стар начин на живот, и се започнува одново како за прероден, член на Божјиот свет народ. Потоа, Новиот завет тврди дека Ќе бидеме наследници на ветувањата за Царството Божјо: 'ЗаШто, сите сте Божји синови" пиШува Павле, 'преку верата во Христа Исуса" (Галатјани 3:26).

Замисли го тоа! Која привилегија, да се нарекуваме синови и Ќерки Божји! 'ЗаШто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа. Нема веЌе ни Јудеец ни Грк, нема веЌе ни роб ни слободен, нема веЌе ни маШко ни женско, заШто вие сите сте едно во Христа Исуса. А ако сте пак вие Христови, тогаШ сте Авраамово семе, наследници по ветувањето" (стихови 27-29). Сето она Што Исус Ќе го добие - земјата, престолот, благословот - сето Ќе биде наШе. Колку возбудливо и поттикнувачки е тоа да помислиме Што Бог ни нуди. Се чини како да сме веЌе воведени во новиот завет Што Бог Ќе го направи со Својот народ. Божјиот закон ни е запиШан во срцата, гревовите ни се испрани и сме зачленети за место во тоа време кога војната и суШата, гревот и тагата Ќе бидат засекогаШ отстранети од земјата.

Павле користи и друго видување во Римјани 11. Тој вели ние верниците неЕвреи сме како гранки од дива маслина кои се собрани од градинарот - Бог и се накалемени на стеблото од маслината од Израел. Го делиме богатиот сок кој го оддржува животот и Ќе сме таму за време на жетвата. 'Не сакам браЌа, да ви остане непозната оваа тајна" вели тој, кога го објаснува Широкиот јаз помеЃу двете ДоаЃања: 'еден дел на Израел закораве". Тоа му значеШе дека само малкумина од еврејскиот народ ги прифатија добрите вести кои ги донесоа Исус и апостолите, срцата на другите беа тврди за доброто семе од Царството да расте.

Но тврдоста на израелското срце не е за секогаШ. 'Додека народите не влезат во полн број", продолжува тој, 'и така целиот Израел Ќе се спаси, како Што е напиШано", и цитира од Исаија еден пасус за Месијата - 'Избавителот Ќе дојде од Сион: Ќе ја одврати безбожноста од Јакова. И ова им е Завет од Мене кон нив"" и додава, повторувајЌи го пасусот од Еремија 33, 'кога Ќе им ги отстрани гревовите" (Римјани 11:24-27).

Забележи го временскиот период: додека народите не влезат во полн број. СеуШте немаат влезено. Бог уШте н# повикува да влеземе во Неговото семејство. Но, еден ден наскоро, веројатно не далечен, вратата Ќе се затвори. Господ Исус Ќе биде тука, со сила да владее врз народите, и да им суди на луЃето Што го презирале Божјиот закон.


Знаците кои Бог не ги заборавил

Како знаеме дека доаЃањето на Исус е близу? Има еден едноставен одговор. Погледнете го Израел! Раселен со векови по народите, тој никогаШ не изумрел, како Што и не може, затоа Што Бог го оддржува Својот збор. Во самото наШе време, тие почнаа да се прибираат во нивната земја. Во 1967 год тие го вратија Ерусалим, или Сион, нивната древна престолнина. А сега нивните непријатели се собираат против нив. Поставата е дадена за Избавителот да дојде на својот престол, за Бог да го постави Својот цар на Својата света гора Сион. Сите знаци се тука за да ја зајакнат наШата вера. Богот Кој ги оддржува Своите завети и до илјадници генерации повторно ја покажува Својата рака.

Да заврШиме со еден прекрасен пасус кој ја сумира оваа голема Надеж на Израел за која толку долго сме размислувале. Рековме дека може да ни даде голема утеха, правец, и храброст да се соочиме со сите потеШкотии во животот. Точно така и апостолот го има тоа поставено во Посланието до Евреите: 'ЗаШто кога Бог му даде ветување на Авраама... се заколна Сам во Себе, велејЌи: 'Навистина Ќе те благословам премногу и Ќе те размножам и преумножам"".


Сигурно како сидро

'Затоа," тој продолжува, 'Бог, сакајЌи поверодостојно да ја покаже на наследниците на ветувањето непроменливоста на Својата намера, се послужи со заклетва, така Што преку тие две непроменливи работи, во кои Бог не може да измами, да имаме цврст поттик, ние кои прибегнуваме да ја доафатиме надежта Што е поставена пред нас" (Евреи 6:13-18). Имаме две неменливи работи, го имаме Божјото Слово, кое само по себе е доволно. Но за да се удвои сигурноста, Тој ни дал и заклетва. Тоа значи дека не можеме напросто да се сомневаме дека ветувањето нема да се оствари. 'Неа ја имаме", вели тој, 'како безбедна и цврста котва на дуШата" (стих 19).

ЛуЃето кои веруваат во Божјите ветувања се сигурни како брод брануван во темната ноЌ од немирно море, обезбеден од сите опасности со цврстото сидро кое е добро зариено на дното. Нема ли да ја присвоиме оваа надеж?